Дали на наркоманите треба да им се одземе родителското право?

  • Креатор на темата Креатор на темата AlternativeF
  • Време на започнување Време на започнување
Еве зошто на џанкерите не треба да им се даде родителско право.
 
Оти сте себични море :D
Гревота се, ете згрешиле самите шо да му прајме. Да се поработи на системот за нивно ,,превоспитување", па после ако се увиди некако дека горе долу постанале ОК, со зголемена контрола , како ми како, има некоја логика да си чуваат деца. Но сето ова бара премногу залагање, инвестирање, трошење средства, така да Си-Фи само иди во случајов.
 
Да, се до оној момент додека родителот не е ,,чист,, определено време - одлучено од лекари и специјалисти на тематиката.
Наркоманот е прво зло за сам себе, а потоа и за сите околу себе.
Детето заслужува подобро од тоа.
--- надополнето: 13 март 2013 во 06:03 ---
П.С. Тука спаѓаат и родителите алкохоличари.
--- надополнето: 13 март 2013 во 06:06 ---
Да, тешко прашање.
Но како би има се одземало правото да бидат родители?
По самото дознавање дека некој наркоман или примател на метадонска терапија, да му се обезбеди "бесплатен" абортус.
Малко е апсуртно...

Или детето да се даде на посвојување?
Уф со години ќе биде во домот без родители. Или доколку родителот се покаже како чист, и детето ќе му биде вратено....
Не знам... Малко ми е конфузно...


Не така едноставно детето завршува во дом.
Се оди по крвно сродство - дали другиот родител е наркоман? Баба, дедо? Брат/сестра на родителите? Итн, итн, итн, тек ако никој од роднините не се нафати да го чува, евентуално ќе заврши во дом или во привремен дом.

Сепак, ако успее наркоманот да се избори со зависноста (не е баш исто шмркање и игла), детето може условно да му се врати.
--- надополнето: 13 март 2013 во 06:10 ---
Нема многу што да се расправа. Но чисто ме интересира колку од тие што во темава судат ги прочитале човековите права.
На секој човек што има било каква болест ( на пример зависност) треба да му се помогне. А не да се казнува.

Точно!
Ама на никаков начин помагањето на наркоманот не смее да оди преку грбот на детето.
Детето да се заштити соодветно (настрана од сите срања кои одат заедно со наркоманијата) а на болниот човек да му се помогне исто така соодветно.

Никако тоа не значи дека треба да се изгуби контактот меѓу детето и родителот - туку превентивно да му се одземе старателството, затоа што начинот на живот и непостојаноста на родителот многу лошо ќе се одрази врз квалитетот на животот на детето.
--- надополнето: 13 март 2013 во 06:11 ---
Се кладам дека добар дел од дискутантите тука, имаат различни идеи во главата, околу тоа кој е наркоман, а кој не е.

За мене не е наркоман некој што дува.
Ама оној што се боде, сигурно е.
--- надополнето: 13 март 2013 во 06:20 ---
Целиот проблем е што во вашите очи, секој со слаб карактер не заслужува помош. Не сме сите исти. Ти конкретно во споредба со мене си мало маче, но тоа не значи дека треба да ти бидат одземени некои човечки права. Кога си силен, имаш одговорност да ги штитиш и да им помагаш на послабите, а не да ги угнетуваш. Тоа што вие хомофобите им го правите на другите е чиста тиранија. Ако на тоа се гордеете, секоја ви чест.

Заслужува, како не заслужува?

Без оглед од која причина почнал некој да се дрогира - САМ е виновен.
Како што сум јас сама најсама исклучиво виновна што пушам по 2 кутии на ден и можно е да цркнам од рак. Никој не ми е крив. Мајка ми не ме тепаше, татко ми не ме напушти и дефинитивно другарчињата не ме клоцаа на улица, а учителката не ме влечеше за уши.

Секој порок - е поради недоволно големо его на личноста. Пронаоѓање на своето место во таргетираната група.

Како и да е, не е важно зошто почнале да се дрогираат.

Се согласувам, им треба помош.

Надвор од урбаната заедница. Ич не сум јас крива што Петко татко му го тепал, а мајка му се проституирала, и мојот телевизор го отплаќам на ради, зошто ни мене ружи не ми цветаат, а татко ми не е Рокфелер.
И исто така, не ми е осигуран домот, што значи дека ако ми влезе тој џанки, ми го собере телевизорот, ќе добијам записник од џандари и што?
Ќе си отплаќам рати на телевизорот кој го немам, и ќе си сонувам во боја за нов телевизор......
--- надополнето: 13 март 2013 во 06:21 ---
Кој сте бе вие да одлучувате како некој да живее? Ако сака да се дрогира нека се дрогира ако сака да си чува деца нека си ги чува. Со кое право ќе одзимате дете од родител?

Ако сака нека си го шитне за грам кокаин, или нека го шитка на педофили за грам кокаин, која сум јас да се мешам?
Може во агонија рака да му скрши, ееее па и јас будала, за една рака.
--- надополнето: 13 март 2013 во 06:24 ---
Кој го има ПРАВОТО да одлучува и да кажува што е во ред а што не е? Ти? Јас? Кој? Затоа што ти мислиш дека нешто е добро или лошо незначи дека е. Може ли да замислиш одредена ситуација во која некој родител истепал свое дете и тоа да заврши со позитивни последици по неговиот развој? Немате право!
Кој е тој што одлучува? Тоа што е добро за мене е лошо за тебе и обратно!

Сигурно за едно дете е многу позитивно нас ич ташак да не не боли дали дома татко му го онади, онака анално, или мајка му го ака од земја оти нема пари за дрогичка, детето и е криво, морала храна да му купи, јебига.

Да, лошо е дете да живее во нездрава средина.

И да, законите во една држава ќе го одземат од родителите за добро на детето.
За да ја добие шансата за која родителите не мислеле пред да го створат.
--- надополнето: 13 март 2013 во 06:28 ---
Па што ако не порасне во нормална особа? Има многу нормални особи кои се мизерни и многу ненормални особи кои се среќни.
Сега ќе кажете и што е нормално и што е здраво и што е добро и што не е? Се разбира според вас од ваша гледна точка :)
А ако некој друг не се согласува со вас тогаш е ненормален, така?

О, Боже.
Не, ако не се согласува со мене, апсолутно не значи дека е ненормален.
Самиот збор што го употребуваш ти го кажува истото што и значи - нешто што не е нормално.

Во овој случај, однесувањето кое не е нормално во едно општество, значи дека го повредува општеството, а општеството се сите луѓе кои живеат во рамките на една држава.
Во овој случај, мојот комшија наркоман можеби ќе ме повредува мене, ако ми краде од дома, ми фрла игли во двор, или ми го малтретира пример, моето дете, при наплив на агресија.

Од иста причина од која психопатите се тргаат од улица, социопатите исто така, ист третман треба да добијат и наркоманите и алкохоличарите.

Не познавам лично и приватно наркомани, ама познавам само еден алкохоличар.

Ќерка му се омажи на 14, до 17 имаше две деца, маж и меѓувремено се самоуби. Жена му го остави и избега - никој не знае каде, а тој сам скита по улици и спие на сред улица, повеќе од еднаш сум викала Брза Помош и сум стопирала коли во темницата да не го акнат, и после како за човек да лежат.

Ете затоа, таквите ликови, треба да се тргнат. За ние останатите, кои не му пречиме на општеството, да можеме да живееме без страв по нашата безбедност.
--- надополнето: 13 март 2013 во 06:35 ---
Убаво што пиша, кога почна да двоиш, ајде сега кажи само кои наркотици на што точно делуваат, еве нека бидат овие основните, марихуана, хероин, кокаин. Па потоа кажи колку различни супстанци има во една цигара и одвои неколку и кажи како делуваат на човековиот организам.

и да, а алкохолот како делува на неуротрансмитерите, а како прекумерната храна?

Ааааа да, само црнците и педерите имаат право да бидат дискриминирани, друг вид на дискриминација не постои

Не се дрогирам, ама пијам и пушам.

Кога пијам, на пример, едвај стојам на нозе, ако голтнам чашка повеќе. Тропам глупости, неспособна сум било што да сработам, а да не зборуваме за фокусирање на некоја ментална или физичка работа.
Добро е што успевам на правилно место да се измочам, нели.

Е сега, пушам по 2 кутии цигари на ден, кога спремам испит и повеќе, со литри кафе пропратно.
Ми опаѓа притисокот од цигарите, ама тука е кафето, нели.
Успевам на овој начин по 5-6 саати да не мрднам од столче, да се фокусирам, притоа сосема добро ми работи мозоков. Очигледно чим после тоа со добра оцена полагам, нели?

Е сега. Ни кафето ни цигарите не се добра работа. Ич.
Ама не се опијати.

Од цигари можеш да се предозираш, ама еве, после 2 кутии сосема ми е ок.
Од кафе се имам предозирано, после 32 саати будна состојба, и преку 4-5 литри кафе, не можев да заспијам. Телото ми спиеше, умот не. Со тешка мака уште 2 саати мижев, повраќав...


НО ниту еднаш не паднав во агонија, не се обидов да украдам нешто, не се обидов да повредам некого...
--- надополнето: 13 март 2013 во 06:36 ---
И Хитлер го правел ова истово што ти сакаш да го правиш како не ти е срам кого ќе стелизираш ма ќе убиваш деца а ај дојди моето дете земи го да те видам

Ако дадеш доволно добра причина и адреса, очекувај социјален работник (y)
--- надополнето: 13 март 2013 во 06:47 ---
Абе тоа се степени бре човек праиме муабет за од до не е секој наркоман зависен од ист тип на дрога ниту пак е ист тип на личност ниту пак зависноста е во иста мера ниту пак детето е исто и исто ги доживува нештата не се и сите на иста возраст неможете така да генерализирате ако така зборуваме тогаш на сите сиромашни луѓе треба да им се одземат децата така ај да почнеме од циганите тогаш еве Луси тоа што Хитлер го почнал може да го заврши

А ти сметаш дека добриот родител го праќа детето да проси на семафори за тој после да може да се напие?
Кога веќе ги спомна циганите, нели...
--- надополнето: 13 март 2013 во 06:53 ---
Тука се зборува за наркомани во генерала а не за кретени родители. Има и сосема нормални луѓе што водат здрав живот без дрога, алкохол и цигари, а пак ги малтретираат децата. Ако сакате да зборуваме за ваквите луѓе тогаш сменете го насловот на темата.

Наркоманот кога ќе си ја добие дрогата, може да биде бајче. Што правиме кога е во агонија?
Значи, наркоманот не е лош човек. Наркоманот е човек кој не може да се грижи ниту за себе, а посебно не за дете.
Тука посебен акцент ставам на мајките зависнички.
Бидејќи, почесто гледаме самохрани мајки него самохрани татковци.
Во случај да е таткото наркоман, а мајката не, мајката може паралелно да го чува тоа дете и да го трга по потреба настрана од таткото, ако успева таа самата да се справи со него во неговите кризи.
Но ако мајката е самохрана, таткото не е во близина, а таа е во криза, кој ќе му помогне на тоа дете?

Искрено ми е гајле кој се фикса, кој не се фикса, не е мој проблем. Ама мој проблем е добробитта на децата. На циганчињата заради кои еден ден ќе летам од работа, итн. Чии родители неретко се наркомани, патем.
--- надополнето: 13 март 2013 во 06:59 ---
Целосно е разбирливо дека наркоманите не се пресметливи луѓе ама сфати веќе еднаш, не дебатираме тука за нивната пресметливост туку за тоа дали треба да ги одметнеме од човештвото и да ги оставиме да живеат во мизерија дур не умрат. Зарем човечкото во тебе не ти кажува дека би требал барем да се обидеш да ги вратиш во колосек пред да кренеш раце од нив? Зарем не си привлечен од предизвикот? Зошто толку бегате од тешки проблеми? Па јас ли сум единствениот што обожава добар предизвик?

Зошто се оди од крајност во крајност?
Ебаго, на клиника запознав наркомани затворени во четири ѕида. Наркомани во агонија. Наркомани кои беа спремни да ги убијат болничарите за да избегаат и да најдат дрога - која и да е таа што им е потребна.

Не, не треба да се убијат, да се уништат, да се користат за производство на сапун и кожни ташни и чизми. Не.
Ама не треба ни да се остават слободно да шетаат низ улиците. Свесни сме дека во краен случај ќе направат работи кои ни самите не се свесни дека се способни да ги направат, само да го добијат тоа што им треба.

Од таа причина се држат надвор од општеството, надвор од факторите кои ја поттикнуваат нивната потреба.

Познавам едно девојче, не ми беше другарка - но познаничка, имаше обичај да ми се исповеда кога и беше најлошо во животот. Не знам точно на која и како дрога беше - не ги ни распознавам искрено дрогите. Ама знам дека од одлична ученичка, со ОК социјален живот, се претвори во проститутка за малце од ,,нејзиното,,. Отиде малце подалеку од град, онака во природа, во мир и во тишина, без можност да се симне во град пешки, со многу, многу, многу упорност, и два пати по 6 месеци во тишина, почна да живее како човек, а не по дупки и канали и мостови.

Извини, ама во периодот додека не знаеше со кого следно ќе се опне за да најде некој денар, немаше каде да живее и немаше пари ниту за леб, не би и дала ни куче, ни маче, а посебно не дете.
Не затоа што би го малтретирала. Веројатно не.
Ама затоа што немаше како да му пружи основни услови за живот.

Не велам добри, велам основни.
 
Треба... ме мрзеше да ве читам нагоре темава кајгана се сторила :)
Треба законски да може друг роднина да им го земе старателството
Или згрижувачко семејство
Не треба еден вујко на пример да седи и беспомошно да гледа како сестра му си го уништува детето, без разлика што и за неа му е жал без разлика што згрешила без разлика што се работи за болест.

Ако имаш зависник во семејството и си возрасен тоа е пекол на земјава.... а замисли да си дете и од зависникот да чекаш заштита, еве мојве деца во нас Господ го гледаат мислат кога сме тука ништо нема да им се случи
--- надополнето: 15 мај 2013 во 14:58 ---
Е сега дури го пишев постов ќерка ми се качи на дрво, од дрво на тераса од тераса внатре излезе надвор и сврти уште еден круг.... ја фатив на дело.... само мало невнимание доста е за беља а не пак наркоман родител
--- надополнето: 15 мај 2013 во 15:14 ---
Не се дрогирам, ама пијам и пушам.

Кога пијам, на пример, едвај стојам на нозе, ако голтнам чашка повеќе. Тропам глупости, неспособна сум било што да сработам, а да не зборуваме за фокусирање на некоја ментална или физичка работа.
Добро е што успевам на правилно место да се измочам, нели.

Е сега, пушам по 2 кутии цигари на ден, кога спремам испит и повеќе, со литри кафе пропратно.
Ми опаѓа притисокот од цигарите, ама тука е кафето, нели.
Успевам на овој начин по 5-6 саати да не мрднам од столче, да се фокусирам, притоа сосема добро ми работи мозоков. Очигледно чим после тоа со добра оцена полагам, нели?

Е сега. Ни кафето ни цигарите не се добра работа. Ич.
Ама не се опијати.

НО ниту еднаш не паднав во агонија, не се обидов да украдам нешто, не се обидов да повредам некого...

Е сега ќе почнам како оној што му се смеев

О, ти, Пумо треба да мислиш навреме

Ги болдирав зборовите што најмногу ми личеа на мајка ми, и кога беше пијана не беше лоша мајка само стануваше беспомошна

И тие на крајот што викаат не се обидов да украдам и не се обидов да повредам
Не се обиде ни таа, ама ми ја украде среќата и здравјето. И ги давам денес со алал жената вредеше за да се биде жртва за неа и таа беше жртва за мене
И кога ја изгубив ме повреди, претрпев таква болка што деновиве совршено ја разбирам Анџелина Џоли и нештото што го направи
Прибери се и ако имаш луѓе што те сакаат престани постепено со се такво што те одзема и ќе те одземе од нив
 
Треба... ме мрзеше да ве читам нагоре темава кајгана се сторила :)
Треба законски да може друг роднина да им го земе старателството
Или згрижувачко семејство
Не треба еден вујко на пример да седи и беспомошно да гледа како сестра му си го уништува детето, без разлика што и за неа му е жал без разлика што згрешила без разлика што се работи за болест.

Ако имаш зависник во семејството и си возрасен тоа е пекол на земјава.... а замисли да си дете и од зависникот да чекаш заштита, еве мојве деца во нас Господ го гледаат мислат кога сме тука ништо нема да им се случи
--- надополнето: 15 мај 2013 во 14:58 ---
Е сега дури го пишев постов ќерка ми се качи на дрво, од дрво на тераса од тераса внатре излезе надвор и сврти уште еден круг.... ја фатив на дело.... само мало невнимание доста е за беља а не пак наркоман родител
--- надополнето: 15 мај 2013 во 15:14 ---


Е сега ќе почнам како оној што му се смеев

О, ти, Пумо треба да мислиш навреме

Ги болдирав зборовите што најмногу ми личеа на мајка ми, и кога беше пијана не беше лоша мајка само стануваше беспомошна

И тие на крајот што викаат не се обидов да украдам и не се обидов да повредам
Не се обиде ни таа, ама ми ја украде среќата и здравјето. И ги давам денес со алал жената вредеше за да се биде жртва за неа и таа беше жртва за мене
И кога ја изгубив ме повреди, претрпев таква болка што деновиве совршено ја разбирам Анџелина Џоли и нештото што го направи
Прибери се и ако имаш луѓе што те сакаат престани постепено со се такво што те одзема и ќе те одземе од нив

Изгледа не си ми ги прочитала другите постови :)

Немам причина да се ,,приберам,, Не правам ништо погрешно.
 
n
Изгледа не си ми ги прочитала другите постови :)

Немам причина да се ,,приберам,, Не правам ништо погрешно.
немам време да ги читам
--- надополнето: 16 мај 2013 во 07:00 ---
колку цицки имаш ти изгубено?
Тука се сакаш да ги видиш?
Актерката не ги изгуби градите ги даде
Изгуби родител од рак
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom