[Хокеј] Светско првенство | 3-19 Мај 2013, Шведска/Финска |

  • Креатор на темата Креатор на темата Види Фотос
  • Време на започнување Време на започнување

Светски првак?


  • Вкупно гласачи
    29
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 март 2010
Мислења
17.044
Поени од реакции
16.573
Jaakiekon_MM_2013.jpg
Точно денеска, на 3ти мај, со првите натпревари на шампионатот ќе започне 77то Светско првенство во Хокеј на мраз, организатори оваа година, како и минатата се Шведска и Финска, со тоа што разликата е во менувањето на домаќинот на финалето, лани беше Финска и градот Хелсинки, оваа година ќе е Шведска градот Стокхолм, и арената Ериксон Глоуб.
Шведска го доби домаќинлукот во 2007ма година, кога во гласањето ја победи Белорусија со убедлива разлика, и со тоа успеа во намерата да организира Светско првенство.

Првото првенство е органзирано во далечната 1920 година, и тоа од страна на Белгија, а прв победник е Канада, а нај успешна репрезентација до сега е Русија, со 26 титули, вклучувајќи ги и тие на Советскиот сојуз, од осамостојувањето Русија има освоено 6 титули, позади нив е Канада со 24, трета на вечната листа е Република Чешка, предтоа Чехословачка.

662624180a.jpg

На шампионатот учествуваат 16 репрезентации, поделени во две групи од по 8 репрезентации, се игра секој со секого, на крајот од групната фаза, најдобрите четири репрезентации од двете групи ќе ги направат двојките за 1/4 финалето, а потоа и за 1/2 финале, и финале.

Во С групата, домаќин на оваа група е градот Стокхолм се репрезентациите на Република Чешка, Шведска, Канада, Норвешка, Швајцарија, Данска, Белорусија и репрезентацијата на Словенија.
Словенија ќе ја има промоцијата во оваа елитна дивизија, тие дојдоа од Дивизија 1, како победници, во другата група ќе е и репрезентацијата на Австрија, исто така од Дивизија 1, на тоа првенство беа после Словенија, на втората позиција.

Првите натпревари на првенството ги играат Република Чешка - Белорусија и Шведска - Швајцарија, останатите две двојки следуваат ден потоа, и се така до завршното седмо коло.


Група Х ја сочинуваат овие репрезентации, Русија, актуелен Светски шампион од минатото првенство, потоа Финска, домаќинот на првенството и втора на ранг листата која ја прави ИИХФ, Словачка, САД, Германија, Летонија, Франција, и како што напоменав погоре, репрезентацијата на Австрија.
Репрезентациите своите натпревари ќе ги играат во арената во Хелсинки.

Групата ќе ја отворат мечевите помеѓу репрезентациите на Франција - Словачка и Финска - Германија.


Актуелен првак е репрезентацијата на Русија, каде во ланското финале беше подобра од Словачка, и тоа со убедливи 6-2, бронзена на тоа првенство беше Република Чешка, каде во мечот за трето место го совлада ко-организаторот, репрезентацијата на Финска, со тесен резултат, 3-2.
Најдобар играч на првенството беше Евгениј Малкин.

Целиот распоред на турнирот од првиот до последниот меч може да го погледнете тука, да не кропирам слики, бидејќи премногу е долг распоредот, па нема да замерите.

На првенството ќе се одиграат вкупно 64 натпревари, 64 натпревар ќе го одлучи кој ќе биде нов шампион, а можеби титулата ќе ја одбрани Русија, па така ќе добиеме старо-нов шампион.

Официјален сајт на турнирот - http://www.iihf.com/competition/352/home-oc/start.html
Профил на ФБ - http://www.facebook.com/pages/International-Ice-Hockey-Federation-IIHF/294239820899
Профил на Твитер - https://twitter.com/#!/IIHFHockey

Првенството т.е 10 натпревари ќе одат во директен пренос на МРТ, вклучувајќи го и финалето.

Се надевам има љубители на хокејот тука на форумот, посебно овој што е на мраз, и дека ќе има некоја дискусија.

Мој фаворит, а и воопшто репрезентација за која навивам е Република Чешка.
 
Oooh Canada, our home & native land ..

Уживав во хокејот на последните ЗОИ - ептен јак, брз и машки спорт. Canada all the way ! (y)

 
Русија,Шведска и Канада би требало да се репрезентациите кои ке се борат за златото како фаворити од сенка се Чешка ,Финска па и САД и Словачка овие другите и да немаат шанса да направат подвиг.
Гласав за Русија мислам дека ке го освојат повторно СП ако не се лажам тие се непоразени од 2011 година на ваквите натпреварувања ја поседуваат втората најдобра хокеашка лига во светот КХЛ е сега мал хендикеп кај репрезентациите е шо се без играчите во НХЛ бидејки се игра плејофот па тука е шансата на Русите чиј ростер е воглавно од КХЛ и гледам доста добри играчи од таму Тихонов,Пережогин,Попов,Радулов, + Ковалчук од НХЛ во напад исто имаат солидна одбрана Медведев,Никулин,Белов, за голманиве незнам точно колку се добри мегутоа имаат доста силна репрезентација ке им фали дефинитивно Малкин најдобриот играч на минатото СП мегутоа имаат со што да надоместат таму.
 
Come on Canada! :icon_mrgr:
Русија и Канада се најголемите фаворити за златото, другите не верувам но секогаш се добредојдени изненадувања.
 
Шведска!

ке има на мтв1 или?
 
Светско првенство во хокеј пратам од 2005. Од лани е променет системот и се поделени во две групи по 8 екипи во минатото се играше 4 по 4!
Никогаш нема да го заборавам финалто на СПво Канада 2008 кога Русите ја победија Канада на нивни терен со златен гол на Ковалчук сум го гледал тој меч преку сателитска.
Русите имаат најмалку регистрирани играчи во овој спорт меѓутоа се најталентирани а КХЛ во која учествууваат многу бвиши советски држави и други држави од Европа е се поголем ривал на НХЛ. Имаше периоди кога играчите на Русија од НХЛ кои се и најјаки играчи во лигата не учествуваа на првенствава и Русите како и на ЗОИ во 2006 во Торино имаа слаби резултати. Откога им се вратија Малкин, Овечкин растураат врвот го доживеаја лани кога повторно освоија. Прв фаворит се на турнирот но исто Шведска која може да се надева на добар резултат. Фаворит во сенка Чешка која со години е во врвот играше и финале во 2010 и го освоија првенството. Канада е многу падната а имааат најмногу финансии уложувања број еден спорт кај нив и секако најмногу регистрирани школи, клубови од најмала возраст и играчи. Америте се крш со години. Но со овој нов формат се отвораат шанси и за послабите.
И за крај ќе ја спомнам и Словенија која долги години играше во Б дивизија но започнаа да уложуваат многу а уште од време на Југославија тие играа хокеј. Секоја им чест што со ред фатија неколку првенства во топ дивизијата!
 
Денеска на првенството, како за старт, премногу чудни резултати, барем дел од мечевите. Ако овака продолжи, ќе гледаме доста интересно првенство, со многу изненадувања.
Во првиот меч од првенството, Словачка ја совлада Франција очекувано со 6-2. Исто и фаворитот Република Чешка, не така убедливо, но сепак оствари победа над Белорусија, 2-0.
Финска и Германија изиграа многу интересен и неизвесен натпревар, отиде дури и во продолженија, каде ко-организаторот победи со 4-3.
И изненадувањето на денот го направи Швајцарија, на дуелот со домаќинот Шведска, победувајќи со 3-2, клучна беше 2/3, каде Швајцарците ја добија со 2-1.

Утре на програмата се повторно четири натпревари:
САД - Австрија - http://www.balkansport.info/showthread.php?24-BalkanSport-3 (пренос од мечот)
Норвешка - Словенија - http://www.balkansport.info/showthread.php?24-BalkanSport-3 (пренос од мечот)
Русија - Летонија
Канада - Данска
 
Русија,Шведска и Канада би требало да се репрезентациите кои ке се борат за златото како фаворити од сенка се Чешка ,Финска па и САД и Словачка овие другите и да немаат шанса да направат подвиг.
Гласав за Русија мислам дека ке го освојат повторно СП ако не се лажам тие се непоразени од 2011 година на ваквите натпреварувања ја поседуваат втората најдобра хокеашка лига во светот КХЛ е сега мал хендикеп кај репрезентациите е шо се без играчите во НХЛ бидејки се игра плејофот па тука е шансата на Русите чиј ростер е воглавно од КХЛ и гледам доста добри играчи од таму Тихонов,Пережогин,Попов,Радулов, + Ковалчук од НХЛ во напад исто имаат солидна одбрана Медведев,Никулин,Белов, за голманиве незнам точно колку се добри мегутоа имаат доста силна репрезентација ке им фали дефинитивно Малкин најдобриот играч на минатото СП мегутоа имаат со што да надоместат таму.

Ковалчук штом игра доста е :) Малкин го нема инаку ќе има редење..што СП е кога главните играчи играат плеј оф во НХЛ.
 
Ковалчук штом игра доста е :) Малкин го нема инаку ќе има редење..што СП е кога главните играчи играат плеј оф во НХЛ.
Три гола на швабите денес + вчера гол и асистенција го заборајв Овечкин и тој и тоа како фали кај Русите.

Овие Швајцарците изненадуваат до сега зaвчера победа на Шведска денес 1-1 по две третини со Канада и добро се држат
 
За Канада игра македонецот Стамкос. Иначе навивам за САД

--- надополнето: 5 мај 2013 во 23:44 ---
 
Toa оти игра нашинец таму, за тоа денеска загубија од Швајцарија.
 
кога бев во САД гледав еден меч ама исто ко да не гледав ништо не сфатив :) дури членот МиаСанМиа ми објаснуваше некои ствари на форумов хаха. Делува интересно ама не сме ние за спортов, повеќе внимание ќе обрнеме на тепањето :D
 
Не поминува утакмица, а да не се степаат бар 2-3 пати.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom