Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Парите што ги заработувале Топлификација А.Д и Балкан Енерџи Груп сега и ТЕ - ТО се смешни во споредба со тие што ги заработуваат адвокатите Лазар Чукиќ и Серјожа Марков . Луѓето едноставно застапуваат исти клиенти каде што доаѓа до судир на интереси . За своите адвокатури наплатуваат вртоглави износи од 200 000 евра и повеќе . А тужби колку сакаш . Сите пари помеѓу компаниите се префрлаат само преку судски одлуки .
Advokati.png


http://www.cukic-markov.com.mk/Clients.html

Јас кај овие луѓе не гледам толкава стручност за да ги застапуваат сите овие клиенти . Доаѓа до судир на интереси. ЕВН - Македонија , Регулаторна комисија за енергетика , ТЕ - ТО , Балкан Енерџи Груп .
Но сигурно имаат стручност поддржани од владата да потплатат некои судии да одлучат како што одлучија .За 10 тина илјади евра ќе ти пресудат како сакаш , а вештаците ги плаќаат по пишливи 400 евра .

Па сега додека се развеселувате вака како недокваканиот експерт , овие двајца господа се полнат као брод секоја година по 2-3 милиона евра само од адвокатури .Тоа е невиден криминал . Балкан Енерџи Груп и РКЕ да имаат исти адвокати ? Како да нема други адвокати во Македонија ?
Овие двајца се најголемите криминалци во системот на ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ . Еден убав ден ќе се пишува и за нив како за лоповите со патарините денеска . Само тој ден треба да дојде . Ние обичните потрошувачи ќе си платиме како попче. И редовни сме. Фирми , видни луѓе , Зинговци , државата и општините се најголемите должници . А за државата и општините ќе платиме пак ние преку даноци , казни , казни за паркирање ...
 
Во Дневник е објавен напис со наслов, Нека извадат или изолираат цевките
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=BD24AB181F55784F9296DAC739EFC4AB
Пренесена е и изјава на познатиот Правник Господин Стамен Филипов кој вели:
- Ова е спротивно на законот. Со подзаконски правила не може да се регулираат права, прописи, должности. Ако граѓанинот е исклучен од парното греење, компаниите треба да му плаќаат бидејќи му пречат цевките. Апсурд е и тоа што ќе треба да плаќаат и тие што се исклучени, а ниедна цевка не им поминува низ станот. Овие односи може да се регулираат само според Законот за облигациони односи, ако сакам услуга - плаќам, ако не сакам - не плаќам. Оваа одлука се коси и со Законот за енергетика и со Законот за облигациони односи, а и со Уставот и затоа и поднесов иницијатива пред Уставен. Сметам дека се повредени основните елементарни права на граѓаните бидејќи не може некој сосила да ги присили да плаќаат услуга што не ја сакаат - вели Стамен Филипов, еден од тројцата поднесувачи на иницијативата.
 
Убав напис во Дневник за одлуката на (не)уставниот суд.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=248584F68233B84BADF74B79D378F8E3
Новинарот прашува:
Kој дозволуваше порано „Топлификација“ постојано да уценува дека Скопје ќе остане без парно бидејќи не им бил профитабилен бизнисот, а цело време делеше дивиденди.
 
Групација Топлификација се состои од многу фирми ќерки кои остварувале , остваруваат и ќе остваруваат профити. Постоењето на компаниите е да остваруваат профити , а не загуби.
Тоа што го напишала новинарката прво е завист а второ не е вистина и лесно се проверува на сајтот на Македонската берза. Во последните 2 години ,во времето на најголемите поскапувања на парното Топлификација А.Д. не поделила дивиденди и се откажала од бизнисот. Во тоа време истите новинари пишуваа секој да се исклучи од системот . Што беше и законски . Значи ако разгледаме хронолошки и аналитички што се случувало ќе донесеме некој заклучок . Се друго е плачење врз нашата судбина.

1. 2008 ма .Со платени заостанати долгови секој можеше да се исклучи од системот за затоплување. Резултат до 2013 година е 35 % исклучени од системот.
2. 2010 Топлификација прв пат ги врати лиценците за парно . Една година Топлификација работеше и без лиценци бидејќи Скопје мора да се затоплува.
3 . Во 2011 лиценците беа вратени бидејќи немаше други заинтересирани компании .
4. Во 2012 Топлификација позајми 4 милиони евра од владата на Р.М бидејќи веќе не можеше да се задолжува кај банките со цел да го затоплува Скопје. Кредитот на Владата и го врати и тоа со 9 % камата.
5. Почна медиумската кампања од Сител телевизија која е неплаќач кај Топлификација повеќе години за испорачана топлинска енергија .Во 2012 поради неможност да најде финансии и заради тоа што целиот имот и е под хипотеки Топлификација ги врати сите 3 лиценци . Балкан Енерџи Груп ги доби лиценците и ветуваше , поевтино парно , доизградба , на системот , Чебрен , Галиште , ТЕ - ТО 2 .
6. Пред 2 недели Владата преку Сител почна кампања против Топлификација . За неколку дена Уставниот суд донесе одлука со која исклучените мораат да плаќаат .

Заклучок : За да се одвлече вниманието на јавноста од одлуката на уставниот суд , нека се оцрни поранешниот оператор за да има народот со што да се занимава . А најлесно е со веќе проверените методи да се плука против Топлификација А.Д. И одлуката на Уставниот Суд си помина лесно .

Резултати : Балкан Енерџи Груп не ги намали сметките за парно односно ги намали 11 % на уклучените за сметка на исклучените кај кои ги зголеми за 34 % . Вложувања во системот нема ,
Вложувања во опремата нема . ТЕ - ТО 2 не е сега во план . А исто така и Чебрен и Галиште за кои на тендерот никој не се пријави. Исто така нема исплатено ни денар кон Топлификација на име закуп.Калориметри во домаќинствата нема сеуште . Резултати се само авансните сметки од по 5-6 000 денари кои ги наплаќаат од потрошувачите . Профитот сега ќе фати пат за Русија а дел ќе оди во џебови на наши моќници и владетели кои се кријат позади офшор компании од Кипар. Поевтино парно нема да има . Како што нема ни поевтина струја .

Рок : На македонскиот народ некогаш ќе му прекипе дали од струја , дали од парно и сите виновни ќе си го добијат заслуженото. Инаку ТЕЦ Неготино кој работи на јаглен не работи ,за сметка што некој во владата увезува до 70 % од струјата што е потребна во Р.Македонија.

Инаку лично не гледам ништо убаво во написот на новинарката и не се задоволувам како недоделканиот патетичен експерт а од сега и раскажувач на новинарски текстови.

Случајот е ист како зградата со 8 станови . Тој ( недоделканиот ) отишол на станарите да им понуди алтернативно загревање со дрва во подрумот користејќи го истиот систем на цевки и грејни тела . Да претпоставиме дека станарите се сложиле . После една , две сезони затоплување , цепење дрва , растоварање камиони , киснење во зима по подруми ... , неговото дете купило нова кола . Станарите си рекле . Дај да си се приклучиме на БЕГ види го овој кола му купи на детето , којзнае што ни направи со парите , дрвата поевтино ги купува , кој знае како не украде .....
Подобро да ги даваме за Русија отколку на него ...
 
Во Дневник има два написа во кои се пренесени изјави на наши Правници. Првиот е за Стамен Филипов кој вели:
- Апсолутно се разочарав од Уставниот суд. Тоа е очајна одлука на судиите. Ако не се испорачува топлинска енергија и ако граѓанинот не склучил договор, не може да се наплатува од него. Правилата не се пропис и не обврзуваат никого. Одлуката на Судот е спротивна на Законот за облигационите односи, кој е дециден дека некој може да ни дава услуга само ако бараме. Ако не бараме, не може да н` натерате сосила.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=BCA601EA4A721941A903B41E80014D94

Во вториот напис е пренесена изјава на Стрезо Стрезовски кој вели:
Јас и моето семејство имаме право сами да одлучиме дали и на каков начин ќе го затоплуваме нашиот дом. Никој нема право да се меша во нашиот приватен живот. Kои се тие регулатори и судии да се мешаат во мојот приватен живот? Одам ли јас во нивните домови да им кажам како да се затоплуваат?

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=36BFB425B76CCF4DBDB4D66E02264278
 
Вчера бев во снабдување центар, да поднесам приговор на фактурата која ја добив како исклучен.
Вработените се силно охрабрени од одлуката на (не)уставниот суд. Им е дигнат чаламот до небо...
Барав да ме тужат прв. Но тие ми рекоа дека до сега никого не тужеле. Се бунев и им реков дека мене треба прв да ме тужат и потоа да се фалат дека од мене земале пари, бидејќи јас сум предводник во отпорот кон арамиите од Топлификација, а победувајќи ме мене ќе заплашат и други да им плаќаат
И во приговорот напишав:
1.Приговарам зошто досега не сте ме тужеле и на тој начин да ги наплатите претходните фактури....Во претходните приговори и сега отворено изјавив дека не сакам да ги плаќам Вашите фактури, дека не сакам да имам било какви односи со Вас, дека Вашето работење го сметам за измама и грабеж и нема никаква причина да чекате и да се надевате дека доброволно ќе Ви платам. Вчера, на 22. 05. 2012, Уставниот суд ги отфрли иницијативите кој се однесуваа на Правилата број 01 – 1302/1. Меѓу тие иницијативи е отфрлена и мојата иницијатива. Претходно и Собранието на Република Македонија ја отфрли граѓанската иницијатива АМАН за измени на Законот не енергетика. Што очигледно значи дека Јавната власт е на Ваша страна и нема потреба да стравувате дека нема да ја добиете парницата. Затоа престанете да ме малтретирате со праќање на фактури, туку тужете ме.“
На сите исклучени им препорачувам да не им плаќаат на измамниците и крадците од Топлификација - барем додека мене не ме осудат. А ако некој има „ врски “ во Топлификација или некој вработен во Топлификација го прочита ова, нека ургира мене прв да ме тужат и да гледа што потешко да ме осудат за пример на сите други.
 
А сега јавната власт била крива ? Ајдеее?
Не бе злато се фамилијата . Самиот збор јавна власт кажува дека се изложени на јавни напади ( пцуење , навреди ) па со самото тоа што се нафатиле на функциите немаат проблем со критики на анонимуси.
Па уште да те осуделе . Зошто ?
За да јадеш бесплатно по затвори ? Пак гратис сакаш а ?
И облека да ти дадат и кондури а ?
Кревет , парно ? Уствари ти ќе го ложиш парното таму , корисен ќе бидеш !
Па осуден си само што немаш добиено решение .
Осуден си што вака бос и непоткован бараш правда .
Уште си ја згрешил и адресата . Наместо во Балкан Енерџи Груп си пошол во Топлификација. Тотална дезориентација !
Кој знае каков човек си ? Мислев дека си егеец , ама не си . Евреин си . И интернет сигурно заедно плаќате со комшијата ?
Абе да не штедиш ти и на паста за заби и на жилети :гомце: ?
 
А сега јавната власт била крива ? Ајдеее?
Не бе злато се фамилијата . Самиот збор јавна власт кажува дека се изложени на јавни напади ( пцуење , навреди ) па со самото тоа што се нафатиле на функциите немаат проблем со критики на анонимуси.
Па уште да те осуделе . Зошто ?
За да јадеш бесплатно по затвори ? Пак гратис сакаш а ?
И облека да ти дадат и кондури а ?
Кревет , парно ? Уствари ти ќе го ложиш парното таму , корисен ќе бидеш !
Па осуден си само што немаш добиено решение .
Осуден си што вака бос и непоткован бараш правда .
Уште си ја згрешил и адресата . Наместо во Балкан Енерџи Груп си пошол во Топлификација. Тотална дезориентација !
Кој знае каков човек си ? Мислев дека си егеец , ама не си . Евреин си . И интернет сигурно заедно плаќате со комшијата ?
Абе да не штедиш ти и на паста за заби и на жилети :гомце: ?

Не рабрав што сакаше да кажеш со постот?
 
Кј мене исто доаѓаат сметки а не сум користел Топлификација воопшто никогаш од кога е населена зградата 2004 год. Ниту поминуваат вертикали ништо по нов систем е парното, јас плаќам затоплување на друга фирма ЕВН, незнам зашто ми стигаат сметки кога воопшто немам допир со нивната топлина.

Дали мене комшиите ми плаќаат за тоа што плаќам јас на евн? Не
И кас нема да плаќам
 
Дали може соседот, во лето, да ни плаќа за ладење на истите поради нашите клима уреди? Или пак темата што допрва ќе биде интересна – дали непушачите ќе плаќаат дел од цената на цигарите што ја даваат пушачите, поради „емитирање на дел“ од никотинот во форма на јаглерод моноксид?

Read more: http://energetskaefikasnost.info/za-energeckite-raboti/#ixzz2UkyCHK2C
 
Би сакала да замолам некој што е поупатен да ми каже што значи оној дел каде Уставниот се изјасни дека ќе поведе постапка во однос на добивање на согласност од сите станари доколку некој сака да се исклучи од системот. Дали ова значи дека постоечкиот Правилник е се` уште на сила во тој дел? И дали треба да се чека на некоја дополнителна одлука/решение од страна на Уставен, за да може да се поднесе барање за исклучување од мрежата без листа на согласност?
 
Би сакала да замолам некој што е поупатен да ми каже што значи оној дел каде Уставниот се изјасни дека ќе поведе постапка во однос на добивање на согласност од сите станари доколку некој сака да се исклучи од системот. Дали ова значи дека постоечкиот Правилник е се` уште на сила во тој дел? И дали треба да се чека на некоја дополнителна одлука/решение од страна на Уставен, за да може да се поднесе барање за исклучување од мрежата без листа на согласност?

Постоечкиот правилник е сеуште на сила.
Ние само слушнавме, од известувањата во медиумите дека Уставниот суд ќе поведе постапка за некој членови меѓу кои и за одредбата да се собираат потписи. Но не знаеме за кои членови Судот ќе поведе постапка.
Решението се уште не е објавено, така да не знаеме ништо.
Инаку од кога Судот ќе го објави решението, започнува процедура која трае повеќе од еден месец и после то Судот донесува одлука која се објавува во Службен весник, Со таа одлука се укинуваат одредбите
 
Постоечкиот правилник е сеуште на сила.
Ние само слушнавме, од известувањата во медиумите дека Уставниот суд ќе поведе постапка за некој членови меѓу кои и за одредбата да се собираат потписи. Но не знаеме за кои членови Судот ќе поведе постапка.
Решението се уште не е објавено, така да не знаеме ништо.
Инаку од кога Судот ќе го објави решението, започнува процедура која трае повеќе од еден месец и после то Судот донесува одлука која се објавува во Службен весник, Со таа одлука се укинуваат одредбите

Фала ти за одговорот.
Ако дозволиш уште едно прашање. Дали поведување постапка значи автоматско укинување на тие одредби и е прашање на време кога ќе станат неважечки? Или значи дека, откако ќе биде објавено решението, допрва дополнително ќе се разгледува евентуалното (не)укинување, пред да се донесе конечната одлука?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom