Езотерија, Окултизам - А. Кроули, П. Дунов, Д. Фортуне ...

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.282
Поени од реакции
12.274
фратер...оди бладај на темата на кроули.
Ај сиктер...да не те рендам.
Повели, сподели „езотерија“ - порендај малку вистински не скокаш наоколу неможејќи да си најдеш место на форумов... ;)
Дај да видиме конечно како рендаш... :)

Ајде, гукни ми за „алхемијата“ која тебе те пали.... ајде гукни за арапските тантрички пракси - некоја книга - сподели знаење за западната окултна школа - кабала, енохијанска магика, ритуали... ма било што сподели нешто само да не биде празни расправии тука со мене :)

Ајде биди добро момченце и направи го ова: сподели знаење и рендај до миле воље ;)
За да не почнам да ги пишувам тука проблемите на христијанската езотерија и пропаѓањето на „умирачките богови“ денес!
Ајде :)
И внимавај што пишуваш и како - идат свети денови за тебе - да не ми паднеш во грев еј кој ќе те трпи после...
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
фратер...гледаш колку сум љубезен?...не те нарекувам ни секташ.
Македонски разбираш или да најдам преведувач?
Знаеш што значи СИКТЕР?

Ниту те цитирам ниту те прашам нешто, па одозгора ми велиш дека јас трчам по тебе....:pos:


Со тебе повеќе не споделувам ништо...му реков и на клисарот:
Не сте ми интересни ни ти, ни тој, ни кроули...верувајте си во што сакате. Ваш проблем.

Еве јавно признавам дека сте во право и дека ти се знаеш околу мистиката и езотеријата. Јас сум даб и таа тематика не ме интересира.

Ајде сега..ти се молам не ме дави повеќе.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.282
Поени од реакции
12.274
Не било тешко нели? :)
Сигурно си се препотил и како сарказам да го напишеш ова...:icon_lol:

Ок... мило ми беше што муабетевме дури и непријателски што бевме поставени :)
Конечно разумност и „нерендање“ од твоја страна (y)
Биди ми поздравен, 93 93/93
----------------------------------------------------------------------------------------

Ајде сега да си помуабетиме со другите на темава...

Што мислите зошто во различни ритуали и книги се дадени различни распореди на елементите во однос на четирите страни на светот?
Зошто постојано се сугерира Исток? Изгревот на сонцето?
Зошто некогаш движењето бо ритуалот е опишан дека треба да биде спротивно од патот на сонцето, друг пат во иста насока со сонцето?
Дали сте размислувале за „божествените имиња“ кои стигнале до нас преку „езотеричната“ кабала?

Како е на пример кај христијанството? Ете обична литургија, за василица на пример? Нели се носат симболи и се врти во храмот?
Ајде да опнеме по една паралела... ќе најдеме нешто исто или не?
Некој „предок“ ;)
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Ајде сега да си помуабетиме со другите на темава...

Што мислите зошто во различни ритуали и книги се дадени различни распореди на елементите во однос на четирите страни на светот?
Зошто постојано се сугерира Исток? Изгревот на сонцето?
Зошто некогаш движењето бо ритуалот е опишан дека треба да биде спротивно од патот на сонцето, друг пат во иста насока со сонцето?
Дали сте размислувале за „божествените имиња“ кои стигнале до нас преку „езотеричната“ кабала?

Како е на пример кај христијанството? Ете обична литургија, за василица на пример? Нели се носат симболи и се врти во храмот?
Ајде да опнеме по една паралела... ќе најдеме нешто исто или не?
Некој „предок“ ;)
Е ајде напрај ги паралелите, за каков предок станува збор. Како киша око Крагуевца на темиве си.:)
Ако те праша човек одма кењаш нешто, а ти ги почињаш "паралелите".
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Јас ќе плувам бре по христијаните денес
Си го погодил денот
Нема да дозволам да „плуваш“ баш денес не! (не ради мене, туку ради мнозинството кое го вреѓаш)
следно мангупско „плување“ ќе одмораш минимум месец дена
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
(едитирано од модератор - англиски/македонски, имаш гугл транслејт.)
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.352
Поени од реакции
84.573
Опс...Берик, незнам дали сонувам или е јаве?..чекај да се штипнам. Не . сепак е јаве.
За прв пат на форумов го среќавам името на Оуспенски. Човек кој заслужува внимание во мистицизмот и езотеријата, за разлика од кроули и останата багра на псеудо учители и просветени.
Хах, помалку е субјективно, тоа дали Успенски заслужува внимание а Кроули не.
Мислам дека е спомнуван, тука на форумов, во некои теми (но, не ме фаќај за збор).
Спремен си да дискутираш за него, или имаш само две книшки прочитано?
Не, не. Не сум спремен да дискутирам за него. Ни за Кроули не сум спремен да дискутирам. Моите писанија за Кроули или Успенски, не ги сфаќајте сериозно. Проверувајте ги на интернет. Не сум ја ко тебе и Хептаграм, специјализаиран.
Пази на одговорот...ги имам сите негови книги, пред да го запознае Г. и после тоа.
Ако осетам и најмала лага во твојата дискусија, знај дека ќе
те рендам како ти што ги рендаш муслиманите.
ПС. Друг пат никогаш не тврди дека некој не знае.
Постави прашање и не донасај заклучок пред да ти дадат одговор.
ПСС. Ти реков дека го знам договорот.
Добро е што вака ме предупредуваш, за да не се залетам, кој знае каква глупост би тропнал. А сепак е фино да си знам, дека има некој кој ќе познае кога трескам глупости.
--- надополнето: 6 мај 2013 во 20:55 ---
Јас ќе плувам бре по христијаните денес - нема ниту езотерија ниту пак компатибилност христијанската доктрина со животот на човекот.
sweet
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
„Секој број е бескраен; нема разлика.“ – Книга на Законот, Поглавје I:4
Ова е голема и света мистерија. Иако секоја ѕвезда има свој број, секој број е еднаков и совршен. Секој маж и секоја жена не е само дел од Бога, туку е и Врховен Бог. “Центарот е насекаде, а работ никаде”. Старата дефиниција за Бог добива ново значење за нас. Секој од нас е Еден Бог. Ова може да биде сфатено единствено од страна на иницијантите; за да се увиди тоа, човек мора да достигне висока состојба на свест.
Секоја “ѕвезда” директно е поврзана со секоја друга ѕвезда и бидејќи Просторот е без Граница (Аин Соф), Тело на Нуит, секоја ѕвезда подеднакво е Центар како што е било која друга. Секој човек инстинктивно чувствува дека е Центар на Космосот, но филозофите се потсмеваа на таа негова претпоставка. Сепак, тој беше сосема во право. Земјоделецот не е ништо “помалку вреден” од Кралот, ниту Земјата е помалку вредна од Сонцето. Секое едноставно, елементарно Себство е врховно, Сам Бог. Да, во оваа Книга Вистината е речиси неиздржливо Величенствена, бидејќи Човекот премногу долго се криел од сопствената слава: тој се плаши од бездната, од безвремениот Aпсолут. Сепак Вистината ќе го ослободи!
Извадок од „Законот е за Сите“ - Алистер Кроули
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Следни прашања да ги поткрепиш со нешто ...
ако има воопшто такви битија ќе те молам да поткрепиш со некој извадок од книга или слично ...
Имам кажано....во предходните постови.
Кажано е местото, а ако сакаш и името ќе ти го најдам .
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Имам кажано....во предходните постови.
Кажано е местото, а ако сакаш и името ќе ти го најдам .
имаш кажано или имаш употребено поткрепа со некој извадок од книга (телема книга) или слично?
ако да .. тогаш можеш да прашаш ... ако не ... тогаш неможеш да прашаш нешто што е измислено ...
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
имаш кажано или имаш употребено поткрепа со некој извадок од книга (телема книга) или слично?
ако да .. тогаш можеш да прашаш ... ако не ... тогаш неможеш да прашаш нешто што е измислено ...
Имаше кажано тврдење дека на Алистер Кроули бил протеран од сицилија поради тоа што негов ученик починал одкако пиел крв на мачка која ја жртвувал. Тврдење кое беше демантирано од наша страна и поткрепено со информации и аргументи.
Кроули бил протеран поради неговите жестоките критики на Мусолини и фашистите, а не поради пиење крв на мачки.
Го има ова во темата за Телемата.
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
имаш кажано или имаш употребено поткрепа со некој извадок од книга (телема книга) или слично?
ако да .. тогаш можеш да прашаш ... ако не ... тогаш неможеш да прашаш нешто што е измислено ...
Имам многу работи да кажам....ама си ме банирал на темата и мудру ги спои за да не можам да докажам со што се се бави нивната секта.
Ти реков..местото на случката го имам кажано, а ако сакаш ќе ти кажам и име и презиме, на кого се десило.
Тоа што тие сакаат да ја кажуваат само нивната вистина....не значи дека се во право.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Имам многу работи да кажам....ама си ме банирал на темата и мудру ги спои за да не можам да ја докажам со што се се бави нивната секта.
Ти реков..местото на случката го имам кажано, а ако сакаш ќе ти кажам и име и презиме, на кого се десило.
Тоа што тие сакаат да ја кажуваат само нивната вистина....не значи дека се во право.
Сме ги споиле затоа што се исти .. не затоа што ти си ја отворил ... престани да мислиш дека има некој заговор против тебе ... немој да си ласкаш
Не значи дека се во право - точно ... секогаш има 2 страни на вистина ...
но не значи дека и ти си во право ... а мене искрено ич не ми е гајле кој е во право

