Едно сосем обично македонско село...

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
http://mk.wikipedia.org/wiki/Паралово#.D0.94.D0.B5.D0.BC.D0.BE.D0.B3.D1.80.D0.B0.D1.84.D0.B8.D1.98.D0.B0

Географиja и местоположба [уреди]

Селото е сместено на западните падини на Селечка Планина, 20 км источно од Битола.
Историja [уреди]

Економија [уреди]

Демографија [уреди]

Според пописот од 2002 во селото живеат 5 души, а во 2007 останати се само двајца, и тие се скарани.
Општествени институции [уреди]

Администрација и политика [уреди]

Културни и природни знаменитости [уреди]

Редовни настани [уреди]

Паралово фест - настан на кој се собираат сите луѓе во селото и прават натпревар кој прв ке ја измолзе кравата не друго...во моментот имаме само 2ца натпреварувачи.


 
На врв на кораб има СЕЛО 10 жители има и тие се скарани од различни партии се и не зборат ццццц.
 
хахаха да не беше музичено од филмон, qr шо ќе го лајкнав постов :P
 
И во Струмичко има слично село, заборавив како се вика живеат две жени во селото и исто и двете се скарани.
 
Во мариово има село Кокре веднаш до Прилеп е на 37м (30 км асвалтен пат и 7 км отприлика мн гаден пат земјен) до пред 5-6 години имаше во селото 4ца односно 2 куќи по 2ца и беа скарани муабет не си праеа, е сега има само една куќа со 2ца кои само за спиење се видуваат :)
 
И во Струмичко има слично село, заборавив како се вика живеат две жени во селото и исто и двете се скарани.

Не е само едно такво село во Струмица, повеќе има. Бајково, Баделин, Барбарово, Стиник, Варварица. Во просек, живеат по 10-тина луѓе во едно село.
 
Не е само едно такво село во Струмица, повеќе има. Бајково, Баделин, Барбарово, Стиник, Варварица. Во просек, живеат по 10-тина луѓе во едно село.


Јас за Бајково имав слушано дека живеат само 2 жени во селото и тие се скарани, а од другиве што ги спомна само за Варварица сум слушал.
 
стварно ова со фестот за молзење? И што е наградата, лузерот му меси леб на победникот до наредното одржување?
 
Македонско село со два жители и тие скарани


Селото Паралово кое се наоѓа на 20 километри од Битола по многу нешта е специфично. Според пописот во 2002 година, во селото живееле 5 лица, за да тој број во 2002 година се намали на двајца жители кои се скарани.

Ваквата информација за селото може да се најде на Википедија, но засега нема потврда за веродостојноста на истата поради добро познатиот начин на уредување на овој сервис.

Во селото се наоѓа гробот на славниот војвода Ѓорѓи Сугарев, кој бил убиен над селото, кај местото викано Чукарите, во нерамна борба со турскиот аскер во 1906 година, заедно со уште 22 комити членови на неговата чета.

Во поновите книги објавени за смртта на Сугарев од битолски хроничари се вели дека бил предаден од Петар Лигушо, секретарот на битолскиот окружен комитет. Според едни, тоа било направено под влијание на врховистите, а според други - зашто водел строга контрола за парите на организацијата. Како и да е, во книгите се вели дека тој испратил писмо до Сугарев барајќи помош против андартските чети во Мариово. Сугарев со својата чета дошол кај Чукарите, каде што имало заседа. Сите комити загинале, а тој на крај самиот крвта си ја пролеа.

Селото е познато и по Манастирот „Свети Ѓорги“, кој е еден од најстарите во државата и во кого се верува дека се ноаоѓаат мошти од свети Ѓоргија, односно еден прст од неговата рака.

Во селото постои суеверие дека оној кој последен ќе го напушти местото, него и неговото потомство ќе го следи несреќа. Стравот од несреќата, што според легендата ќе му се случи на тој што последен ќе се исели, но и љубовта кон селото не дозволуваат да згасне последното огниште во битолско Паралово.


Ова го има само кај нас во нашата чудесна земја Македонија
 
Да, точно така и јас читав за ова некаде изгледа во некој дневни новини.
Но што е толку чудно па и најпознатото македонско село Галичник беше долги години со само еден жител ( сега е почината мислам )
Само да замолам да не се сврти темава во друг правец на пример воопшто Скопје да не се споменува тука. Ајде да ги набројме и другите села во Македонија со под 10 лица.
Нека каже некој еве за Трновац - кратовско, колку сега има жители.Може и за Шлегово.
Да чујам и за Новачани и Сопот-велешко. Е некогаш имаше тука полно школски деца.
Ајде и за некои сега пусти светиниколски села.(оние во околината на Ѓуриште)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom