Ме интересира нешт кога сме кај примањата. Колку чини еден месец ако човек малку се стегне одреден период и живее поскромно. Ме интересира на пример за студент колку е месечно најефтино што може да помине.
Еве ти информација од прва рака.
Ако седиш во државен дом, киријата месечно со сите вклучени трошоци (вода, струја, греење, интернет...) е од 200-300 евра. Зависи од големината на собата и домот.
Стан ќе те кошта во истиот ценовен ранг, со таа разлика што ќе живееш со цимери, а во дом ќе бидиш сам.
Ако сакаш приватен дом, кои што се навистина доста полуксузно уредени, ќе те чини околу 400-500 евра месец.
Храната многу зависи до тоа каков тип си, кои навики ги имаш, толку и ќе трошиш. И многу зависи во кое место живееш. Јас кај што сум е доста евтина храната. Некои работи се поевтини од кај нас, некои се иста цена, некои се за нијанса поскапи (зборувам за маркетите, дисконти и сл.).
Во студентската менза порцијата јадење се движи од 1,9 до 2,9 евра, салатата е околу 50-60 центи, сок негазиран 80-тина центи. И храната е навистина многу вкусна. Прво очекував менза како менза, да биди просечна храната, ама ме изненади колку е вкусна.
Сумирано, месечно околу 150-200 евра на храна и пијалоци би ти одело.
Градски превоз прашање е дали ќе ти треба или не. Ако немаш потреба, ќе си купиш точак second-hand за 5-60 евра и ќе си фураш
Друга работа на која што ние како Македонци можиме да заштедиме доста пари е здравственото осигурување, бидејќи нашето од ФЗО го признаваат во Германија. Така заштедуваш околу 30-40 евра месечно.
Останатите трошоци ти се индивидуални. Зависи колку сакаш да шеташ настрана, по журки да одиш, по ресторани и слично...
Влезниците во кафичи и дискотеки ти се отприлика 3-10 евра, зависно од event-от. Пивото во кафич 2,5-3 евра, жестоки пијалаци од 3,5-4 нагоре. На секоја журка имаш некои видови пијалоци по екстра цена... некни на пример, шотовите мислам по 1,5 еур беа.
Донерот ти е околу 2,5-3,5 евра
Сумарно, ако заштедиш на сите овие работи, не се расфрлаш многу со пари на глупости, можеш и со 500 евра месец да поминиш. Иначе околу 700 е просек за Германија. Најмногу зависи за смештај колку пари ќе одделуваш, тоа е најголемиот трошок.