Ќе поскапат алкохолот и цигарите

  • Креатор на темата Креатор на темата Bateman
  • Време на започнување Време на започнување
Непушач кога ќе каже дека сака кутија цигари да биде 200 денари, ми доаѓа да го треснам. Кој сака да си води здрaв живот, нека си води и нека не замара. Баш би сакала кафето да го направат 300 денари, па да видиме дали тогаш ќе ви биде по волја. :facepalm: Ако не ти се пуши, не пуши, ама не мора да тресеш зелени и да попуваш. Бог да чува...
 
излезе некој од лешпериве да издрнда дека ова е за здравјето на народот?
Владата се правда дека зголемувањето на акцизите во функција на намалување на потрошувачката на овие производи и заштита на здравјето на населението
Мислам читај воведен пост, ебаго.:icon_lol:
 
Штетна или добра мерка, помага за развој на туризмот или не, со оглед и на забраната за продвање алкохол после 19/21 часот, човек веќе да не знае што да прави ако му дојде гостин дома навечер на во моментот немаш шо да му дадиш да се напие?
Ma kakoв туризам, за странците е секако евтино тука а што се однесува до нас... алкохол се прави и во домашни услови!
Не зезај, зарем кога ќе дојдат гости идеш на купување?

Дајте за цените на лебот, струјата и бензинот да зборуваме. Остај алкохолот и цигарите.
 
Така е. Кога ќе се случи дома гости да ти дојдат, а немаш алкохол, ќе им кажеш: „Почекајте едно литро ракија да испечам“.
 
Не бе баче, си иам ја залихи за неколку години. И ракија и вино.
Тек пиво кога ќе почнам да правам кај ќе ми биде крајот.

Пијте си вие комерцијални бучкуруши, јас барем знам што пијам. :)
 
Кога ќе излеземе у кафиќ ќе си порачаме:
1. вода
2. ракија
3. дечкименеништонемисепие
 
Ma kakoв туризам, за странците е секако евтино тука а што се однесува до нас... алкохол се прави и во домашни услови!
Не зезај, зарем кога ќе дојдат гости идеш на купување?

Дајте за цените на лебот, струјата и бензинот да зборуваме. Остај алкохолот и цигарите.

Најискрено, се случувало, и тоа не еднаш. Да отидам некаде на поседенка кај пријатели или познаници, на пример за фудбалче гледање, ќе си речиме ај по едно пивце или винце да маанеме и нема, а кога ќе ни текне веќе поминал 9 заклучени се со катанци веќе рафтовите со алкохол. Еј пиво да не можеш да си купиш навечер, утакмица да не можеш да изгледаш на раат.

А за туризмот има врска, особено за домашниот туризам, викаме зошто сите оделе у грција, може да ги замислам цените на пијачките во Охрид ова лето со новите акцизи, коњак 150 денари ќе биде.
 
Не бе баче, си иам ја залихи за неколку години. И ракија и вино.
Тек пиво кога ќе почнам да правам кај ќе ми биде крајот.

Пијте си вие комерцијални бучкуруши, јас барем знам што пијам. :)

Океј е се тоа, но и тоа чини. Казан е 300 евра.
Некој нема време да вари ракии и вина.

Не знам како можеш ваква ноторна глупост да оправдаш. Здравјето бе...
 
Ако литро коњак е да речеме 350 денари и на тоа се додаде акциза од 350 денари на литро, автоматски пијачката ти се продава по дупла цена. Значи ако коњак во Скопје е 120 ден да речеме, после изменава ќе биде 240 ден.
 
Најискрено, се случувало, и тоа не еднаш. Да отидам некаде на поседенка кај пријатели или познаници, на пример за фудбалче гледање, ќе си речиме ај по едно пивце или винце да маанеме и нема, а кога ќе ни текне веќе поминал 9 заклучени се со катанци веќе рафтовите со алкохол. Еј пиво да не можеш да си купиш навечер, утакмица да не можеш да изгледаш на раат.

Ок де, не дека не може да се деси. Ама искрено не ги разбирам луѓето што немаат залихи (од алкохол) дома. Секој со своето претпоставувам... јас лично кога гајбата ќе се приближи накај пола, одам по следната.

Леандра, па морало ли секоја вечер по кафиќи да се пие? ;)
 
Ако литро коњак е да речеме 350 денари и на тоа се додаде акциза од 350 денари на литро, автоматски пијачката ти се продава по дупла цена. Значи ако коњак во Скопје е 120 ден да речеме, после изменава ќе биде 240 ден.

Не е дотолку. :D Од 300 на 340 ја зголемуваат акцизата за чист алкохол. Значи во просек откако трговците ќе си ја искористат шансата и оправдувањето цената би се зголемила 30-50 денари од шише. Тоа ќе го искористат и сопствениците на кафичи и ќе ја зголемат цената за 10-30 денари од чаша, зависно од локација и пијалок. Акцизава за алкохол не е толку страшно зголемена и нема ништо посебно да го зголеми буџетот, но ќе им даде одлична шанса и изговор на сопствениците да си зголемат цени и профит. Сепак, заслужија, во 99% отворено го поддржаа ВМРО на избориве. Мора да им се оддолжи. :D
 
Ок де, не дека не може да се деси. Ама искрено не ги разбирам луѓето што немаат залихи (од алкохол) дома. Секој со своето претпоставувам... јас лично кога гајбата ќе се приближи накај пола, одам по следната.

Леандра, па морало ли секоја вечер по кафиќи да се пие? ;)

Немора се разбира. Нема потреба и воопшто да се излегува. Ќе си намалите од луксузирањето, сакале пијачка да пијат во кафиќ ма немој те молам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom