јас имам едно (можеби) чудно прашање,а ниеден дерматолог во државава не знае што ми е,па само шлапам белосалик,бетасалик,ваков салик,таков салик....у пм веќе!!!! пред година дена доживеав огромен стрес (такво нешто на никој не му посакувам)...помина тоа како ништо да не е,за после 3-4 месеци да почнат да ми паѓаат влакната по цело тело.почна со косата (демек алопеција ареола,била предизвикана од некоја инфекција бла бла,а немаше врска),а после буквално по цело тело.знаев од што е,па не беше страшно (ќе се смири организмот,ќе се врати се во нормала). и се врати се како што треба,ама како....на местата каде што немав влакна, почнаа да растат црни,остри...по 2 од едно место.секој човек,ако подобро си ја погледне кожата,ќе види дека има такви влакна...порано беа по неколку на цело тело,сега се скоро секое второ.ај што се такви,ама има ненормално чешање и некакво црвенило
отидов кај матичниот,ми вика: оди на кожно,јас ова првпат го гледам.бев и што ако бев...ова ти е,она ти е...на крај испадна кандида??? супер,штом е кандида брзо ќе и најдам крај (инаку онаа мојана на 100 брисови и тестови беше,ни кандида ни бутур,ама ај нека им е). шеќер и така не јадам,цигари онака...брзо ќе биде. и беше,за едно две недели супер (со Канестен). после месец дена од тоа,ни Канестен помага ни НИШТО! сите можни таблети,капсули,кремови,масти....што не ми препишаа како терапии,не бре не помага. знае ли некој,дали искуство,дали прочитал,учел...како да го смирам јас тоа чешање? некогаш мислам дека без кожа ќе останам (додека го пишувам ова,стани седни правам,па ако утнам нешто....)...да повторам уште еднаш...ме чеша скоро цело тело...камилица помага,ама пола саат...еве саат нека е,а после? ?(хигиена најредовна и квалитетна,секс само со една партнерка која е ЧИСТА од се можно,храна без вештачки шеќери,салати,јогурти бла бла бла) давајте искуства,или да одам да менувам кожа....друго се е пробано
....ако сум промашил тема,ставете ја каде што треба да е