Да се запре самоволието на ММИ и ЗАМП!

  • Креатор на темата Креатор на темата глагол
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 ноември 2012
Мислења
1.174
Поени од реакции
744
Продолжува битката за наплатата на авторските права

Сојузот на стопански комори на Македонија и Здружението на приватни медиуми на Македонија ги продолжуваат консултациите за покренување на заедничка кампања преку која ќе ги информираат граѓаните дека не се должни да ги плаќаат фактурите од ЗАМП за пуштената музика на свадба или крштевка.

Водечката македонска деловна мрежа и приватните медиуми размислуваат да ја исправат неправдата која ЗАМП ја наметна на нивен, наместо на грбот на организаторите на семејната веселба, во случајот ресторан или кафеана. Според анализите на упатените во оваа проблематика кои Телевизија Орбис ги објави пред неколку дена, ако според статистичките податоци во Македонија во просек секоја година се склучуваат по 14.000 бракови, а ако ЗАМП има стопостотна наплата на давачката од младоженецот и невесетата која изнесува две-тристотини евра, тогаш здружението собира на годишна основа по околу три милиони евра само од свадби. Познати музички артисти и композитори од Битола, негодуваат на начинот на кој се форсира регилирањето на авторските права во земјава.

Пред да дојде поддршката од Сојузот на стопански комори на Македонија, Здружението на приватни медиуми побара да се промени Законот за авторски права, кој практично претставува и пандорината кутија за новонастанатите превирања. Одредбите вметнати во Законот во 2005 година, во време кога СДСМ беше на власт и кога на чело на Министерството за култура беше битолчанецот Благоја Стефановски, и по скоро една деценија останаа камен на сопнување во заштитата на авторските права во Република Македонија. Налудничавите суми, предвидени за авторски надомест во Законот и во Правилникот за тарифа за користење на авторски музички дела, иако паднаа на Уставен суд во 2008 година, продолжија да ги “дерат” медиумите. Во меѓувреме, не мируваат ниту здруженијата кои со амин на државата се растрчаа по наплата за средства. ММИ и ЗАМП се во добри односи и така ќе остане и понатаму со цел комплетно да се управува со правата на сите музички работници во Македонија, велат од ММИ, организацијата која доби лиценца од Министерството за култура за колективно управување на сродните права на произведувачите на фонограми и на уметниците музички изведувачи. Според Македонската музичка индутрија, тоа што го прави ЗАМП е само еден дел од сопственоста на едно музичко дело, а тоа се авторите. ММИ е јавува како заштитник на сопствениците кои инвестирале во производството на фонограм (ЦД, касета, плоча, сингл) и уметниците - музички изведувачи кои својот креативен дел го вметнале со својата изведба во споменатите носачи на звук.

Новиот обид на Министерството за култура да стави крај на превирањата околу наплатата на авторските права, уште повеќе ја револтираше јавноста. Со новата авантура наречена ММИ, освен медиумите, кафулињата, трошоци за изведената музика им се пресметуваат и на бурекџилниците, семкарниците, црквите, џамиите, фризерските салони, фабриките. Трите најголеми национални канали - Канал 5, Сител и Алсат-М од Министерството за култура побараа итно да се почне со измени на Законот за авторски и сродни права во делот на прибирање средства од корисниците на овие услуги и одземање на лиценцата за работа на ММИ, а подоцна им се придружија и останатите приватни медиуми од републиката.

Последните информации говорат дека за авторските права се заинтересирале не само ресорната, туку и поголемиот дел од министрите во Владата на Република Македонија. Сојузот на стопански комори на Македонија и Здружението на приватни медиуми најавуваат дека работите може да бидат многу појасни веќе наредната недела, за кога се очекува нивна средба со високи владини претставници во обид да се застане на патот на самоволието на ММИ и ЗАМП.
 
И за кого ќе бараат авторски права, за црнеј горо, Сариевски, Манчевски, Бадев, старите македонски жетварски, свадбарски ора, староградските...? За преработки на народна музика од непознати народни автори? Нека побараат авторски права од бугарите, направија препев на сите македонски песни.
 
И за кого ќе бараат авторски права, за црнеј горо, Сариевски, Манчевски, Бадев...? За преработки на народна музика од непознати народни автори? Нека побараат авторски права од бугарите, направија препев на сите македонски песни.
Тоше беше крајно изреволтиран од овие рекетари. Тој секој концерт плаќал 5000Е, а на сметка негови авторски права за 10-тина години, стигнале само 400Е.
 
Тоше беше крајно изреволтиран од овие рекетари. Тој секој концерт плаќал 5000Е, а на сметка негови авторски права за 10-тина години, стигнале само 400Е.
Еднаш му стигнале 70 денари:pos:
 
Еднаш му стигнале 70 денари:pos:
Никој не вика дека не е добро да се плаќаат вакви работа, ама авторите се последните што ќе ги добијат парите и тоа ќе биде некоја залашка колку да се каже еве плаќаме ние на авторите, а плаќаат шипинки.
 
За мене некои работи се некако магловити. Во законот вели авторство постои за време животот на авторот и 70 год по неговата смрта. Еден добар дел од нашата народна музика се препеви на стари македонски песни од непознати автори, како и македонски стари ора, секое за посебни прилики. Дали тоа според законот значи дека ЗАМП ги добива сите авторски права од музиката во Македонија? На пример Параходот, Невесто лична калешо, Војник одам...или поезијата Жнала Мара жолто просо ако се рецитира на некој патронат или слична манифестација...Кој ќе го плати тоа, школото, оној кој рецитира или оној кој направил препев, кому му припаѓаат авторските права ако се знае дека повеќето се препеани од стари македонски времиња. По ова испаѓа ќе ги присвојат сите стари песни и сите пари ќе си ги стават в џеб.
 
Па изгледа песни на кој авторот не им е познат и не треба да бидат баждарени, ама нивната проценка за баждарина не вклучува, кои се авторите туку колку луѓе слушаат, што значи и Моцарт, Вивалди, а после и Пол ван дајк да иде нив сеисто им се фаќа. Битно тие да си ја земат баждарината ти што сакаш пуштај си. А и сам знаеш кога е најматно најмногу риби се ловат
 
Ова е гарант некој ЕУ закон само они може да измислат волку нешто креативно што нема смисла. „Воведување ред“ кога ќе го слушнам тој термин ништо добро не очекувам.
 
Значи ако пејам на плоштад самиот прво ќе ме направат будала и плус ќе треба да платам за авторски права :свиркам: Или пак ако пуштам музика во кола?

Шала на страна не заслужуваат да им плаќа човек на нив за нивната :гомце: музика бидејќи нема од тоа ни М од музика тоа е само :гомце: од музика со чест на исклучоците но тоа е ептен ретко ... Крај на краева не треба да се наплаќа бидејќи помалце делува смешно. Но тоа ти е оваа наша Чудесна Македонија ...
 
Мора за ваквите проблеми да бидиме попростопрененапосложни. За доброто на сите! :facepalm:
--- надополнето: 27 мај 2013 во 04:38 ---
на арамиите се знај кај му е местото!
 
Инспириран од насловот на темата и од коментарите решив да напрам пост на блогот на правдико во врска со авторските права. Како добар познавач на авторските права и индустриската сопственост би ви предложил да дознаете нешто повеќе во врска со авторските права што претставуваат и што ги штити :D па се надевам ќе ви одговори доста прашања кои ви се вртат во глава и ќе ви биди од помош :D ЛИНК од постот
Имаш право да знаеш... ;)

Поздрав
 
Таква држава прави такви закони кои штитат такви фирми...нема тука ништо чудно и ново. Да не ми наплатат и за Цеца, Аспарух и за Јорго ко ќе ги пеам нивнте песни? Да не им платат случајно за сиртакито нешто.
Затоа знам 90-тите (кога кој од нас стечај, кој 30 кој 50 марки плата па идевме до чудесни 100-150) имаше во таква фирма плати неколкупати поголеми од нашите прецедници, неколку иљади марки.

Добро, мож е језиво ама ете некои покојникот го испраќаа за погреб со почесна музика. Дали и за тоа треба да се плати на пијавициве?
не го сфаќам што вели тој закон.
Дали за препев на Трба трби Гевгелиско (стара народна за еден гевгелиски Македонски јунак, Јанков) или за изведба на жетварско, навода, свадбарско, потрчанката, пајдушкото...треба да се плати некому и кому, знаејќи дека ова е музика од народот, од непознати творци. Или ќе им се пренесат парите на собирачите на овие народни песни, кои исто така се починати и не оставиле правен застапник.
Сакам да кажам не е воопшто лесно да се стави нешто кое се творело илјадагодишно, исконско, во еден текст наречен закон. Пеки за забавните, Ена Веко, Корпичка и Цилиндер ама за народните за мене е класичен промашај
 
За народните песни не се плаќа надомест бидејќи тие песни се од непознат автор, а за тоа како се наплаќаат другите дела се уредени во Законот и во правилникот во ЗАМП......Сепак законот и наплатата на замп не е совршена и за наши услови е премногу Европски а за нов систем како тие што се на запад за најпрецизна наплата на авторите потребно е инвестиција од неколку милиони евра и нормално сведување на минимум на пиратеријата е дури тогаш потполно би се вреднувало квалитетно парче музика. Како што имам простудирано замп наплаќа паушалии бидејќи доколку би се имлементирал цел закон и таксистите ќе треба да плаќаат за музика ( ова во нормална и развиена држава ) сепак треба многу работи да се усогласат со условите кои се во нашата држава и со стандардот на граѓаните а за то треба време и пари....Цврсто стојам на тоа авторското право целосно да се почитува и да се вреднува трудот затоа што секое авторско дело некој вложил труд и го направил..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom