Убиство во самоодбрана, казниво или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата RedStarFan
  • Време на започнување Време на започнување
5 пати го избодел со нож не верувам да не сакал да го убие. Иначе никогаш не ми е бил сватлив законот у врска со ова значи колку што јас знам може само да повикаш полиција ако ти влезе некој дома и да пробаш да го спречеш без насилство ( што не знам како би можел такво нешто ), а можеш да вратиш со иста мера како него (пример ти извади пиштол имаш право да го пукаш итн)
Во ситуација да се бориш за живот, ти ќе размислуваш дали 4 или 5 пати си закачил некого?

Ако државните служби си ја вршат работата поасално:
Istog trenutka sam pozvala policiju. Ali, policajci su otišli na pogrešnu adresu jer su razumeli da ih umesto kućnog broja 26 zovem sa broja šest - drhtavim glasom objašnjava supruga.:tapp:
можда немаше ни да стигнат до моменталната состојба.

Не е за казниво дело.Кој апсурд е да ти дојдат дома, да ти стават во опасност фамилија и живот со мафтање со некакво оружје , а ти да се мислиш дали ќе те осудат ако го закачиш малку појако со нож или како било.Абе и на парчиња да е исечен напаѓачот, ако е самоодбрана - никакво глупо судење.
 
Во ситуација да се бориш за живот, ти ќе размислуваш дали 4 или 5 пати си закачил некого?

Не, нема да мислам исто како што ти не мислеше пред да ми го поставиш тоа прашање. Мојот пост беше бидејки некој член викаше дека не мислел да го убие демек несакајки било, а 4-5 убода не можат туку така да ти лизнат од рака. Значи океј си е самоодбрана и се само сакав да кажам дека не е дека „не мислел“
 
Гледам овде некои од форумџиите имаат некакво познавање на кривичниот законик, меѓутоа премногу рестриктивно го толкуваат истиот.
Имено, не е кривично и казниво дела она што е сторено во нужна одбрана. Тоа е онаа одбарана која е неопходна за сторителот да одбие од себе или пак од друг истовремен противправен напад.Исто така не е кривично дело ниту пак она дело кое е сторено во крајна нужда која постои тогаш кога делотото е сторено со цел сторителот да отстрани од себе или од друг истовремена нескриена опасност која што не можела да се отстрани на друг начин и притоа стореното зло да не биде поголемо од злото што се заканувало. Судот во праксата има едно пошироко гледиште, па како нужна одбрана ја смета и одбраната (покрај од себе и друг) и на сопствениот имот. Така да доколку на пример во 3 часот на сабајле во куќата ти провали некој, не мора ти прво да го прашаш дали е наоружан или дошол на кафе туку можеш и веднаш да го онесппособиш. Или доколку те нападне боксер или каратист со голи раце, не значи дека и ти треба да се одбраниш со голи раце, сепак неговите раце можад да бидат поопасно орудие од пиштол кој го држи еден уплашено дете. Во случај кога има пречекорување на нужната одбрана или крајната нужда, судот ќе биде поблаг во изрекувањето на казната, на пример место казна ефективен затвор ќе изрече казна условен затвор или сл.

Јас не сум го заприметил тој дел дека биле пет убоди, општо не ми се веруваше дека имал намера да го убие, мислев дека веројатно се бранел, ова веќе е друго, можеби бил јако нападнат па едноставно морал да го убие за да се одбрани, иначе секако дека бил свесен дека ќе го убие со пет убоди во право си, сепак се е самоодбрана...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: -G-
Не, нема да мислам исто како што ти не мислеше пред да ми го поставиш тоа прашање. Мојот пост беше бидејки некој член викаше дека не мислел да го убие демек несакајки било, а 4-5 убода не можат туку така да ти лизнат од рака. Значи океј си е самоодбрана и се само сакав да кажам дека не е дека „не мислел“

Немало тука размислување и сакајќи - несакајќи.Афект и спојување жички, помислил на детето и сопругата, моментално создало силна агресија.Муабетот ми беше дека во таква состојба не броиш убоди, удари или куршуми, гледаш само да онеспособиш и секако не со намера да убиеш.Некогаш и со 1 убод/удар/куршум гинат луѓе ако се погодат на погрешно место...

Така да доколку на пример во 3 часот на сабајле во куќата ти провали некој, не мора ти прво да го прашаш дали е наоружан или дошол на кафе туку можеш и веднаш да го онесппособиш. Или доколку те нападне боксер или каратист со голи раце, не значи дека и ти треба да се одбраниш со голи раце, сепак неговите раце можад да бидат поопасно орудие од пиштол кој го држи еден уплашено дете.
Е ова е веќе квалитетно и прифатливо објаснување :)
 
Гледам овде некои од форумџиите имаат некакво познавање на кривичниот законик, меѓутоа премногу рестриктивно го толкуваат истиот.
Имено, не е кривично и казниво дела она што е сторено во нужна одбрана. Тоа е онаа одбарана која е неопходна за сторителот да одбие од себе или пак од друг истовремен противправен напад.Исто така не е кривично дело ниту пак она дело кое е сторено во крајна нужда која постои тогаш кога делотото е сторено со цел сторителот да отстрани од себе или од друг истовремена нескриена опасност која што не можела да се отстрани на друг начин и притоа стореното зло да не биде поголемо од злото што се заканувало. Судот во праксата има едно пошироко гледиште, па како нужна одбрана ја смета и одбраната (покрај од себе и друг) и на сопствениот имот. Така да доколку на пример во 3 часот на сабајле во куќата ти провали некој, не мора ти прво да го прашаш дали е наоружан или дошол на кафе туку можеш и веднаш да го онесппособиш. Или доколку те нападне боксер или каратист со голи раце, не значи дека и ти треба да се одбраниш со голи раце, сепак неговите раце можад да бидат поопасно орудие од пиштол кој го држи еден уплашено дете. Во случај кога има пречекорување на нужната одбрана или крајната нужда, судот ќе биде поблаг во изрекувањето на казната, на пример место казна ефективен затвор ќе изрече казна условен затвор или сл.

Со прости ѕборови, ова значи дека ова убиство може да влезе во тој круг на „нужна одбрана“, односно овој човек да не одлежи ни ден затвор? Или нешто не сфатив?
 
5 пати го избодел со нож не верувам да не сакал да го убие. Иначе никогаш не ми е бил сватлив законот у врска со ова значи колку што јас знам може само да повикаш полиција ако ти влезе некој дома и да пробаш да го спречеш без насилство ( што не знам како би можел такво нешто ), а можеш да вратиш со иста мера како него (пример ти извади пиштол имаш право да го пукаш итн)

http://www.southparkstudios.com/clips/kwg5x1/security-breach

Картман најдобро го објасни во една епизода.Се јавува и вика мајка ми ја силуваат и овој му вика полицијата е на патот,на што овој му одговара "кажете им да донесат цигари и гејторејд дека ќе биде доста исцрпен силувачот "

Полицијата никогаш и не била наменета за заштира.Полицијата е за казнување на прекршување на законот.Заштитата е секогаш оставена на секој посебно.
 
Ако провалник ви влезе дома значи тој е спремен на се, тогаш проработува адреналинот, притисокот се качува, стресот е на максимално ниво, да не речам доаѓа состојба на афект кај 99% од луѓето. Секој кој би останал смирен во таква ситуација најверојатно е трениран професионалец. Сега, кога тоа се случува човекот кој се брани воопшто не размислува како, и со кои средства ќе се брани и дали би го убил напаѓачот. Проработува инстинктот за преживување и одбрана на семејството. Секакви правни дефиниции од типот на реципрочна употреба на сила, бла бла...паѓаат во вода.
 
Во глобала сум пацифиста и доколку мене ми се деси вакво нешто најверојатно би повикал полиција.

Во врска со прашањето, човекот упаднал на туѓ имот и според мене не еднаш или пет пати, туку и дваесет пати да го избодел не треба да одговара за убиство.
Крадецот или било кој и да е требало да си го знае ризикот за делото негово.

Пак ќе кажам не е убаво и најдобро би било кога би се избегнало убиството или било какво насилство, но нема смисла да му се суди на некој што помалку или повеќе извршил дело во самоодбрана.

П.С Не ја прочитав статијата ама адреналинот во такви ситуации чуда прави.
 
Имаше пред некоја година случај во Англија/Америка не сум сигурен, ќе да е второво. Крадец влага да краде, го фаќа газдава и овој дур бега паѓа и си ја крши ногата. После тоа го тужи газдата и го добива спорот, луд јебе збуњеног. :D
 
И да го додам уште ова.Несватливо е ова "модерно" европско право.На пример Британија се фали дека е една од земјите со најмалку убиства по глава на жител во светот.Али од друга страна не кажува дека и е земја со најголем број на кривични дела по глава на жител,во ранг со Афрички земји и поточно повеќе од ЈАР.

Испаѓа ок ај нека има силувања,грабежи,физички напади али не дај боже некој да умре.Тој крадецот имал преку 50 претходни кривични пријави за грабежи.Знаете ли колку човечки сааати работа украл.Сигурен сум за барем еден човечки живот.Комплетна глупост барем по мене.

А пак немањето на физички казни,и место тоа пикање по кафези каде треба да бидат хранети и издржувани од другите е уште поглупаво.Се што се постигнува и ситните криминалци да им се даде доволно време да го испечат занаетот и да набијат малку физичка маса.
 
Гледам овде некои од форумџиите имаат некакво познавање на кривичниот законик, меѓутоа премногу рестриктивно го толкуваат истиот.
Имено, не е кривично и казниво дела она што е сторено во нужна одбрана. Тоа е онаа одбарана која е неопходна за сторителот да одбие од себе или пак од друг истовремен противправен напад.Исто така не е кривично дело ниту пак она дело кое е сторено во крајна нужда која постои тогаш кога делотото е сторено со цел сторителот да отстрани од себе или од друг истовремена нескриена опасност која што не можела да се отстрани на друг начин и притоа стореното зло да не биде поголемо од злото што се заканувало. Судот во праксата има едно пошироко гледиште, па како нужна одбрана ја смета и одбраната (покрај од себе и друг) и на сопствениот имот. Така да доколку на пример во 3 часот на сабајле во куќата ти провали некој, не мора ти прво да го прашаш дали е наоружан или дошол на кафе туку можеш и веднаш да го онесппособиш. Или доколку те нападне боксер или каратист со голи раце, не значи дека и ти треба да се одбраниш со голи раце, сепак неговите раце можад да бидат поопасно орудие од пиштол кој го држи еден уплашено дете. Во случај кога има пречекорување на нужната одбрана или крајната нужда, судот ќе биде поблаг во изрекувањето на казната, на пример место казна ефективен затвор ќе изрече казна условен затвор или сл.

Е на последната реченица ме разочара. Нема условен затвор, има условна казна и не постои затвор за неа туку се воздржуваш од било какво кривично дело. :)

Инаку се сложувам со сите што напишаа дека глуп е законот.
Да употребам сразмерна сила?! - А што е сразмерна сила во случајов? Го гледам ми провалува дома, сигурно крадец со голи раце не провалува, макар и да нема ништо што се гледа во раце може да има на појас, или нож ко Рамбо на нога, па ај ќе чекам да ме нападне-ипак крадец е.

Има олеснителни околности, плус наркоман, дали имал оружје со него, какво оружје, зависи во кое време им отишол на 'гости' (од моб сум, не го отворив линкот) и на крај секако зависи од судскиот совет што ќе одлучи. По мое условна казна не му бега.
 
Ако провалник ви влезе дома значи тој е спремен на се, тогаш проработува адреналинот, притисокот се качува, стресот е на максимално ниво, да не речам доаѓа состојба на афект кај 99% од луѓето. Секој кој би останал смирен во таква ситуација најверојатно е трениран професионалец. Сега, кога тоа се случува човекот кој се брани воопшто не размислува како, и со кои средства ќе се брани и дали би го убил напаѓачот. Проработува инстинктот за преживување и одбрана на семејството. Секакви правни дефиниции од типот на реципрочна употреба на сила, бла бла...паѓаат во вода.

Oва зависи каде. Имаш системи, особено тристава глупости шо ги носи Европсково законодавство со себе, на највисок ранг го издигаат човечкиот живот како една од најголемите вредности.
Секое убиство е приказна за себе, и се се испитува од пресметливост, до афект и слични работи, но на крај е судот оној кој одлучува. Па не често имаш и обратни случаи, каде некој ,,несакајќи" скинал некој па окапал в затвор. Што значи не е се' така розово :)
Плус судот не мора да ја утврти најдобрата, најточната вистина нели? Тој ја утврдува вистината спрема фактите кои ги зел во предвид. Самиот поим вистина, т.е што вистински се случило е тежок за толкување во стилот, вистината е највисока форма на субјективен одраз од објективна стварност.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Oва зависи каде. Имаш системи, особено тристава глупости шо ги носи Европсково законодавство со себе, на највисок ранг го издигаат човечкиот живот како една од најголемите вредности.
Секое убиство е приказна за себе, и се се испитува од пресметливост, до афект и слични работи, но на крај е судот оној кој одлучува. Па не често имаш и обратни случаи, каде некој ,,несакајќи" скинал некој па окапал в затвор. Што значи не е се' така розово :)
Не не, јас не реков дека е се розово. Само сакав да кажам дека сите правни аспекти како тој со реципрочниот одговор во пракса скоро и да не функционираат. Баш поради тоа и работите не се "розови". Исто така, испитување на пресметливост е многу деликатна работа. Пак ќе речам, секаква пресметливост паѓа во вода при загрозување на живот. Сепак, кога вакви случаи ќе завршат во корист на провалникот, само уште повеќе ги охрабрува криминалците од една страна, а им ги врзува рацете на обичните луѓе од друга страна, да си го го одбранат семејството и имотот.
 
Ова што зборевте со бројот на убодите ме потсети на Варг Викернес и убиството во самодобрана со 23 убоди од нож. :D

Иначе, и ја сум да се донесе американскиот закон за ова, ма колку и јас да не ги сакам Американците. Што треба, кога ќе ми влезе крадец дома да го понудам со вода, сок, кафе, пивце додека чекам да ми здипли ствари од дома? Мислам...нонсенс! Нели сличен случај имаше и кај нас, со тој чичкото или дедо, сеедно, што утепа двајца разбојници.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom