Лефкада

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување
Обавезно да ја посети тој што има можност, длабоко препорачувам. Препорачувам и смештај на сопсвена режија, бидејки агенциите го прават истото тоа за вас, само ви земаат одредена сума пари плус, за студио или хотел. Забава не очекувајте премногу, освен малку во главниот град, но и тоа е минимизирано. Никако да не вадите мегународна дозвола ако ви е потребно да изнајмувате таму кола или мотор, и да ве фати полиција поминува со македонската дозвола без проблем - проверено лично од мене. :)
 
Planiram ovoa leto da go posetam ostrovot. Kolku vreme se vozi so kola do tamu i koe bi bilo family friendly mesto (hotel plaza) parite ne se bitni ?
 
Од Битола до Лефкас е 4 сати и кусур. Од Скопје би требало еден сат повеќе.
Family friendly е се на Лефкада, нема Кавоси, Лаганаси и сл. Јас би ти препорачал Агиос Никитас.
 
Планирам летово да идам во Лефкада поточно до местото vasiliki, ме интересира како е организиран превозот од таму до другите плажи. Планирам да изнајмам возило ама максимум 2-3 дена, па така за останатите 5-6 дена има ли некој автобус/брод што се обраќа до некоја од плажите. На нет прочитав дека од vasiliki до porto katsiki beach се обраќало такси на вода и чинело 6 евра по човек повратна карта.
 
Јас бев пред 3 години Лефкада, во најјужното селце Василики.
Супер место за одмор, без журки и забава се препорачува за млади двојки (дечко девојка или млад брачен пар)
На островот направив 1100 км за 10 дена секој ден на различна плажа и веќерта скоро секој ден на различо место за шетање.
Може да кажам дека смештајот беше доста поскап отколку халкидики или крф.
Од василики имаш такси бротчиња до порто казики и агремној (сите плажи бојата азурно плаво само оваја зелена) само за цена не се сеќавам.
Навечер за шетање и кафанчиња во Нидри и во главното градче.
Од скопје патот до главниот град на лефкада мислам дека со просечна брзина од 130км/х се стигнува за 5.30-6 часа преку битола, кожани ,јанина, лефкада. Патот е нов автопат ептен убав за возење само што немаше ниедна бензинска пумпа до јанина затоа у битола натанкајте си го автомобилот со бензин ако за овие 3 години не отвориле некоја пумпа случајно.
Прекрасен одмор со милјоон слики што ќе ги направите, земете си поголеми мемориски картички :vozbud:
 
Кој период планираш да одиш?
 
Би те корегирал за тоа околу бензиските пумпи, ги нема на самиот пат но затоа ако имаш потреба за бензин имаш исклучувања за Кожани и други населени места каде по 1-2 км ќе наидеш на пумпа. Малку е чудно за нас што по главна траса нема пумпи али тоа е некоја нивна логика.
 
Планирам летово да идам во Лефкада поточно до местото vasiliki, ме интересира како е организиран превозот од таму до другите плажи. Планирам да изнајмам возило ама максимум 2-3 дена, па така за останатите 5-6 дена има ли некој автобус/брод што се обраќа до некоја од плажите. На нет прочитав дека од vasiliki до porto katsiki beach се обраќало такси на вода и чинело 6 евра по човек повратна карта.
Тој период и ние сме таму, па може да се договориме околу делење трошоци за изнајмување на возило :)
 
https://www.facebook.com/pages/Balkan-Fun-Macedonia/310855589047976?hc_location=timeline
Ваше е да изберете каде би ги поминале вашите 10 незаборавни дена, наше е да ви го презентираме она што го имаме спремено за НАЈЛУДИОТ Summer Fun до сега..

Каква врска има ова со темава? Внимавај на постовите во иднина, затоа што тенденциозното рекламирање е строго забрането на форумов.
 
На booking гледам најефтино место на Лефкада е Kariotes. Бил некој таму? Добра е плажата?
 
На booking цените се проприлично високи, незнам кој е проблемот со Лефкада али цените се апла солени за обични грчки смештаи.
 
Има ли организиран превоз од агиос никитас до убавите плажи и кои се цените?
 
дефинитивно заминувам лефкада ова лето.. само не можам да се одлучам дали василики или никитас..:P
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom