Значи во старт признавам не сум ги читал минативе 22 страни (иако мислам дека модераторов заспал судејки според последнава) туку ќе коментирам само на „водечката“ мисла на Владиката Петар.
Токму заради ваквите индивидуи кои егзистираат во МПЦ (а не дека ги нема и по другине цркви) кои се тотално исклучени од реалниот свет и само лупаат зелени на ТВ колку да се каже дека ете прокоментирале фактичка ситуација во СРМ (пардон РМ), едноставно неможам да си дозволам да влезам во црква на крштевка, слава, свадба или слично и да не му се изнасмеам на попот у фаца кога ми бара пари за услугата.
Со ретки исклучоци (сведок сум на барем еден) кои навситина се трудат да ја доловат поентата на религијата и вербата во БОГА (и тоа што тој го претставува), се остало е една неотесана багра која и самата најверојатно би била спалена за време на инквизицијата.
Би сакал да го доживеам денот кога ваквите индивидуи ќе ги снема и ЦРКВАТА конечно ќе бидне тоа што треба да бидне, но најверојатно тогаш нема да има валута и загадување и АРСЕНАЛ ќе има 20 титули!