Јебига Леа за многумина иднина е мафтање партиски знамиња и прошетки по митинзи.
А толку ни е се розево у државава шо секој муабет шо ќе го чуеш од случаен минувач е пофалба за добриот живот у странција.
Глупаци бе, бегаат од убаина Македонска.
Шо ни фали овде? Ништо, освен некои ситници шо кај да е ќе се средат

Се функционира беспрекорно:едношалтерски систем, здравство, образование, нема селективно спроведување на закони, секој може да се вработи без партиска книшка и врски, се вреднува знаење, нема казни за дишење воздух, едини сме у свет шо не плаќаме парно кое не го користиме, можеме да излеземе на протест и да си ги бараме нашите права без некој да не прогласи за предавник, платите растат во согласност со растот трошоците за живот, стапката на невработеност не се намалува со бришење од евиденција....
Стварно треба да си луд, предавник и да дозволиш комуњари од одредени медиуми да те тераат да избегаш од ваква убаина.