Еден бод од жешко гостување, против солиден тим, иако бевме фаворити. Прерано е за анализа и за критика. Дали е до повредите, дали е до погрешно поставена тактика, или едноставно до лош ден, времето ќе покаже. И еден Манчестер има старт далеку од соништата, па никој не ни помислува да ги отпише од кандидатурата за титула. Но сепак, нешто што забележувам и со Рома, и сега е тоа дека Интер откако поведува, не знае да го зачува тоа водство. Мурињо треба да сфати дека иако Италија е земја на катанаџото, во ова првенство токму најтешко се зачувува стекнатата предност. Имаше и неколку чудни судиски одлуки на штета на Интер (пред се некои ситни прекршоци за време на напад, особено на крајот кога Ибрахимович мина двајца играчи), но тоа НЕ СМЕЕ да биде оправдување за тим како Интер, а и сите сме свесни дека лани многу одлуки одеа во наша корист. Нека пројдат и другите фаворити утре, па ќе видиме чив старт каков бил...