Чудни македонски зборови

  • Креатор на темата Креатор на темата anaveno
  • Време на започнување Време на започнување
Зборот "домочадие" во македонскиот јазик не сум го сретнал, но е разлиен од "челад". Домочадие се сите "чеда на домот" т.е. тоа е семејството. Челад се однесува само за децата. Интересно за зборот челад, е дека не е од друг jазик, а е само застарено име.
Челад...Человек (руски - човек) Чедо-дете...некоја словенска варијанта е тоа.
 
Зборот пештера знае некој од каде е ?
 
Зборот пештера е славјански збор!
 
Се сомневав за латинско потекло пешТЕРА...
 
А зошто тогаш го има во Русија?
 
Пештера во одредени форми се употребува кај сите јужнословенски народи, освен можеби кај Словенците, и кај сите источнословенските народи. Не е заемка.
 
Не знам, затоа прашав.....
 
Не знам, затоа прашав.....
Добра вожња.
:icon_lol:
Инаку пештера(македонски), пештера(бугарски,руски), пећина(српски), пјачора(белоруски) имаат ист корен - "печ".
Како во печка или пече. Е сеа како печката станала пештера и како настанал зборот сигурно има етимолог некој што знае да ни објасни.
 
Исто така дијалекно во рускиот јазик го има како "печера" (од печь, кое на бугарски е "пешт"). Односно коренот е старословенски. . http://bg.wikipedia.org/wiki/Пешт_(горивна)
 
Инаку пештера(македонски), пештера(бугарски,руски), пећина(српски), пјачора(белоруски) имаат ист корен - "печ".

не, на руски не е "пештера". Т.е. пише се како и во бугарски, но во рускиот буквата "
100px-Cyrillic_letter_Shcha_-_uppercase_and_lowercase.svg.png
" има друго значение - "шч". Т.е. Русите велат "пешчера".

Како во печка или пече. Е сеа како печката станала пештера и како настанал зборот сигурно има етимолог некој што знае да ни објасни.

"Пешт, печка" е од прасловенското *pektь, а "пештера" - од *pektь-era, согласно БЕР, стр. 520 и 522:

ber_5_200_pesht.png

ber_5_222_peshtera.png
 
Со пештера е сроден зборот петра -петро (камен). Тоа е слично на зборовите спила (камен, карпа) и шпиља (шупел - пештера) (од формата “спела“ произлегуваат и др. збворови како спелеологија и сл.
Според оваа аналогија, јас би рекол дека зборот “ пештера“ е во блиска врска со зборот “петра“ - карпа (пештра)...
 
РИПАЊЕ =скокање
УРЛАЊЕ =силно викање УРЛИК , УРЛА = викот од тука потекнува и името на нашиот најстар музички инструмент ЗУРЛАТА што значи зуе и урла (силен викот, писок)
ТАЈТАЊЕ = тетеравење при одење одот на пијаницата
К'ЛЦКАЊЕ= кривење при одење одот на сакатиот или оној што ја свиткал ногата К'ЛЦКА
 
Со пештера е сроден зборот петра -петро (камен). Тоа е слично на зборовите спила (камен, карпа) и шпиља (шупел - пештера) (од формата “спела“ произлегуваат и др. збворови како спелеологија и сл.
Според оваа аналогија, јас би рекол дека зборот “ пештера“ е во блиска врска со зборот “петра“ - карпа (пештра)...

Веројанто не си чул за македноскиот збор Спила. Спила ти е подземна карпа, најчесто лисната.
Имаш уште еден на таа тема Дага, тоа ти е камена жила низ почвата, што се протега во некој правец.
И двата сум ги чул од постари луѓе кога сум работел со нив.
 
Д'ГА ЗБОРОТ НЕ МОРА ДА Е ПОДЗЕМНА КАРПА КОЈА СЕ ПРОТЕГА НИЗ НЕКОЕ МЕСТО ТУКУ МОЖЕ ДА Е И Д'ГА НА ПОДЗЕМНА ВОДА , НА ЗЛАТНА ЖИЛА , НА ПОДЗЕМНИ КОРЕНИ, ИЛИ ПАК СТАРИТЕ ЌЕ РЕЧАТ ЗА НЕКОГО таква му е д'гата ОДНОСНО ТАКВИ МУ СЕ КОРЕНИТЕ , ГЕНИТЕ СТО ГИ ИМА ВО СЕБЕ
--- надополнето: 30 мај 2013 во 23:22 ---
мое размислуванје дали зборот СУВО е турцизам ме интересира вашето мислење пошто СУ по турски е вода и турците во селото кај нас го користат истиот збор со исто значење
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom