Олимпија
Македонија во срцето!!!
- Член од
- 26 март 2008
- Мислења
- 5.624
- Поени од реакции
- 9.146
RebelMk зошто прашуваш дали да и се јавиш? Се прашала ли таа како се чувствуваш ТИ кога таа не се јавува? Си и кажал што ти смета и не се поправила, сега покажи и како се однесува со тебе и прашај ја дали и се допаѓа. Тоа шо ти рекла дека ако со дечко не се слушне после кавга ќе раскине набрзо после тоа, ми изглеа на добра финта да те влече за нос. Едноставно сака да те напраи зависен од неа. Се да биде по нејзино или е крај. Што е многу лошо во врска. Затоа што испаѓа дека само ти сакаш да си во врска со неа, а не и таа. Ти само се трудиш да успеете, додека она си тера по свое и се изживува. Тоа не е љубов ниту его, туку играње мајтап и изживување. Совршен човек не постои, сите имаме маани и грешиме ама човечки е да се признае грешката и да се бара извинување. На никој нема да му падне чинот ако се извини кога ќе згреши, ама не е во ред некој друг постојано да ја бара кривицата во другиот па дури и кога тој греши и да очекува извинување
Тоа е само набивање рогови. Преиспитај се до каде сте стигнале, не се јавувај на телефон нека те побара она сама, а кога ќе се видите седни и кажи и што ти пречи по 100ти пат ако и понатаму тера инает отвори си ги очите и погледни на страна. Некоја друга сигурно ќе се најде и нема да тера инает.