Што ќе кажеш за 18-ти,19-ти и почеток на 20-ти век?
Која е разлика од тоа време и денешно време ?
Што им фалело на жените па да имаат толку деца ? Оддколку сега ?
Преиспитај се ти, после моли се да не лупнеш некоја "зелена"
Има ОГРОМНИ разлики.
Од моите баби и прабаба знам дека умреа жални што немаа свое парче леб, свој денар, што би се рекло. Во тоа време не им се дозволуваше да работат и заработуваат, тие мораа да бидат само домаќинки и ништо друго.
Жените не се машина за приплод, што за жал беше одлика на тие времиња. За деца никој не ги ни прашуваше, деца мораа да се штанцаат.
Економски зависни и необразовани, остануваа во лоши бракови затоа што едноставно мораа и немаа каде да се вратат или да избегаат, не затоа што сакаа.
Жалам што прабабами немаше можност да се школува и изгради интелектуално, но мило ми е што бар нејзините наследнички ги имаат сите права кои таа ги немаше. И да, до крајот на животот таа жалеше за тоа...
Фала му на Бога што живеам во време каде што имам слобода да изберам како ќе живеам и дали, како и со кого ќе се мажам и колку деца ќе имам. Ниеден нормален маж не би се почувствувал загрозен од тоа, ниеден!
Преиспитај се со мислењава, не си женско, но биди бар реален.