Иако ме потценуваш како дете Знам за тебе повеќе од колку што мислиш дека јас знам.Веќе ми беше јасно за товјата дејност и цел на форумов уште по твоите пп пораки кој беа многу учитливи и пристојни но кога начека одбивност веднаш се префрли на арогантност и осуда што таков човек не личи на Христијанин пријателе.
Ти беше тој што прв ми прати приватна порака мене, а не јас тебе. Значи тоа беше твоја дејност и твоја цел, а не моја.
И потоа следеа моите одговори и твоите дополнителни прашања. Јас сум си искрен, директен и секогаш поткрепен со Божјото слово во моите христијански аргументации. Кога на луѓето им одговара кажаното, тоа го толкуваат како „учтивост, добар одговор“, а кога не им одговара го нарекуваат „арогантност, осуда и сл.“ Класика.
Впрочем така беше и со Христос. Кога Исус им збореше за убавите работи, за љубовта Божја, за простувањето, за милоста, кога им даваше леб, кога ги лекуваше, сите го сакаа, го следеа, му ги „лајкнуваа“ коментарите, викаа Осана Осана.. но кога Исус почна да им зборува директно за гревовите што ги прават, за промените што треба да ги направат, за пеколот, тогаш мнозинството луѓе почнаа да го нарекуваат опседнат од демон, богохулник, велеа: Распни го!, Распни го! и сл.
Но не си единсвен на форумот што кога ќе се најде во аргументиран ќорсокак, од темата на дискусија преминува на лични напади, оцрнување на личниот кредибилитет на соговорникот, притоа служејќи се со клевети и дезинформации. Не паѓам јас на тоа ниво.
Линковите што ми ги даде ни еден не работеа
Сега ги проверив. Сите работат, освен првиот кој од некоја причина не се отвара кога ќе кликнеш на него, но ако го копираш во посебен прозорец си работи. Или најдобро напиши го самостојно, името е лесно:
www.crkva.org.mk
пиши во која населба живееш па ќе те упатам во таа населба каде да одиш.
Абе јас не те прашувам кој е најблискиот православен храм до мене. Јас сум стар скопјанец и добро ги познавам православните храмови тука. Моето прашање до тебе е истото кое што ти ми го постави мене. Значи те прашувам каде се наоѓа твојата црква, црквата каде што служиш, каде си ја негуваш својата вера, каде што веројатно одиш на заеднички молитвени состаноци, каде што се причестуваш итн. Баш ме интересира и кога (во кои термини) имате богослужби, поуки, молитвени состаноци и сл. Зошто не пишуваш? Зарем се срамиш од својата црква? Или можеби има нешто таинствено таму?
Кога ти пиша (тука јавно на форумов) дека демек јас не сум кажувал каде одам и кои се моите верувања, јас за 2-3 минути ти одговорив детално, исцрпен одговор. А сега те прашувам тебе, а ти не одговараш.
И сега повторно и повторно.
Не даваш одговори
И згора на се јас испаднав тој што не дава одговори

Иако сите те читаат како избегнуваш едно толку просто прашање, ти згора на тоа велиш дека јас сум тој што не дава одговори
