Режисерот на Primer после 10 години со нов филм, самошто сега не е 7.000 долари буџетот и не му е прв филм, затоа построго. Upstream Color. Имено секоја почит за човекот, и овојпат е во главна улога, па врз тоа и режисер е и композитор и writer. Филмот ме измори многу и заспав па неможев да го рецензирам и оценам со нула. Одкога легна, почна да ми се допаѓа, штом ми останал во глава.. има прекрасна музика, убава сценографија, бои и атмосфера. Филмот намамува да го гледате дека не дава самиот смисла, туку стриктно се водите по ваши дедукции од контекст, и се така додека не ве измори и изгубите интерес ама сте заинатени да го изгледате, ако морам да одберам збор како рецензија би бил - претенциозност, ама сепак уметност и несекојдневност. Можам многу да пишувам, ама поинтересно би било ако го изгледат сите филмски ентузијасти од овде и го ставиме во темата за дискусија, дека реално јас незнам дали ми се допадна или не. :/
Да се пофалам, бев на новоотвореното кино, гледав руски филм Ѕвезди, европската кинематографија ја запоставив, прилично ми се допадна, посебно изненаден од камерата, во споредба холивудските кои се статично срање. Али хеј така им е полесно за ефекти. 10ка, чисто да тргне на убаво годината на киново.
