- Член од
- 23 март 2011
- Мислења
- 1.214
- Поени од реакции
- 1.107
Македонија цела да е,Цела и Весела 

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
истоЗнам за една жена која добила клоца последниот ден пред породилно… Во екс-ју фирмите чест е и случајот откако ќе се врати од породилно да не постои тоа работно место, да е зафатено и сл. Доколку вработената секогаш била коректна не гледам прчина за ваков тип на малтретирање, подобро да имаш секогаш +1 вработен отколку да постапуваш на овој начин со вработената.
Жената нема никаква законска обврска да го известува шефот или пак некој надреден дека планира да основа семејство и да забремени. Напротив дури законот забранува да и се поставуваат такви прашања на жената работник.
Државата ги плаќа парите за породилното отсуство не работодавачот, како и да е треба навреме да се извести шефот (а не последните месеци како што прават некој) со цел шефот да си најде и обучи соодветна замена да нема застој во работата. Сепак се работи за големи пари и никој не сака да ги губи поради несовесни вработени кои не информираат навремено..
И трае 9 месеци ако не се лажам не година ипол![]()
Претпоставувам дека во случајов и двете страни ќе учите од сопствените грешки!Остај ти законот што забранува.
Кај нас законите не важат. Само за на хартија се да стојат.
Мене ми се деси на интервју за работа да ми постават прашање дали сум била мажена. Океј, тоа прашање ми е во ред. Следно прашање беше дали планирам да се мажам?! Мислам хелооо, што требаше да одговорам? НЕ?! Нема да се мажам додека работам кај вас у фирма?! И реков, нормално еден ден ќе се мажам и ќе сакам да раѓам деца. Следно прашање беше кога од прилика планирам да се мажам и дали одма ќе сакам да имам деца?КОГА ЌЕ МЕ ПОБАРА ДЕЧКО МИ ЗА ЖЕНА, ГЛУПАЧО ТУПА!
Кога излегов од интервјуто си реков сама на себе, овие и да ми се јават, нема да прифатам работа кај нив. И така и беше. Ми се јавија за една недела, ми рекоа дека сум влегла во потесен круг, да сум одела на уште едно интервју. Јас фино лепо ги одјебив. Па имаше прашања од типот, зошто, како, па јас сум имала најголеми шанси за тоа работно место, квалификациите ми биле по нивни потреби... А у глава си мислев дали да им кажам зошто или не. Ама не им кажав, не мора од мене да учат на своите грешки.
Не ми треба таков работодавец. Кога на интервју за работа вакви безврска прашања ми поставија, можам да замислам како постапуваат со нивни вработени.
На кое осигурување мислиш? Ако мислиш на здравственото и пензиското и нив ги покрива Фондот (односно државата), а не работодавачотСамо мала исправка.
Осигурувањето на вработениот го плаќа работодавачот.
Претпоставувам дека во случајов и двете страни ќе учите од сопствените грешки!
--- надополнето: 26 мај 2013 во 22:08 ---
На кое осигурување мислиш? Ако мислиш на здравственото и пензиското и нив ги покрива Фондот (односно државата), а не работодавачот
И повторно ќе згрешишНа тоа мислев да,и пак ке напишам дека ги покрива работодавачот.
Претпоставувам дека во случајов и двете страни ќе учите од сопствените грешки!
Кога веќе си барала работа и јасно си им укажала на интервјуто дека еден ден планираш да се мажиш и да имаш деца, па и покрај тоа те побарале и ти понудиле работно место, мене ми се чини дека сепак се работело за компанија со сериозни намери, во спротивно не би те ни побарале. И покрај тоа што нивните прашања не ги оправдувам во никој случај, сепак се чини дека постапила професионално знаејќи ги твоите планови за раѓање деца некогаш во иднина.Сакаш да кажеш дека сум згрешила што не сум прифатила? Или што не сум им укажала на нивната грешка?
Мојот избор беше правилен. И денес би го направила истото.
Кога веќе си барала работа и јасно си им укажала на интервјуто дека еден ден планираш да се мажиш и да имаш деца, па и покрај тоа те побарале и ти понудиле работно место, мене ми се чини дека сепак се работело за компанија со сериозни намери, во спротивно не би те ни побарале. И покрај тоа што нивните прашања не ги оправдувам во никој случај, сепак се чини дека постапила професионално знаејќи ги твоите планови за раѓање деца некогаш во иднина.
Кога Сара и пришла на нејзината менаџерка, да разговара за тоа дека сака 6 месечен период да биде заедно со детето после пораѓајот, менаџерката веднаш почнала да се пазари за должината на платениот одмор, на крајот под притисок ја принудила да прифати да добие 4 месечен одмор.
Кога и покрај тоа, Сара се вратила на работа, единствената работна позиција слободна за неа била таа, каде Сара морала постојано да патува, понекогаш дури и по неколку месеци да биде на пат. И покрај тоа што Сара јасно дала дознаење дека неможе да прифати таква работа. Едноставно поради пртисокот наметнат од надредениот таа морала да ја напушти работата.
Извор