Епа и Руни сака да си оди од фудбалски причини. Првиот пат беше истата од ван Перси после продавањето на Роналдо, му ја исполнија го уверија дека ќе се гради повторно тим чии дострели ќе бидат финале ЛШ, остана човекот. Причината за второто барање на трансфер е неиграњето на своја позиција, и тоа што често пати беше на клупа(дури и на битна утакмица како таа со Реал). И никој неможи да ме убеди дека Руни веќе неможел да игра 90мин со исто темпо или дека сега бил послаб во форма или подебел во стомакот или незнам што....Ако беше така САФ немаше да се замара и ќе беше продаден до сега, и немаше да изјави Руни не го пуштаме да оди никаде. Така да не ми наврзувај теми дека не бил спремен и дека не заслужувал статус на ѕвезда во клубот.
Сите овде се радувавме кога го играше на CM и кога излегоа гласините за Фалкао, сите мислевме дека тоа ќе биде новата улога на Руни и + ќе доведиме уште еден голгетер како Фалкао, и сите мислевме дека сите се среќни со таква разврска, арно ама не бил еве Руни среќен со тоа што упорно го играат назад. И за мене многу кажува тоа што човекот не се побуни на сред сезона(како Тевез на пример, не играм и готово!), си ја вршеше задачата до крај колку може, за на крај да стави до знаење дека не е среќен со тоа и дека ако се продолжи со таа тактика, тој би сакал да смени средина.Што е доста логично и разбирливо. Арно ама еве се спомнува дека треба да се сретне со Мојс и да му каже кои се плановите на негови. И јас сум убеден дека ако Мојс го смири и го увери дека ќе го врати на природната позиција, дека Руни ќе остани во Јуанјтед.
Само тогаш е прашање како вас како фанови нема да ви биде срам, за се што изедовте за еден таков играч, кој секогаш игра со срце. Впрочем ако не го сакаше Јунајтед немаше да остане уште при првото трансфер барање.
Значи ситуацијава е иста како со Перси, двајцата беа незадоволни од фудбаски причини.И нема што тука да му се замерува.Ако постигнат договор супер, ако не ќе биде продаден и тоа е тоа. Само не ја разбирам вашата потреба да го вреѓате, да го продавате во Русија или што и да е.. после се што направил за Јунајтед. Колку и да не сакаш да признаеш, фрустрација е во прашање. Зошто пак да побара Руни трансфер?!? Зошто, тие знаат. Ама дека бил дебел,неспособен,пијаница,тромав,неспретен,спор.....
Па уште имаше постови како тоа никој го нејќел, ниту Реал ниту Барса..
Ма немој. Не е уште потврдено дали си оди или останува, па затоа нема никакви понуди и реакции, та инаку незнам дали ќе останат рамнодушни од Реал.Ќе видиме.
Да заокружам, на сите начини пробувате да го оцрните, а уште не се знае дали ќе си оди.А како пто кружат гласиниве во последно, поблиску е да остани отколку да си оди.