Фан Клуб: Порто

  • Креатор на темата Креатор на темата Riddler
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.966
Поени од реакции
9.596
Локација
Македонија,мала земја совршена за голем криминал
150px-FC_Porto.svg.png

ФК Порто
Основан: 28.09.1893
Стадион: Драгао (Estádio do Dragão)
Капацитет: 50,399

Фудбалскиот клуб Порто е основан од страна на Антонио Николау де Алмеида кој бил трговец со вино во градот Порто кој се наоѓа во северниот дел на Португалија и е еден од трите најголеми клубови во својата земја заедно со Бенфика и Спортинг Лисабон (Três Grandes) кои се и најголемите ривали на Порто.Овој клуб уште е познат и под имињата Dragões (Змејови) и Azuis e Brancos (Синобели) и е најтрофеен португалски клуб со освоени 72 титули пред неговите ривали Бенфика 69 и Спортинг Лисабон 45.
Со текот на годините клубот Порто преарсна во еден од најголемите клубови во земјата и во Европа за во 80тите да го достигнат врвот и во сезоната 1986/1987 да го освојат Европскиот куп(Лига на Шампиони) како и Суперкупот и Интернационалниот куп а 10тина години подоцна да ја освојат 5 пати Португалската лига по ред па во сезоната 2003/2004 по втор пат да ја освојат Лигата на шампиони како и на два пати го освојуваше УЕФА купот/Лига Европа во сезоните 2002/2003 и 2010/2011.
Клубот Порто од своето постоње има освоено голем број на титули:
26 титули во Премиера на Португалија
4 титули во Шампонатот на Португалија(сегашниот куп на Португалија)
16 титули во купот на Португалија
19 титули во Суперкупот на Португалија
2 титули во Европскиот куп / ЛШ
2 титули во Лига на Европа/УЕФА куп
2 титули на Интернационалнит куп
1 Супер куп на Европа
како и во 1987 се прогласени за најдобар фудбалски клуб во Европа
 
Во периодот 2004-2008ма Порто ни беше 2ра екипа,пола од трансферите во Челзи беа од таму :icon_mrgr::icon_mrgr:
 
Во последните 10-12 години читав дека имаат земено преку 900 милиони евра од трансфери:cuc: и секогаш имаат нови кои се спремни пак да ги продадат за некое време.

И што е најбитно се држат на врвот цело време,имаат одлични скаути и морам да ги пофалам:ROFLMAO:
 
Еден мој пост од темата за трансфери:

Порто се тимот со најдобра трансфер политика во Европа,па и во светов.. Колку само имаат извадено пари од трансфери последниве 10 години :eek::eek:
Се тоа се млади играчи земени за неколку стотици илјади евра од Бразил,Аргентина и сл. јужноамерикански земји кои за неколку години ги продаваат за 10-20Х поскапо на Челзи,Реал,Барса,Интер,Лион,Марсеј и останати големи европски екипи..
Секоја чест за раководството на тимот..

Неколку нивни трансфери во последниве 10 години

Андраде 10-12 милиони евра - Депортиво 2002ра
Хелдер Постига 8-12 милиони евра - Тотенхем 2003та
Карвалјо 30 милиони [He joined Chelsea for €30 million/£20 million at the time] 2004та
Фереира 20 милиони [He joined Chelsea for €20 million (£14 million at the time] 2004та
Карлос Алберто 10м [He joined Коринтијас for €10 million] 2004та
Деко 20-22 милиони [He joined Barcelona for €16m + R.Quaresma,at the time valued about €6-8 million] 2004та
Маниче 16 м. [He was sold to FC Dynamo Moscow, for 16 million.] 2005та
Сеитаридис 10 м.[He was sold to FC Dynamo Moscow, for 10 million.] 2005та
Луис Фабијано 10м. - Севиља 2005та
Костиња 4м - Динамо Москва 2005та
Тиаго Силва 4м - Динамо Москва 2005та
Нуњо Валенте 2м - Евертон 2005та
Диего 6м - Вердер 2006та
Бени Меккарти - 4м 2006та
Андерсон во Јунајтед за 30-32м евра 2007ма
Убиецот во Реал Мадрид за 30м евра 2007ма
Рикардо Коста во Волфсбург за 4м евра 2007ма
Хуго Алмеида во Вердер за 3.6м евра 2007ма
Кварезма 22 [He joined Internazionale Milan for a fee of €18.6 million] 2008ма
Босингва 18 [He joined Chelsea for a fee €20.6 million/£16 million at the time] 2008ма
Асунсао во Атлетико Мадрид за 2.8м 2008ма
Хелдер Постига во Спортинг Лисабон за 2.6м 2008ма
Лопез 24-28 [He joined Lyon for a fee of €24 million, plus a €4 million bonus subject to performances.] 2009та
Лучо 18-24 [He joined Marseile for a fee of €18 million,plus a €6 million bonus subject to performances.] 2009та
Б.Алвес во Зенит за 22м евра 2010та
Р.Меирелес во Ливерпул за 12-14м евра 2010та
Фалкао за 48м евра во Атлетико Мадрид 2011та
Гуарин за 12м евра во Интер 2011та
Хулк во Зенит за 56-60м евра 2012та
Переира во Интер за 10м евра во 2012та

Во последниве неколку години гледам дека и Бенфика почнаа со слична политика (погледнете само колку пари земаа последниве 4 години од продавање на играчи како Ди Марија,Рамирес,Д.Луиз,Витсел итн итн..) на купување млади јужноамериканци и потоа продавање на истите за неколку пати повисока цена..
 
Според мене имаат најдобар скаутинг одличен тим на тренери и севкупно сите луге шо го предводат клубот вршат одлична работа и не само овие трансфери погоре доста пари зедоа и за Вилаш Боаш 15милиони евра а знаеме како заврши Боаш .Еве сега донесоа 3ца играчи, 2ца од мексиканскиот шампионат мислам дека сеуште не се стигнати во клубот и еден од колумбискиот сите имаат околу 20тина години + Мартинез кој го зедоа летото фантасичен напагач веке за една полусезона се распука некои клубови пројавија интерес за него и сигурно има 3-4 пати поке пари да земат од што го платија исто и Родригез одличен играч и талент кој сигурен сум дека и тоа како ке земат голема пара за него,Мутињо исто.
 
Натпреварот на годината за Порто против најголемиот ривал во Португалија Бенфика кој директно одлучува за титулата во Португалското првенство но и со победа нема се да е завршено бидејки во последното коло Порто гостува кај Пакош Фереира која е трето пласирана и се бори за квалификациите во ЛШ.
Без некој поголеми отсуства и двата тима за денешниот натпревар освен Маикон кај Порто кој е непоразен од Бенфика во лигата од 2009 година.
Можен состав на Порто
Хелтон,Данило,Отаменди,Мангала,Алекс Сандро,Фернандо,Лучо,Мутињо,Родригез,Варела и најдобриот стрелец во лигата Мартинез.

Порто - Бенфика 21:30 на Драгао
 
И повторно на врвот со 27 титула во шампионатот и тоа непоразени но и двајца играчи од првиот тим кој го напуштаат Драгао Мутињо и Џејмс Родригез за 25 односно 45 милиони евра преминуваат во Монако.
581823_593232060696626_87792862_n.jpg
 
Ако е вистина дека ги продале Мутињо и Родригес за 70 мил. Немам коментар за нивната трансфер политика :cuc:
 
Ако е вистина дека ги продале Мутињо и Родригес за 70 мил. Немам коментар за нивната трансфер политика :cuc:

Така барем стоеше на официјалната на Порто инаку чекаат процент од трансферот на Фалкао :D кој најверојатно ке се случи овој трансфер период
 
Порто од следната сезона со нов менаџер Паоло Фонсека кој оваа сезона го предводеше тимот на Пакош Фереира до третото место во Португалската лига и зад себе ги остави Брага и Спортинг Лисабон.
Досегашниот менаџер Витор Переира замина на печалба во Саудиска Арабија во тимот на Ал Ахли.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom