Нешто као да ретерираш малку? Или ми се чини. Што врска има кога се случиле тие промени. Не знам дали некаде (освен каде што црнците се мнозинство), црнец добил работа затоа што е црнец. Или па жена само затоа што е жена (освен ако не искористила друг “занает“, кај работодавецот).
Како тоа успеа во “Филаделфија“ (за другите, овде
клик) да видиш дискриминација на црнците. Сосем погрешно си го перцепирал филмот, да не речам со однапред зададени предрасуди. Баш така како во филмот, треба да функционира правниот систем за заштита од дискриминација, без разлика по која основа.
Би сакал да знам кои тоа права ти би ги изгубил ако на некоја групација, ма која и да е (во случајов на хомосексуалците) ги намалува твоите права? Ако (велам ако. што во догледно време не верувам) се даде право на геј-брак тебе ти одзема право? Ќе има посебна клаузула дека ти како хетеро не можеш да стапиш во таков брак? Ако ти е волја тоа право никој ни тебе нема да може да ти го одземе.
Има врска кога се случиле од временскиот рок и со кои права почнале па до каде стигнале.
Искрено незнам ни јас лични примери за кој црнец добил работа затоа што е црнец или жена пошто сепак живеам на балканот а не во развиена демократија, но знам многу примери каде припадник на одредена заедница добил работа само затоа што е припадник на таа заедница а не дека бил подобар. Така да муабетот држи вода.
За филмот пошто оддамна беше кога го гледав имаше сцена каде секретарката се почуствувала навредена од работодавачот затоа што наводно носела африкански обетки или огрлица а тоа да ти биле афроамерикански обетки и огрлица( не ме држи за збор, оддамна го немам гледано филмот). Незнам како ти тоа би го протолкувал освем како наводно дискриминирање или злоупотреба на правата.
И за жал точно сум го протолкувал филмот. Да се работеше за обичен нормален работник кој ете газдата сака да го избрка од работа од Х причини најверојатно немаше да се случи ништо, но во дадениот случај пошто се работеше за геј кој случајно има и сида се крена голема прашина, за која и претходно имав напишано. Обичен работник гитла, хомоскеуалец дискриминиран платиму оштета. И не не мислам дека така треба да функционира правниот систем.
Тука во филмот сите навиваат за хомосексуалецот( сепак е таков филмот) затоа што тој наводно е избркан од работа само затоа што има сида или е геј, но никој не зема во предвид дека што ако стварно во друга ситуација едноставно не ги задоволувал условите и потребите на фирмата или што ако не бил геј или заболен од сида. Дали тогаш би било општо прифатливо да биди избракн од работа како и сите останати. Дали тоа што бил геј не му давало дополнителни права да се повика дека бил дискриминиран и со тоа да му се плати оштета, со што автоматски од дискриминиран станува привилегиран. Вреди за ова да се размисли, не мислиш ти така ?
За последната забелешка. Мене правото на брак како такво не ми ги намалува никако моите права, но ако ја гледаме поголемата слика со стекнувањето на тоа право државата му признава на таа група дека стварно биле дискриминирани и му го отвора патот стално да се повикуваат на тоа дека се дискриминирани и дека имаат потреба од дополнителни закони и права со кои државата би ги штитела од понатамошна дискриминација. И пак се враќаме на филмот.
Тоа сакав да кажам, а не дека самата дозвола на брак како таква би ги загрозила моите права. Но кој гарантира дека само на тоа ке остане, и кој би гарантирал дека нема да се повикуваат на дискриминација секаде каде што тие сметаат дека се обесправени, како на апликација за работа, посвојување на деца, социјални станови,пензија итн итн.
Со самото тоа што тие можат да се повикауваат дека се дискриминирани дека се хомосексулаци а обичниот граѓанин ке го нема тој изговор , ке ги направи граѓани со поголеми бенефиции или права од сите останати. А тоа е класичен пример за повластени граѓани или за граѓани од прв ред со поглеми права од сите останати.