Членовите на малцинските групи се често карактеризирани со стереотипи што ги претставуваат како опасност за најранливите членови на мнозинството. На пример, Евреите во средниот век беа обвинети за убиство на Христијански бебиња во нивните ритуали. Црните мажи во САД често биле линчуван откако биле лажно обвинет за силување на бела жена.
Педофилија и Хомосексуалност
истражувачки труд на Грегори Харек, проф. на универзитетот Калифорнија
1.За јавното мислење и стереотипите:
Бројот на Американци кој веруваат во митот дека геј луѓето се злоупотребувачи на деца опаѓа со тек на времето. Јавното мислење може да се следи од јавните анкети и истражувања на американската популација.
1970 - 70% од Американците веруваат дека хомосексуалците се закана како учители по школите затоа што сексуално се инволвираат со своите ученици.
1999 - 19% хетеро мажи, 10% хетеро жени верувале дека повеќето геј луѓе имаат тенденција да злоупотребат дете.
На прашањето дали би дозволиле геј човек да биде учител на вашето дете, се изјасниле вака:
1977 - 27% Би дозволиле геј човек да ги школува нивните деца
2005 - 54% би дозволиле геј човек да ги школува нивните деца
2.Проучувајќи го истражувањето:
Иако повеќето Американци не ги бележат луѓето како злоупотребувачи на деца (сексуална смисла), ваквата конфузија останува раширена. За да се разберат фактите треба да се проучат резултатите од истражувањето кој се комплицираат од неколку проблеми.
1*Репрезентативноста на популацијата од истражувањето е сведена на луѓе кои доброволно извршиле излагање и педофили кои побарале стручна помош.
2*терминолошките разлики кои постојат во ваквиот тип на истражување и кои можат да бидат конфузни а често и да водат кон погрешни заклучоци.
3.Терминологија
Педофилија - психолошко нарушување на возрасен човек карактеризирано со привлечност (сексуална) кон предпубертетлии. Важно е да се направи дистинкција бидејќи ова незначи дека мора да се задоволат овие страсти. Имено постојат оние кои и покрај психолошкото нарушување никогаш не делуваат кон задоволувањето на своите страсти.
Хебефилија - психолошко нарушување кај возрасен ловек карактеризирано со привлечност (сексуална) кон адолесценти
- Педофилијата и Хебефилијата се однесуваат на психолошкиот фактор на индивидуата, односно неговиот ментален склоп.
Злоупотребата на деца, сексуално малтретирање, вршење сексуален акт со малолетник под присила се користат да го опшат актот со кој се задолуваат страстите.
Друг значаен проблем во терминологијата е тоа што сексуалното злоставување на машко дете од страна на возрасен маж е опишано како хомосексуално злоставување на дете. Но овој опис се користи самиот сексуален акт но не реферира кон сексуалната ориентација на силувачот. Многу од луѓето намерно или ненамерно грешно го толкуваат овој термин како опис на сексуалната ориентација на силувачот.
Понатаму педофилија се карактеризира со неможноста на возрасниот човек да создаде емоционална и сексуална врска со друго возрасно лице, односно е привлечено од деца. Под поимто деца се подразбираат и машки и женски. Исто така од истражувањата се дошло до заклучок дека мнозинството на лица кои се педофили, не им е важен полот на детето кое го злоставуваат. Педофилите најчесто и немаат сексуална ориентација бидејќи никогаш не го развиваат капацитетот за остварување на сексуална врска кон друг возрасен маж или жена.
Педофилите неможат да се сместат во групата на хомосексуалци/хетеросексуалци/бисексуалци бидејќи нивниот фокус лежи во годините односно возраста на детето.
ИСТРАЖУВАЊЕ НАПРАВЕНО ВО МАСАЧУСЕТ НА ПЕДОФИЛИ ОСУДЕНИ ЗА СЕКСУАЛНО ЗЛОСТАВУВАЊЕ МАЛОЛЕТНИК:
175 субјекти (педофили, осудени, со признаено дело)
87%-153 субјекти биле хетеросексуалци во однос на сексуалната оринтација која ја прикажувале и декларирале
13%- 22 субјекти биле бисексуалци во однос на сексуалната оринтација која ја прикажувале и декларирале
ДРУГО ИСТРАЖУВАЊЕ ВО КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР ВО ДЕНВЕРСКАТА ДЕЦКА БОЛНИЦА
Имено истражувањето се спровело во период од една година од 1 јули 1991 до 30 јуни 1992 врз деца кои пријавиле сексуално злоставување од страна на возрасно лице.
Од 269 случаи само 1% злоупотребувачот бил хомосексуалец што е 2 случаи.
ДРУГО КАНАДСКО ИСТРАЖУВАЊЕ кое се вршело со прикажување на слики на деца кои на сликите биле облечени или голи придружено со аудио кое прикажувало сексуален акт со моделот на сликата. При истражувањето се мерело промена на волуменот на пенисот. Истражувањето покажало дека хомосексуалците не се повејќе склони кон педофилија одколку хетеросексуалците.
Доколку некој сака да прочита целосно бидејќи е многу за преведување нека се упати на следниот
линк.