Нема GPS така да нема да ти врши работа т.е не може да ти каже локација, брзина, снимање на рута итн... Најдобро ти е да си земеш поевтин андроид телефон со gps. Ем помало, попрактично и најважно ќе го прави тоа што ти треба.
GPRS и GPS се две различни работи. Првото е трансфер на податоци во мобилна мрежа , a второто е сателит за позиционирање т.е она што му треба на вивакастро во моментов. Чисто колку да ги разграничиме поимите. Познавам луѓе што купиле одреден телефон затоа што мислеле дека GPRS и GPS е едно исто.
Колор знам дека треба GPS,но незнаев дали таблетов има и дали воопшто на вакви кинески таблети доколку би имало ГПС би работел Sporty Palot?Ова го прашувам бидејќи до сега кога сум го симнувал имало модели за избор на телефон,а не би верувал дека за овие вакви има.Затоа и прашав!Инаку дали некој воопшто успеал да инсталира спорти пал на кинески телефон или таблет со андроид.Моментално имам Нокиа N8(отпад)
и одамна се мислам да го сменам.Sporty Pal не работи,а само за да се уклучи програмот му треба 20 минути.па поради тоа и сакам да го сменам.Но сакав да си купам и оддамна некој таблет од овие самсунг galaxy по 12000 денари што беа па на него да ставам.Туку ајде ако може некој да да даде и предлог на некој телефон до 200 евра,на кој добро би работела програмава.Да не е некој како мојава нокиа само.
А колку сте сигурни дека CUBE не се произведува во Гемранија. Јас се што прочитав за нив сите фабрики и цело производство е во Германија. Може грешам, али најпродавам бренд се неколку години по ред, не е за џабе тоа. Како и да е, со И АМДИ Е ЦРНЕЦ ништо не се објаснува. Али тоа е , македонче
Тајван најверојатно како и другите.Не сакаат да признаат како и многумина други.Некои пример веќе и си кажаа.Еве и кај мене на фокусов кој е лимитед серија исто пишува Германија!Али не верувам иако е лимитед дека е во Германија!Али не ми е ни битно.Какво време дојде тајванците ги прават подобро и од германците.Јас дури сметам дека и 95% од вкупното производство на познативе марки на велосипеди се одвива во Тајван и околината.Но тоа воопшто не треба да те плаши.Битно е дека рамките се квалитетни особено на познативе марки!Инаку не верувам дека Cube-от е најпродаван.Пред 1 година бев во Леверкузен.Половина велосипеди што ги видов во рок до 10 дена беа Скот и Фокус.Пред 3 месеци бев кај роднини во Минхен.Истата слика.Доминира Скотот и Фокусот.Тука некаде е и Ктм-от и Wilier но повеќе оние градски што се.Инаку бев и на една кратка тура со братучетка ми.Oд 100 велосипеди некаде колку се разминавме не успеав да забележам ниту eден Cube.КТМ,Wilier,Wheleer,Focus,Giant,Specialized,Corattec и Scott беа најбројни,A во градот,дали 20 тина Cube за две недели видов.Така да тешко продажбава изгледа.Заклучив дека Германциве си возат Фокус и Скот највеќе.Иако Скотот е Швајцарски сепак највеќе се вози,а фокусов можеби дека е нивни бренд.Има и многу Noname или пак фирми за кои јас не сум слушнал а се возат,но Cube верувај многу многу слабо.
Cube се супер точачиња, но како што пиша
Windfucker, овој модел што си го одбрал некако не оди со цената во однос на опремата. Прашај ги за таа цена што ќе ти понудат со 26 инчни тркала. Сигурно ќе добиеш повеќе од ова.
И мое мислење е да се земе 26ка!29киве мене барем не ми се допаѓаат.Тркалава некако како карикатура ми изгледаат, а и реално ако тргнеш некаде во природа или планина,еве Водно на пример и снемаш гума,Нема ни од кого да побараш,бидејќи ретко ќе помине некој со 29ка.Реално ако веќе е за поголеми гуми,повеќе би одел на овие 27ци што се отколку 29кава.За цени неможам да кажам бидејќи не сум споредувал но еве виндfucker
спомена.
Не можам да ја разбирам никако поентата со тоа произведено во Германија, небаре двајцата разбираат германски и ќе си прават муабет навечер.
Скоро сите популарни рамови ги прават во Индокина и буквално ништо не им фали.
Јас би одел со
Меридава за таа цена.
И јас исто би одел!Меридата ми се допаѓа многу повеќе,а и некако поцврста ми делува некако.Покрај тоа има мериди 20ки матс,низ градов стари и по 5-6 години кои се утепани од возење,па рамките се сеуште без проблем.Затоа и јас сум дефинитивно за Мерида.