Постои многу едноставно и практично решение.
Ако родителот има болест која генетски може да биде пренесена на детето и е од сериозен карактер истиот треба да биде советуван да не прави деца се додека не се дојде до начин како да се поправаат болестите кои се наследуваат.
Ако родителот конзумира супстанции кои го оштетуваат плодот на било кој начин при неговата бременост, треба да се рехабилитира и при тоа да биде под надзор доколку истиот сака да го задржи бебето, за плодот да не страда со тешки последици.
Втората опција е да го абортира.
Родители кои се неспособни да чуваат бебе(наркомани, болни, економски нестабилни, алкохоличари итн..), треба да се советуваат да го абортираат. Доколку одлучат да го задржат, што е секако нивно право, ќе го задржат, и откако ќе биде родено, ќе им биде одземено од страна на државата и ќе биде пратено во дом за бездомни деца, кадешто ќе биде згрижено и негувано додека не биде посвоено од други родители или пак не достигне полнолетство.