Владика Петар: Жените се виновни за големата стапка разводи во Македонија

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Не раѓаат како порано по повеќе деца. Другото не е релевантно.
А колку деца имаш ти Фаранг? Со оглед на тоа што во секој втор пост се фалиш дека си добро ситуиран, сигурно ги имаш 7-8 најмалку?

Не би сакала да те навредам, ама со оглед на твојот лајф стајл, не мислиш дека е крајно лицемерно да зборуваш за традиционални и конзервативни вредности и наталитет?

Па ти бре човеку се утепа од фалење како ебеш еден куп жени, сам си призна дека немаш намера во брзо време да основаш семејство, а кога ќе го направиш тоа нема шанса да биде со Македонка, туку со Азијатка и тоа на илјадници километри од тука, и сега си као загрижен за македонскиот наталитет? :icon_lol:
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Онаа бара 5000 евра оваа Фински пасош...Ајде аукција кој даје виши...Прв пат втор пат...купено дете.
Цццц, колку плитко размислуваш, и да бараме нешто, тоа е за децата, не за нас;)
 
F

FARANG

Гостин
А жената е хермофродит и сама си го прави детето. Во заедница решаваат и мажот и жената колку деца да имаат.
Стварно? Види мајката ако јас сакам 6 ќе се согласиш или ќе се предомислиш после второто?
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Денес бар во МКД нема договорени бракови. Ако не си отворила очи пред тоа, си го зела знаејки каков е што сега се буниш? Си го терала меракот предтоа, сега деца треба да страдаат ради тебе? Не оправдувам насилство ама не оправдувам ни развод тек така.
Па има мажи кои стануваат насилни после неколку години у брак, у врска, повеќето се лизни мазни додека не си добијат жена за млатење.
Децата заради мене да страдаат?:pos: А нема да страдаат ако гледаат како татко им ја тепа мајка им, а? :pos:Мислам, те молам, ај... Подобро ќе им биде на тие деца да живеат во мирен дом, отколку да живеат во пекол во кој секојдневно ќе гледаат тепање и млатење. Тоа е основа за здрав развој на децата? Да гледаат млатење и да слушаат навредување секој ден.:rolleyes:
Развод заради констатно физичко насилство не е развод туку така направен. И јас не би се развела за некоја ситница или расправија, кризи секогаш ќе има, животот не е сјаен, ама ако несреќата стане правило, а не исклучок, ондак не знам која е поентата да би останала во таков брак.
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Да, можеби, ако станува збор ЉУБОВ, па смртта да може да ја раздели. Тепањето не е љубов, тепањето е немоќ, покажување физичка сила, затоа што интелектуално е немоќен. Ако некоја жена не ги исполнува критериумите, треба да ја остави, а не да ја тепа за да си ги исфрла фрустрациите, пред се не размислувајќи и за штетата која ја нанесува и на своите деца во исто време.

Може да ме нарекува кој како сака, со какви имиња сака, ама јас во несреќен или не дај Боже насилен брак не би останала, исто ко што и не би влегла во брак освен ако не сум сигурна дека тоа е таа најголема љубов.
Иначе денеска нема љубов , се е од користи и после зашто ја тепал секој има очи или ќе ги отвориш сам или ќе ти ги отворат еве ти еден пример :D
 
Член од
10 декември 2011
Мислења
228
Поени од реакции
150
Стварно? Види мајката ако јас сакам 6 ќе се согласиш или ќе се предомислиш после второто?
Сега муабетов е веќе бесцелен. Ти сакаш 6? Да сум добра со финансии и да знам дека тие деца ќе ги ишколувам и ќе им дозволам добар живот ќе ги имам. Меѓутоа тоа зависи и од маж ми може он нема да сака 6 може ќе сака 2. Така да ...
 
F

FARANG

Гостин
Чекај малку, а што мајка бараш ти во Азија, место како секој македонски локалквазипатриот да се вратиш во милава ни земја, да се скрасиш и работиш на подигнување на наталитетот?!

П.С. Само немој сега да ми се вадиш со фразата: Од вас Македонките избегав:icon_lol:
Во азија си имам бизнис и супер живот, што би барал во Македонија сега за сега. Понатка ќе видиме ;)

ПС. Си го знаеш одговорот, не е Македонки него белкињи/западњачки менталитет
 
Член од
20 октомври 2012
Мислења
3.612
Поени од реакции
6.240
Дали според тебе ако мажот ја тепа жената таа треба да остане во брак со него?
Не, тоа се екстремни и ретки случаеви не се ни тема на муабет, ако ја тепа нека се разведе.
Она што е јасно е дека женската суета оди на се повисоко ниво, колку повеќе права имате (а ги имате како "браќава") се посебични станувате и се повеќе барате...многу нездрава појава која води до се почести разводи и деструкција на семејството.
 
F

FARANG

Гостин
Сега муабетов е веќе бесцелен. Ти сакаш 6? Да сум добра со финансии и да знам дека тие деца ќе ги ишколувам и ќе им дозволам добар живот ќе ги имам. Меѓутоа тоа зависи и од маж ми може он нема да сака 6 може ќе сака 2. Така да ...
Не е бесцелен... Поентата е дека 90% од времето жената одлучува колку деца ќе има. Не е ко порано ќе имаме него колку ќе има она. Сега имала и други обврски/интереси итн итн....
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.734
Поени од реакции
12.165
Па има мажи кои стануваат насилни после неколку години у брак, у врска, повеќето се лизни мазни додека не си добијат жена за млатење.
Само малку да е девојката нормална, за 1 одмор ќе сфати со кого си има работа (обратно, и момчето). Човек може да се воздржи едно попладне, но за една недела...башка фактот што денеска девојката излегува, слободна е во изборот, може да се информира од повеќе извори за момчето како и да се информира за многу нешта околу бракот ги прави овие теории за жената жртва во бракот просто чудни. Кога ќе кажат дека зетот одеднаш се пропил или почнал да ја тепа...тоа одеднаш не влегува у шема на приказната. Збораме за нормална девојка од нормално просек семејство. Најголемиот дел од вистината за ситуацијата кај некои девојки е во постот од khz777
Не е бесцелен... Поентата е дека 90% од времето жената одлучува колку деца ќе има. Не е ко порано ќе имаме него колку ќе има она. Сега имала и други обврски/интереси итн итн....
ваква теза имаа воглавно жените во темата за абортуси. сега одеднаш пупу неважи :)

се си влијае по малце. ама дедо Петар како наштимани се со владава. И у Св Ѓорѓија исто збореа за Велигденот за наталитет.
 

white_eagle

: : stuck in void : :
Член од
21 јануари 2008
Мислења
953
Поени од реакции
716
Не е бесцелен... Поентата е дека 90% од времето жената одлучува колку деца ќе има. Не е ко порано ќе имаме него колку ќе има она. Сега имала и други обврски/интереси итн итн....
како што јас се исклучив од дебатата освен со кратко мислење на почетокот на темата, поради тоа што се сметам дека сум млад да оформам семејство и не можам до таа мера да солам памет што е правилно а што не, сметам дека и ти немаш тло над кое можеш засновано да паламудиш и да солиш памет бидејќи не живееш во Македонија и немаш намера да оформиш семејство во Македонија. Нонсенс е да се меле како воденица за нешто што ни те тангира ни имаш намера да го спроведеш.

Забележувам бегаш од западњачки менталитет ама балканскиот ти е толку прираснат што и Балканец би ти позавидел.
 
F

FARANG

Гостин
Па има мажи кои стануваат насилни после неколку години у брак, у врска, повеќето се лизни мазни додека не си добијат жена за млатење.
Децата заради мене да страдаат?:pos: А нема да страдаат ако гледаат како татко им ја тепа мајка им, а? :pos:Мислам, те молам, ај... Подобро ќе им биде на тие деца да живеат во мирен дом, отколку да живеат во пекол во кој секојдневно ќе гледаат тепање и млатење. Тоа е основа за здрав развој на децата? Да гледаат млатење и да слушаат навредување секој ден.:rolleyes:
Развод заради констатно физичко насилство не е развод туку така направен. И јас не би се развела за некоја ситница или расправија, кризи секогаш ќе има, животот не е сјаен, ама ако несреќата стане правило, а не исклучок, ондак не знам која е поентата да би останала во таков брак.
Извини ама јас не познавам некој што 3-4 години идел со девојка, не ја пипнал не бил насилен со неа, потоа ја зел за жена, пак еден период бил мирен и одеднаш му светнало дека ќе ја тепа... Дај бре тоа се приказни за деца. Тој што е насилен е таков од старт во една или друга форма. Тоа што таа трпела или се надевала дека ќе се смени е друга работа. Она што ти го пишуваш е 1% од ситуациите. Денес разводите се пред се за пари. Гледај само што се случува во куманово
 
F

FARANG

Гостин
како што јас се исклучив од дебатата освен со кратко мислење на почетокот на темата, поради тоа што се сметам дека сум млад да оформам семејство и не можам до таа мера да солам памет што е правилно а што не, сметам дека и ти немаш тло над кое можеш засновано да паламудиш и да солиш памет бидејќи не живееш во Македонија и немаш намера да оформиш семејство во Македонија. Нонсенс е да се меле како воденица за нешто што ни те тангира ни имаш намера да го спроведеш.

Забележувам бегаш од западњачки менталитет ама балканскиот ти е толку прираснат што и Балканец би ти позавидел.
Немаш поима што планирам и на крај крајева нема врска ова со македонија сосема друго збориме.

Оригиналниот балкански металитет е источен. Сега само успешно спроведуваат смена :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom