На што најмногу штедите/трошите?

  • Креатор на темата Креатор на темата Plavooka
  • Време на започнување Време на започнување
Штедам на многу ствари, сегде идам со точак и зимо и лето и на -15 и на +40, не трошам на бензин, сервис, регистрации итн. за кола. Интернет делам со комшиката, струја, вода итн ми е вклучено во киријата така да неможам ништо со тоа. За облека и бренд не се замарам ич. Кафиња, излагање надвор и пиење, јадење во ресторани е луксус и чисто во посебни прилики. Домашен немам имам само мобилен со фиксна претплата и интернет зашто ми треба емаил достапен во секое време.

Трошам на тоа што ми треба по дома јадење,пиење, хемија и ако девојчето некад сака да ми се луксузира :) И сеа ако нешто се расипе од дома фрижидер/машина за перење ама си има огласи втора рака ќе тера година две за цена третина од нова цена.Се „луксузирам“ само од аспект на техника ако ми треба/сакам нешто

Very good ............... се што си напишал ти е супер, само една замерка имам, многу немој да и дозволуваш на девојката да се луксузира ........... а за сето друго (y)
 
Најмногу трошам на гардероба и технологија
Фала богу, немам потреби од штедење :)
 
Од соседството (ако имате инфо за Македонија, постирајте слободно).

СПОРЕД НАЈНОВИТЕ СТAТИСТИЧКИ ПОДАТОЦИ
Грците почнаа да штедат на леб

Грците поради сиромаштија почнаа да штедат на леб, покажуваат резултатите од истражувањето на грчката федерација на производителите на леб, според кое производството на 90 отсто од фурните во земјата е намалено за 36 проценти.
Двајца од десет потрошувачи, кои учествувале во анкетата, изјавиле дека повеќе не купуваат леб. Секој втор испитаник одговорил дека повеќе сака да купува леб од фурна поради неговиот подобар квалитет.

Прогнозите за развој на овој секторот во следните две години не се воопшто добри. Се очекува 3.000 од вкупно 14.000 фурни во Грција да бидат затворени, изјави претседателот на федерацијата Михалис Мусиос.
 
Very good ............... се што си напишал ти е супер, само една замерка имам, многу немој да и дозволуваш на девојката да се луксузира ........... а за сето друго (y)
Па некој мора и да ужива...
Трошам на гардероба, одмор и кафиња, се друго од аспект на сметки ,технологија, итд гледам да биде што поминимално и економично
 
Најмногу заштедувам на гардероба, носам фармерки од 400 денари а редовна цена им е од 1200-1500 денари :icon_lol:.
 
Па некој мора и да ужива...
Трошам на гардероба, одмор и кафиња, се друго од аспект на сметки ,технологија, итд гледам да биде што поминимално и економично
Нема ни у шутка за толку мора да се половни :)
 
Највеќе трошам на облека, парфеми, храна, хигиенски производи и купувам се што е најскапо.
Штедам на цигари, алкохол ни пушам ни пијам :icon_mrgr: сметки 50 евра месечно за се комплет и бензин се возам само кога е невреме инаку одам пешки по 6км дневно до центар и назад. :icon_mrgr:
 
Трошам за искачање а штедам за факултет дека и таму имам трошкови
 
Најмногу трошам на храна, не жалам пари за нов професионален рачен и електричен алат...

Штедам на излегување по кафичи, во такси не се возам. Возењето во такси сметам дека не е никаква потреба, тоа го сметам за големо луксузирање, чаламење. И тоа е за луѓе што се големи мрзи.

Па и кола да немаш, можеш да возиш точак...

Да се барем пола како мене има 50 такси компании да пропаднат...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom