Дали никој не го чита упатството од производителот??? Сопствениците на миленичиња разбирам дека не доаѓаат често до упатството бидејки купуваат само една ампула ама должност на ветеринарите па и на праодавачите во петшоповите е да го прочитаат и правилно да информираат. На нашиот пазар многу малку има ако воопшто има производи кои се репеленти, односно ги одбиваат болвите и крлежите. Дејството на сите овие Фронтлајни, Протектори, Адвантикси итн е акарицидно/инсектицидно, односно начинот на дејство е да ги убиваат болвите и крлежите кои ќе се закачат на кучето/мачето. Препорачаната процедура при ставање на ампула е, да ви биде миленичето чисто и суво (ако не е ќе го избањате) и даја ставите ампулата на кожата на место кое неможе да го дофати со уста или шепи (затоа најчесто на вратот ли помеѓу плешките) Ампулата се става значи на кожата така што ќе си направитре патец на крзното со прсти или со чешел (ако не ви е мирно миленичето или ако порано не сте ставале ампула, најдобро е некој да ви помогне) и потоа уште 2-5 дена да внимавате да не се топи или бања. Кога ке ја ставите содржинта на ампулата на кожата, потребни се околу 48 часа да таа се ресорбира и распредели низ кожата За тоа време паразитите што се нашле на телото на миленикот ќе бидат убиени и ќе отпаднат. Значи не веднаш штом ја ставите ампулата, туку за 1-2 дена. Ако има поголем број на паразити на телото може да потрае и една недела, што значи дека за највеќе една недела од ставање на ампула, можете да го сметате миленикот за слободен од паразити. Е сега, многу е битно ова, бидејки рековме дека не се репеленти, ампулите не спречуваат пак да се закачи крлеж или болва, но истите ќе бидат смртени и ќе отпаднат од телото на миленикот за 24 часа. Исто така производителите на многу од овие ампули за максимален ефект препорачуваат дури да се повторува апликацијата и секој месец. Така да АнФем, ампулата веројатно ти е во ред, прво дај и шанса да делува.Ако при прегледот на телото најдеш и мртви/исушени крлежи/болви по телото, ампулата си делува Секако дека е можно да има и грешка при апликацијата на ампулата или да е намален ефектот на Фронтлајнот но имај во предвид дека тој делува на начинов како што ти објаснив. На пазаров од годинава е широко достапен и Фронтлајн комбо, кој за разлика од стариот фронтлајн кој беше ефективен само за зрелите болви/крлежи има подобрена формула и делува и на ларвите и јајцата. Нареден пат кога ќе ставаш ампула побарај Фронтлајн Комбо, треба да има и подобар ефект.