Како не сум го видел постот порано.
Најважно нешто кај телескопите ти е дијаметарот на отворот т.е. пречникот. Пречникот овозможува светлината да навлегува во голема количина, па ако имаш телескоп со голем пречник ондак можеш да ги визуализираш и најмагливите точки.
Ја ти препорачувам телескоп со пречник не помал од 15 cm.
Па така ако избереш телескоп со дијаметар т.е. пречник од 150 mm имаш зголемување 300 пати.
Важно е телескопот да има оптика со која може да се постигне т.н. граница на дифракција, тогаш даличните светли тела ги визуализираш како точка со светли концентрични кругови околу точката.
Не ти препорачувам ефтини телескопи, тие од 4-5k денари ти се шит, не ни купувај такви.
Е сега имаш 2 типа на телескопи: рефрактори (ахромати и апохромати) и рефлектори (Њутнови). Рефракторите ти се полесни за употреба, оти кај Њутновите треба да се често да се прави колимација.
Незнам има многу за пишување, барај по интернет информирај се убаво, па тогаш одлучи.
Јас имав Dobson SkyWatcher Go-to, 250/1200 одличен ама доста скап, поврзан со компјутер може да ти ги бара објектите.

После ми го собра брат ми.
Сега желба ми е овој да го земам:
Нема Go-to опција, мануелен е, ама таман скоро истите карактеристики ги има ко претходниот. И многу поефтин од претходниот, 800 евра.
Со дијаметар од 250 mm и фокусно растојание од 1200 mm.
Само што хиениве ќе го царинат којзнае колку.
Штом ќе почнеш со истражување на Небото ти нема крај, стануваш зависен од тие убавини на Небото.
Еве ти страна од квалитетни телескопи:
http://www.teleskop.rs/