Инфаркт - Сценарио кое може само Интер да го изрежира , да имаш комотна предност од 0-2 во 25та минута , противникот нема веќе што да загуби уште на половина од првиот дел , да игра тотално отворено со многу простор за нападот на Интер и да се примат 2 наивни гола , но тука беше Иван Рамиро кафе де Колумбија ( така го вика коментаторот од каналот на Интер ) во 91вата минута за да ги замолчи душманите кои едвај чекаа сеир да пукнат .
'' Изненадувачки '' ама Кварезма изигра на ниво , неколку прекрасни центар шутеви од кои една тацна зачинета со тривела за Креспо , но за жал не беше истото искористено од страна на Ибра и Креспо, затоа тука беше Виеира да постигне гол по негова асистенција . Не претерувам , тој беше еден од најдобрите на теренот , ако не и најдобар , мислам дека безпотребно беше изваден надвор во 80та минтута , сепак полека но сигурно се вклопува во Италија , што треба да не радува.
Миланез не се извадивме , немавме среќа цело второ полувреме , а и Милан со Аталанта не импресионираа, исто и со Реџина на гости , да не зборам дека потребен беше пенал и црвен за да ги победите Сиена и Сампдорија . Не егзистира веќе она во фудбалот , да си добар на хартија па да победуваш '' послаби '' екипи без проблем , оваа година Џенова тоа ни го покажа ( Милан , Интер , Рома ) .
КВАРЕЗМА дефинитивно е катастрофа...
Многу пари за циркузант..а најлошото е тоа што го изгубивме и Пеле.
Момчево изгледа си мисли дека во фудбалот се бројаат дриблинзи, за жал и тие неможе да ги направи, а за додавањата да незборам...катастрофа.
Моментално Креспо ја погоди стативата од 2 метри.
Не би се согласил со тебе за Кварезма , ова најверојатно по навика али ако он беше катастрофа што да кажеме за Ибра , Занети и Балотели . Цело време во вториот дел се идеше преку Кварезма , неколку супер центар шутеви , посебно оној на Креспо , башка што асистираше при вториот гол , што сакаш повеќе.
п.с. Ваквите победи се најслатки .