значи ако имаш нешто да прашаш слободно прашај си ... само поткрепи ги твоите наоди со нешто ... а тоа нешто да не е рекла - казала
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Магиката е еден од езотериските концепти или термини. Во текстот што следи е нправен обид да се објасни овој поим. Повелете:

Што е Магика? Зошто човек да ја студира или практикува?
Сосема природно; очигледни воведни прашања за секој предмет.
Прво, дозволи ми Евклидова метода и закопај го својот нос во Дефиницијата, Постулатот и Теоремите, кои се дадени во мојата обемна (но, за жал! премногу напредна и стручна) Расправа за овој предмет. Да почнеме!

ДЕФИНИЦИЈА. Магиката е Наука и Уметност за предизвикување Промени во согласност со Волјата.

ПОСТУЛАТ. СЕКОЈА сакана Промена може да биде постигната со примена на соодветен вид и степен на Сила на соодветен начин преку соодветна средина на соодветен предмет.

III. ТЕОРЕМИ.
  • Секој намерен акт е Магиски Акт.
  • Секој успешен акт е во согласност со постулатот.
  • Секој неуспех докажува дека еден или повеќе услови од постулатот не биле исполнети.
  • Првиот услов за предизвикување на секоја промена е потполно квалитативно и квантитативно сфаќање на условите.
  • Втор услов за предизвикување на некоја промена е практичната способност да се постават во правилно движење неопходните сили.
  • “Секој човек и секоја жена е ѕвезда”.
    Со други зборови, секое човечко суштество по природа е самостојна единка со сопствен карактер и сопствено движење.
  • Секој човек и секоја жена имаат пат, кој зависи делумно од личноста, а делумно од околината, која е природна и неминовна за секој.
    Секој, кој е истиснат од својот пат, или поради неразбирање на самиот себе, или поради противење од околината, доаѓа во судир со поредокот на Универзумот и поради тоа страда.
  • Човекот, чија свесна волја е во судир со неговата Вистинска Волја залудно троши сила.
    Тој не може да се надева дека успешно ќе влијае на својата околина.
  • Човек, кој ја извршува својата Вистинска Волја е потпомогнат од инерцијата на Универзумот.
  • Природата е непрекинат феномен, оттука не знаеме како работите се поврзани во сите случаи.
  • Науката ни овозможува да ја искористиме предноста на континуитетот на Природата преку емпириска примена на одредени принципи, чие заемно дејство вклучува во себе различни видови на идеи, кои се поврзани една со друга на начин што е надвор од нашето сегашно сфаќање.
  • Човекот не ја знае природата на своето битие и својата моќ.
    Дури и неговата претстава за неговите ограничувања е заснована на искуството од минатото, и секој чекор во неговиот напредок го проширува неговото царство.
    Затоа не постои причина да се поставуваат теоретски граници на она што би можел да биде, или на она што би можел да го направи.
  • Секој човек е помалку или повеќе свесен дека неговата индивидуалност опфаќа неколку редови на постоење, дури и кога тврди дека неговите суптилни принципи се само одлика на промените во неговото физичко тело.
    Може да се претпостави дека сличен поредок важи за целата природа.
  • Човекот е способен да биде и да користи се што перципира, зашто сето она што го гледа на одреден начин е дел од неговото битие. Така, тој може да го подјарми целиот Универзум за кој е свесен под своја Волја.
  • Секоја сила во Универзумот е способна да се преобрази во секој друг вид со употреба на соодветни средства. Оттука, постои неисцрпна резерва од секој посебен вид на сила, која може да ни биде потребна.
  • Примената на секоја дадена сила влијае на сите редови битија, кои постојат во предметот врз кој е применета, без разлика на кој од овие редови е директно влијаено.
  • Човекот може да научи да ја користи секоја сила, така што ќе му служи за остварување на која било цел, користејќи ги гореизнесените теореми.
  • Тој може да ја привлече кон себе секоја сила во Универзумот, така што од себеси ќе направи погоден приемник за неа, ќе оствари врска со неа и ќе ги подреди условите за да ја присили нејзината природа да тече кон него.
  • Човечкото чувство за себе како одвоен и спротивставен на Универзумот, е пречка за спроведување на струите на Универзумот. Тоа го изолира.
  • Човекот може да ги привлече и искористи само оние сили за кои тој е навистина погоден.
  • Во суштина не постои граница за обемот на врските на некој човек со Универзумот; зашто штом човек ќе се соедини со некоја идеја, мерката престанува да постои.
    Сепак, неговата моќ да ја искористи таа сила е ограничена од неговата ментална моќ и капацитет, и околностите од неговата човечка околина.
  • Секоја индивидуа во суштина е доволна на самата себе. Но, таа е незадоволна со себе, се додека не воспостави правилен однос со Универзумот.
  • Магиката е Наука за разбирање на самиот себе и сопствените состојби. Таа е Уметност на примена на тоа разбирање на дело.
  • Секој човек има неоспорно право да биде она што е.
  • Секој човек мора да се занимава со Магика секојпат кога дејствува или дури и мисли, зашто мислата е внатрешно дело чиешто влијание на крајот се пренесува на акцијата, иако во тој момент тоа не мора да изгледа така.
  • Секој човек има право, право на самозаштита, да се оствари себеси до крајни граници.
  • Секој човек треба да ја направи Магиката основен принцип на својот живот.
    Тој треба да ги научи нејзините закони и да живее според нив.
  • Секој човек има право да ја оствари својата волја без страв дека таа може да се судри со волјата на другите; зашто, ако тој е на својата вистинска патека, грешка е на другите ако се судираат со него.
Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот закон.
Магиката е многу сериозна тема и имам да ви пренесам сериозна порака. Многу малку е разбрано од она што Магика всушност е. Во умовите на некои луѓе таа е поврзана со повикување духови. Во умовите на други е поврзана со шарлатанство. Сакам да ви кажам дека уште од најстарите периоди на човештвото Магиката била традиција на мудрите луѓе. Сакам да ви кажам дека суштинската доктрина на магичарот се однесува на човековото место во универзумот и дадена е во Книгата на Законот како ‘Секој маж и секоја жена се ѕвезди.’.
Што е ѕвезда? Философите секогаш се согласувале околу една работа – дека за Универзумот да биде разбирлив воопшто, тој треба да се смета како еден и хомоген. Оттука можете да ја разберете положбата на мистикот кој вели дека сите ние сме делови од телото на Бог. Може да разберете што е напишано во Библијата, ‘Вашите тела се храмови на Светиот Дух’. Токму на овие постулати е заснована општата теорија на Магиката.
Зошто е тоа така? Сите се согласуваме, без сомнение, дека сé што се случува е, на некаков философски начин, неопходно да се случи. Ајде да ги разгледаме авантурите на еден атом од кислород. Тој атом од кислород воопшто не е различен од кој било друг атом на кислород по себе. Првин, тој е идентичен во иста смисла во која сите ние сме идентични. Прашањето е – зошто да се менува таа состојба? Зошто да се спушта од апсолутното во материјалното? И одговорот е дека ќе претпоставиме дека атомот на кислород е самосвесен и станува свесен за оваа можност само преку влегување во комбинација со сите други атоми.
Ништо од правењето на тие комбинации не може да го уништи кислородот. Тој ќе остане кислород и може да биде екстрахиран како кислород, но во тек на процесот комбинација тој се стекнал со искуство и магичката теорија на Универзумот гласи дека сите ние сме дојдени на одредена ѕвезда или планета на која живееме со цел за да стекнеме искуство. Сите ние минуваме низ стадиуми во текот на тоа искуство. Некои од тие стадиуми се пријатни и некои по малку непријатни, но тие сите се неопходни со цел за да стекнеме потполно разбирање за самите себе.
Ова е помирувањето на магичката теорија меѓу слободната волја и судбината. Точно е, како што детерминистите ни имаат кажано, дека нашите дејства се автоматски – дека ние не сме поспособни за измислување оригинални мисли или изведување оригинални и волеви постапки отколку кој било друг дел од машинеријата. Тоа е доктрината на материјалистите. И ние велиме, ‘Да, многу добро, но кој ја измислил машинеријата?’. И одговорот е ‘Ние самите. Секој еден од нас.’.
Љубов е законот, љубов под волја
 

Kajgana Shop

На врв Bottom