ЧЕНТО Mario Gómez Uli Hoeneß spaso King Kai Sade_Adu MrzaRules MiaSanMia Mbret Chains Jaqen H'ghar
(aко заборавив некој - проштевајте)
Сакам да напишан еден предзавршен пост за сезонава (завршниот ќе биде после финалето во купот) кој ќе сумирам се за фан-клубов тука на Кајгана, а и за Баерн општо.
Прво за Кајгана - Дечки, чест ми е што сум дел од оваа интернет-комуна заедно со вас во која пишуваме за нашиот омилен и единствен клуб, клуб кој се сака со срце и душа. Се надевам дека ќе ве запознаам СИТЕ, баш сите. Можеби понекогаш се пречкаме околу некои работи, али тоа е тоа, сложни и не е на арно

Сакам за некоја утакмица барем некогаш да се собереме сите ние од овој фан-клуб и да навиваме заедно.
За Баерн - Не можам да опишам колку среќа и радости ми донесе овој клуб оваа сезона. Сведоци сме на најуспешната сезона во ИСТОРИЈАТА на Баерн, без разлика како ќе заврши купот. Од понижувањето на Хамбург со 9 гола, па се до тактичката мајсторија против Јувентус и Барселона. Двете победи против Барселона во убедлив стил само го најавуваа исходот во финалето.
Финалето го гледав на плоштад и можам да кажам само

за целиот фан-клуб. Не се опишува тоа чувство, тоа се доживува само меѓу луѓе, сам никако.
Хејнкес -



Фала ти за СЕ во овие две сезони. Заслужуваш да се пензионираш со тројна титула, се после тоа би ти било потрага по пари.
Нојер - Најдобар голман според мене. Каков дил беше трансферот од Шалке, дил за шампиони
Боатенг - Некогаш несигурени и неконстантен, ама во финалето ИЗГИНА. Цар!
Данте - Трансфер на сезоната во Германија. На постари години ДОМИНИРА
Лам - Најдобар десен бек во светот. Толку.
Алаба - Најдобар лев бек на негови години во светот, со можност да стане најдобар лев бек од сите возрасни групи.
Мартинез -

Изгледа не за џабе го пратевме летот од Билбао до Минхен

Под Пеп очекувам да игра 2 пати подобро од Бускетс.
Швајни - Најдобар заден везез во светот. Исто толку.
Рибери - Кој цар човече, и на теренот и вон него.
Робен - Се искупи за сите срања баш на крајот од сезоната. Колку и да го пцувам некогаш, го има она во него - решавачко
Милер - Според мене најконстантен играч во Баерн. Планирам дресот што сакам да го купам за оваа сезона да биде со неговото име. Дечкото дава нова димензија на зборот упорност.
Манџо - Олич беше упорен и брз, овој е упорен, брз, техничар и главуч. Штета би било ако наредната сезона игра многу помалку од Лева.
Крос - Изигра топ додека беше здрав, мислам дека да не се повредеше Робен немаше да го реши финалето.
Шакири - Играч за иднината во Баерн. Кој дибек е не ми се верува, има потенцијал да стане како Рибери, ако не и подобар.
Густаво - Најдобар со клизачи во светот. Многу солиден играч
ван Бајтен - Подобро што не играше во финалето, му поминаа годините, мада уште е солиден.
Штарке - Попозитивен резервен голман не сум видел до сега.
Бадштубер - Со среќа нека му е опоравувањето
Тимошчук - Со среќа нека му е каде и да оди, се гледаше дека игра со срце за Баерн (негов омилен клуб уште од детството)
Рафиња - Исто најпозитивна резерва. Цар, се надевам дека ќе добива шанси и другата сезона кога ќе одмора Лам
Контенто - Добар играч, несреќа е што го има Алаба пред него кој е многу подобар
Емре Кан - Играч од типот на Густаво. Којзнае која иднина ќе ја има под Пеп
Пизаро - Своевремено подобар играч и од Кавани и од Фалкао во сегашна нивна форма. Добра замена, заслужува уште некоја сезона во Минхен
Тоа е тоа дечки, со среќа нека им е во сабота, ТРОЈНАТА ТИТУЛА НЕ НИ БЕГА
МIA SAN MIA