Tom Waits Giger's Predator
Насловот на било кој албум не ветува и квалитет на истиот.
А, приказната за Прометеј и метафората со музиката ако е разберена, супер. Дефинитивно албумот не е за секој што слуша музика, дури и не е за секој што слуша рап. Не е тој бетл/олдскул/хардкор рап во наводници што голем дел го преферираат, албумот е многу повеќе од тоа, Tom Waits спомна - чуден. Како и да е, мој фаворит на албумот е "Окован Прометеј", преуникатно и оригинално звучи. А ако текстот подоле е досаден или делува на пијаница у 5 сабајле или шо знам како го опиша Миста, јас не знам што е добро
"И сонце не грее кога снимам, капираш,
и нема сонце на бина кога ќинам на ритам,
и нема сонце во градот, само сива маглина,
само екот: Титаниум е сила!
На ѕидови е пишан зборот со тагови,
па пробај дешифрирај го кодот.
Ако треба да сум улица бе копиле,
јас ќе бидам улицата на брестовите,
секад понижен, останав во поднежје,
затоа светот постана моето ателје,
небото е платно - сенките се боите,
небото е извор од кој што ќе се боите,
и нема сомнеж - ги победив Боговите,
сега немам што да постигнам повеќе,
имам судбина на Титан
зошто колку да сум добар, јас сум окован Прометеј"