Како заработуваат пари нашите од дијаспората?

  • Креатор на темата Креатор на темата Interperf
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам и не се чувствувам компетентна да зборувам за начинот на кој се организирани грциве по другите градови во САД, а дека се бројни се. Ги има со лопата да ги риниш. Секаде имаат цркви и се држат до некои „традиции“. Ама досега ниту некој од нив ме има накриво погледнато оти сум македонка, ниту сум се осетила дискриминирана. Имам впечаток дека не ги боли уво за тоа што се случува во Грција! Си гледаат само бизнисот, а Грција (барем што се однесува до овие околу нас овде!) може да пропадне како Атлантида!

Абе остај ти тоа. Они си знаат што прават. Кај тебе во градот што лобирање сакаш против вас кога сте само вие? Си работата они не се секирај парите завршуваа во Вашинтонг кај што треба ;)
 
Се сеќавам на темата... Имаше среќа што те извлекле али тоа е, среќата ги прати храбрите. Само напред, се надевам ќе се снајдете

Па да или среќа или судбина :) Битно ако не беше Америка ке беше друго место. сега само ја зголемуваме TO DO листата па кога ке дојде ред ке кажеш каде да прошетаме по Индонезија :)
 
Уште не се расцветале ама ќе биде. :) Сега одеме по трновите од ружите. А по расцветени ружи за некое време. Битно дека кога си упорен во нешто се успева, имаше многууу што ме критикуваа ама ако не беа тие па немаше да бидам толку упорен :) А секако и сите што ме бодреа и подржуваа овие години. Со Freedom2say се запознаме баш тука на форумот и еве сега и во УС пак се слушае контактираме па здрави и живи одиме и ние во тој дел.

Уште си ти тазе, само три месеци.Ќе имаш и тешки моменти во иднина, ама откако ќе се прилагодиш ќе биде све поубаво и поубаво.Немој само да се затвараш во македонски mind-set, мешај се со луѓе, бегај подалеку од македонци и македонски собири(освен ептен блиски пријатели).
Јас сум само 1г и 3м во странство и осеќам дека има уште време за целосно прилагодување, ама одиме натаму. :D
 
Абе остај ти тоа. Они си знаат што прават. Кај тебе во градот што лобирање сакаш против вас кога сте само вие? Си работата они не се секирај парите завршуваа во Вашинтонг кај што треба ;)

Слушај, не ги презирај малите почетоци ;). Сега сме четворица, наредната недела веќе ќе сме шест...до наредната година не се знае колку... Ние тука знаеш како историска улога да имаме :свиркам: :cool: не се знае за една деценија колку ќе станеме (y)
 
Па да или среќа или судбина :) Битно ако не беше Америка ке беше друго место. сега само ја зголемуваме TO DO листата па кога ке дојде ред ке кажеш каде да прошетаме по Индонезија :)

Америка е добро решение од тие што ги имаше на листата најдобро. Сега е до вас, не заборавај да дојдеш е само пола од проблемот.

Иначе незнам дали знаеш и во индонезија не има :D

http://www.balkanika-bali.com/
 
Абре секаде не имало мајката. :D Фаранг, ако доаѓаш накај Лондон, пиши да пиеме по еден пајнт, имаш сигурно многу приказни за раскажување. (y)
 
Па секогаш шансите се 50/50 или ќе биде или нема да биде
Секаде не има и во Кина на аеродром да се симнеш па на некој наш ќе сретнеш.
 
Абре секаде не имало мајката. :D Фаранг, ако доаѓаш накај Лондон, пиши да пиеме по еден пајнт, имаш сигурно многу приказни за раскажување. (y)

Нема проблем, кај си ти во лондон? Јас имам живеено во Kilburn и Shepherd's Bush кај австралците :D
 
Апсолутно ништо. Нашата дијаспора е мала и тешко дека некогаш ќе стане политички битна во нивните општества или ќе може да продуцира доволно капитал за да може директно да ја помогне Македонија. Не дека сега со дознаките до фамилиите овде не ја помага, ама тие пари, иако се речиси милијарда евра, не менуваат ништо суштински. Единствен начин македонската дијаспора да може суштински да помогне во Македонија е да има доволно образовани луѓе кои ќе се организираат на многу посуптилно ниво од досега и ќе пробаат со својата стручност и способност да станат влијателни во нивните средини.

Аиии... Ајде ќе се правам како да не сум го прочитал постов... Што значат 1 милион долари? Па со тие пари 1 фабрика комотно може да се направи... Да се вработат одреден број на луѓе да се подобри благосостојбата на мала група луѓе... Вие стварно работите не ги гледате од некоја друга точка... А ве уверувам дека многу многу повеќе пари од 1 милион долари се планирани барем зборам за Австралија да идат за Македонија ама после тие дешавки никој веќе нема да се замара... Кога нашиве си играат курот зошто па некој од таму да рмба за некој од тука...

И што ако дојде образован човек тука... Што мислиш важи дипломата и знаењето кај нас? Да те прашам нешто си бил некогаш во партија па да видиш како се добиваат работните места или збориш онака од твоја перспектива... За жал многу работи нечинат за кои народот не ни ги знае што се случува во врвот... Али ај кој сум јас да зборам незнам ништо :)
 
Слушај, не ги презирај малите почетоци ;). Сега сме четворица, наредната недела веќе ќе сме шест...до наредната година не се знае колку... Ние тука знаеш како историска улога да имаме :свиркам: :cool: не се знае за една деценија колку ќе станеме (y)

не ги презирам, ајде баш пишувајте овде да видиме како расте колонијата таму. не се секирај јас добро знам како е и сам да си.
 
Нема проблем, кај си ти во лондон? Јас имам живеено во Kilburn и Shepherd's Bush кај австралците :D

Wandsworth, одма под Chelsea, има добри пабови на Putney Bridge и на Clapham.Многу се party hard австралијанците за мој вкус. :D
 
Wandsworth, одма под Chelsea, има добри пабови на Putney Bridge и на Clapham.Многу се party hard австралијанците за мој вкус. :D

Ти си на културната страна хахаха, са друге стране улице... Нема гајле Putney Bridge (y)
 
FARANG Де кажи малце таму и другиве југоси во Австралија како стојат ?
И македонците како стојат во споредба со нив ? И баш ме занима со браќава како ви иде таму ?
 
FARANG Де кажи малце таму и другиве југоси во Австралија како стојат ?
И македонците како стојат во споредба со нив ? И баш ме занима со браќава како ви иде таму ?

Тука се сите националисти и никој не го крие тоа. Значи во Мелбурн имаш Хрватски Дом Анте Павелич, Српски клубови со голема србија и четнички ознаки и нормално македоски клубови што пропагираат ВЕП. Дружење до некаде има македонци/хрвати во мелбурн во сиднеј едно време пробуваа македско/српски вечери да прават ама тоа не проагаше срби не идеа. Србите се дружат повеќе со грците. Често се случува на фудбал да се здружиме така...

Бројност сме сите горе доле тука некаде. Македонци и хрвати би имало малку повеќе него срби мада сега со налив на босанџерос и срби од босна и тоа некако се израмни. Босанците сега почнуваат да се подсредуваат порано беа углавно со србите или хрватите.

Има доста богати и срби и хрвати ама тоа се избегани четници и усташи. Значи дојдени со пари после/за време на втора светска.

Брачата до пред некоја година ги немаше. Углавно се шипци од битолски села и македонци муслимани. До скоро се кажуваа македонци. После војната на косово се смени се. Они се вртат окулу фудбалскиот клуб Данденонг Приштина во Мелбурн. Имаат еден советник во општината таму и тој им е алфа и омега во заедницата бар кога треба во јавност да излезат. Фудбалскиот тим им е спонзориран од цвеќара :pipi: можеш да замислиш што цвеќе они одгледуваат. Углавно се мафијаши и овде. За време на војната во мкд беа собрани нивните „бизнисмени“ во една сала за свадби (газда албанец) и дур секој не даде по 10 000 не ги пуштаа да си одат. За една вечер собраа 1 милјон. Како дошло нека оди а?
 
Аиии... Ајде ќе се правам како да не сум го прочитал постов... Што значат 1 милион долари? Па со тие пари 1 фабрика комотно може да се направи... Да се вработат одреден број на луѓе да се подобри благосостојбата на мала група луѓе... Вие стварно работите не ги гледате од некоја друга точка... А ве уверувам дека многу многу повеќе пари од 1 милион долари се планирани барем зборам за Австралија да идат за Македонија ама после тие дешавки никој веќе нема да се замара... Кога нашиве си играат курот зошто па некој од таму да рмба за некој од тука...

И што ако дојде образован човек тука... Што мислиш важи дипломата и знаењето кај нас? Да те прашам нешто си бил некогаш во партија па да видиш како се добиваат работните места или збориш онака од твоја перспектива... За жал многу работи нечинат за кои народот не ни ги знае што се случува во врвот... Али ај кој сум јас да зборам незнам ништо :)

Македонија има буџет од 2,5 до 3 милијарди евра годишно. По твојава математика тоа му иде околу 3000-3500 фабрики годишно. За фабрика се потребни пазар и знаење, а не пари. Парите секогаш може да се најдат. Македонија нема пазар, дијаспората може да помогне да го добие. Ама за тоа треба да е политички моќна. А толку мала дијаспора може да биде политички моќна само ако го следи примерот на Евреите и Ерменците. Знаење, конекции и скриено поддржување.

Темава не е за кај нас.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom