
Институтот во вториот дел од телефонското истражување, спроведено помеѓу 17 и 21 мај 2013 година, на 1050 испитаници, реализира анкета која се состоеше од неколку прашања за релациите на Македонија со земјите од опкружувањето, меѓу кои особено беа интересни перцепциите на македонските граѓани во однос на соседите, а особено во пресрет на јунскиот извештај за Македонија од страна на европската комисија и добрососедските односи, кои дел од земјите од нашето опкружување ги наметнуваат како клучни за нашиот напредок на патот кон ЕУ.
Како што беше наведено и во вчерашното соопштение, ова истражување беше спроведено според стадардизиран прашалник и врз основа на стратификуван примерок кој е репрезентативен за населението во Република Македонија. Во примерокот беа запазени демографските специфики на населението (полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност), а беше направена и соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење.




Што мислите за оваа анкета. Според мене е релевантна, реално со Србија имама најмалце проблеми и нерешени прашања денес, значи не зборувам за настани во историјата, освен црковниот проблем, други отворени прашања не постојат.
Еве нека има анкета и на темава да видиме дали и членството на форумот се согласува со ова истражување