Заби и сѐ во врска со забите

  • Креатор на темата Креатор на темата isabelle
  • Време на започнување Време на започнување
витамини за заби некои во форма на апчиња
 
Бев завчера на забар, ми стави лек за умртвување на живецот, и беше во ред. Па ојдов вчера за друг заб. Ми рече дека лекот од вчера ми притискал на забот и ми го смени пак, ама сега имам поголеми болки од претходниот лек и ми се напрај како гнојче. Ме боли само на притисок, кога џвакам од таа страна. Ми рече да се вратам 20 дена до месец.

Дали е нормално да боли забот кога имаш лек за умртвување на живецот?

normalno e prvite denovi, ednas mene mi vadea pred desetina godini i isto taka me bolese :D
 
Бев завчера на забар, ми стави лек за умртвување на живецот, и беше во ред. Па ојдов вчера за друг заб. Ми рече дека лекот од вчера ми притискал на забот и ми го смени пак, ама сега имам поголеми болки од претходниот лек и ми се напрај како гнојче. Ме боли само на притисок, кога џвакам од таа страна. Ми рече да се вратам 20 дена до месец.

Дали е нормално да боли забот кога имаш лек за умртвување на живецот?
Нормална реакција е да се чуствува минимална болка, но тоа трае 24-48 часа. Ако продолжи и по тој период консултирај се со твојот доктор. Погрешно поставен лек за умртвување на нервот може да даде сериозни компликации.
 
препорака за добар стоматолог? ..можеби не беше за тука прашањево
 
Ве молам некој да ми одговори дали во оваа банана држава има Crest whitestrips средство за белење за заби и релативно ефтино за разлика овие стоматолозите што белат за по 100 евра.
 
Има една кутија кај мене дома што не е за продажба :D
Шала на страна - нема, и јас се утепав од барање, не ги увезуваат ни лентите, ни пастите. :place:
Последните ги порачав од германскиот Амазон, не знам дали уште вршат испорака кај нас, искликај по Амазон и види.
 
Баш гледав на амазон ама на дот ком домеинот и не може, мислиш дека на германскиот ке може да стигне пратката кај нас ?
 
Повеќето производи ги доставуваат, јас кога го порачав ми стигна без проблем.
 
Немам време да скитам низ веб страниве, ќе сакаш да ми кажеш дали има ефект ова накратко, како се користи, и колку чинат?
 
Нешто домашно да се искористи за отечени непца од страните?Од десна страна од кај четворката до седмицата отечена ми е внатрешната страна од непцето.Не можам ни да јадам мирно?Па си викам додека отидам на забар деновиве да не има нешто по дома да се најде да помогне?
 
Има огромен ефект, забележително ги избелува забите уште после неколку дена. Во пакетчето има ленти од пластична фолија на која има гел. Лентите се лепат за горните и долните заби (зависи колкава ти е вилицата, обично покриваат некаде до четворките), стојат 30 минути или саат време, зависи кој тип ќе земеш. Треба да ги ставаш секој ден, 12 или 24 дена. Цената пак им зависи од типот и количината, има од 15 евра па нагоре.
 
Нешто домашно да се искористи за отечени непца од страните?Од десна страна од кај четворката до седмицата отечена ми е внатрешната страна од непцето.Не можам ни да јадам мирно?Па си викам додека отидам на забар деновиве да не има нешто по дома да се најде да помогне?

Жабуркај со ладен чај од жалфија. Ама оди на забар.
 
vaka, mene mi kazaa deka treba da ja vadam osmicata na krivo mi raste, ali za 1 nedela treba da idam vo Germanija, pa neam vreme koa da ja izvadam. Sakav da prasam da ne znae nekoj dali moze da se poceka so operacijata pr. da go izvadam zabot posle 3 meseci koa ke se vratam ili mora u sekoj slucaj odma da se vadi...?
 
Случајно додека јадев 5ката ми се пукна т.е. пломбата или незнам како.. битно забот ми е скоро на пола, и едниот дел од забот многу се клати.. мислите дека може да се среди без да го извадат? на пр.. со пломба да ми го спојат забот?
 
Од тоа што го кажуваш ништо неможе да се одговори, само ќе кажам дека зависи од многу фактори. Најдобро е преглед кај стоматолог да ја види правата ситуација и да одлучи како ќе го третира забот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom