Дали има потреба од закон или правна легислатива за регулација на опасни раси на кучиња?

Keepitreal

И сега ?....
Член од
18 септември 2012
Мислења
386
Поени од реакции
371
Оваа тема е болна за мене, чувам питбул кој е толку мил што и некој непознат да го удре не враќа. Да ви дам до знаење дека кога го шетам првото нешто што луѓето ме прашуваат е :
- ГО НОСИШ НА БОРИБИ ?
- ГО ДАВИШ ?
- ОВА Е ОД ОНИЕ ОПАСНИТЕ ?
Куче како куче е верно и лојално на сопственикот како и вие на вашите родители, па нормално ке те растрга ако го нападнеш сопственикот негов. Целта ми е да докажам дека треба ЗАКОН И ПРАВНА ЛЕГИСТАТИВА ЗА РЕГУЛАЦИЈА НА ЛУЃЕ КОИ СПРЕМААТ КУЧИНА ЗА БОРБИ И КОИ ГИ ПРЕТВОРАТ ВО ЅВЕРОВИ. Кучето како ќе го изучеш од мало така и ќе остане за секогаш. И не е проблемот во кучето ТУКУ ВО НАС ЛУЃЕТО.. Нема никаква потреба од овие санкци и закони. Да ви дадам уште еден пример еднашка го шетав низ град ме застана полиција и ми пиша усмена опомена и ми даде до знаење дека ако не носам маска казната е од 100евра до 400. Во ред постапив како што треба купив и маска и го носам на дистанца до нога. Само да кажам дека кучето е гледано повеќе од човек. По некоја недела повторно го шетам овој пат прописно и истите службеници од полиција повторно се појавуват пред мене, но овој пат од другата страна доаѓа скитник куче кое му се нафрли на питот мој. Кутриов мој неможеше да се брани пошто носеше маска, јас се борев со кучето кое е скитник, никад не е вакцинирано и само еден гриз 300 инфекции ќе добиев и јас и питот. А службенициве фаќаа сеир од страна.
Па ајде кажетеми дали сеуште има потреба од ова дискриминација ???
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.313
Поени од реакции
34.909
Грешка, малите раси не каснуваат едократно! Тие можат да ти направат таква штета што крвниот сад ке ти биде со дупчиња. Малите раси касаат како што шие машината за шиење, ако имаш видено.
Празник е, па нема да постирам слики од жртви нападнати од питбул и другите опасни раси. Инаку баш ме интересираше како ќе ги споредеше тие повреди со укасаниците од „малите раси кои касаат како што шие машината за шиење„...

Грешка, агресијата никогаш не била потенцирана за лов, многу други особини биле потенцирани, кои со минувањето на времето за жал се изгубени, не си доволно запознаен со кинологијата за да можеш да дискутираш во врска со тоа.
:)
Ајде тогаш „стручно„ објасни ни кои особини се потенцирани кај овие кучиња:

Ако е така како што ти велиш дека возрасните треба да ги чуваат децата, зошто сите психолози препорачуваат миленик од семејството? На крај краева големото куче повеќе ќе го припази малото од човек, не се еден или два примера за тоа као кучињата ги имаат спасено децата. И подобро да го оставам кучето со хиена, отколку со мала раса...затоа што е мала.

еве едно видео, на хиена и мало дете
http://www.youtube.com/watch?v=OOCuFlbz63E
http://www.youtube.com/watch?v=OOCuFlbz63E
:)

OK aјде сите во Африка по хиени и други ѕверови!

Член од
22 ноември 2011
Мислења
376
Поени од реакции
454
ХАхахахахахахахаха....до толку неможеш да си ја докажеш поентата па премина на хиени..... хахахахаха....... стварно си збунет со хиените..... И зошто бараш одговори на некои бесмислени прашања а ти не можеше аргументирано тоест не одговори никако на ниедно прашање од последниве не две, туку дваесет страници.
 
Член од
5 мај 2013
Мислења
7
Поени од реакции
3
Кул, само законот треба да делува и превентивно а не само да ги казнува пост-фестум сопствениците. Каде има проблем во закон кој ќе регулира кој и како може да биде сопственик на куче кое е со генетска селекција направено за борба, агресија и крвожедност?

Мислам дека борбите на кучиња се забранети, а оттука треба и сопствениците на кучињата кои одат на борби на црно, треба да се казнат.

Сметам дека таквите кучиња кои што се 'измислени' за такви борби, со правилна дресура би било помирно дури и од мачка.
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Хиени напишав бидејки ти го искористи тој термин прв,така :)

HISTORY
Sometime during the nineteenth century, dog fanciers in England, Ireland and Scotland began to experiment with crosses between Bulldogs and Terriers, looking for a dog that combined the gameness of the terrier with the strength and athleticism of the Bulldog. The result was a dog that embodied all of the virtues attributed to great warriors: strength, indomitable courage, and gentleness with loved ones. Immigrants brought these bull-and-terrier crosses to the United States. The American Pit Bull Terrier’s many talents did not go unnoticed by farmers and ranchers who used their APBTs as catch dogs for semi-wild cattle and hogs, to hunt, to drive livestock, and as family companions. Today, the American Pit Bull Terrier continues to demonstrate its versatility, competing successfully in Obedience, Rally Obedience, Tracking, Agility, Lure Coursing, Dock Jumping and Weight Pulls, as well as Conformation.

итн итн. :) пак ке те прашам, зошто ја критикуваш расата само а не и човекот кој допринел да дојде до ова? :) да не копирам историја и на многу други раси, ако те интересира ке прочиташ, ако не, џабе е ако јас ти поставам.
--- надополнето: 5 мај 2013 во 13:29 ---

Многу си селективен во тоа што го одговараш.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.313
Поени од реакции
34.909
ХАхахахахахахахаха....до толку неможеш да си ја докажеш поентата па премина на хиени..... хахахахаха....... стварно си збунет со хиените..... И зошто бараш одговори на некои бесмислени прашања а ти не можеше аргументирано тоест не одговори никако на ниедно прашање од последниве не две, туку дваесет страници.
Поентата ми е покажана и докажана. :)
Немам Јас потреба да „одговарам„ ништо. Прашањата се за Вас од спротивната страна... и сеуште се неодговорени. ;)

Концептот на безбедни домашни миленици не опфаќа ѕверови. Тоа е метафората со хиените.

За безбедноста зборуваме. Од сопствен аспект и сопствениците на хиени можат да тврдат дека истите се сосема мили (кога не се гладни или изиритирани). Еве во тој стил колешката твоја погоре приложила видео со хиена и дете (кое на жалост не можам да го видам додека сум на работа).

Плус пошто се губиме во демагогија, наоѓам дека сликите зборуваат појасно.
Aјде пак, повторувањето е мајка на знаењето! :)

Домашен миленик:
Ѕвер:​
Ѕвер:​
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
еве да ти презентирам раса која е користена за лов на лавови, крволочно животно. Рожденски риџбег

еве го ѕверот на мојот пријател

пријди на девојчето...ако смееш :D

уште една крволочна раса..американси булдог, можеби пострашен од питот, колешката ке ги препознае сликите :)

кучињата се поголеми од детето, во секој момент можат трага да не остават од него, но не го прават тоа, прашањето е ЗОШТО??? кој сака ке разбере, кој не, и да му црташ нема.

и сега ти речи ми дека ова НЕ СЕ МИЛЕНИЦИ!
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Се согласувам со Пепа во врска со тоа дека не значи ништо големината на расата, но од друга страна не може и да се игнорира фактот дека други се повредите ако те касни чивава и други се повредите ако те касни Стафорд.

Не знам дали спомнав претходно на темата, мое мислење е дека треба да се регулираат одредени раси кои можат да нанесат поголеми физички повреди на следниов начин пошто чување на куче е привилегија во една заедница, а не нешто задолжително.

Секој сопственик би бил должен да го чипира својот миленик и да биде навремено вакцинирано(ова би било мандаторно за сите врсти на кучиња)
Сопствениците на одредени раси на кучиња (не би било политички коректно да ги наречеме опасни) би требало да направат задолжителна дресура на свој трошок и на одредена воздраст полагаат тест за послушност и агресивност на кучето.
Во случај ако кучето не е способно да го помине тестот сопственикот може да ја повтори дресурата се додека не го помине тестот, или пак во меѓувреме да плаќа годишна такса за чување на потенцијално опасен миленик кој би бил означен со видлив сигнал додека го шета со задолжителна опрема.
Таквите кучиња би требало да бидат згрижени во бокс кој треба да биде проверен од страна на одредена комисија.
Истата комисија би требало да ја провери физичката и менталната ситуација на потенцијалниот сопственик пред да му одобри купување на таков миленик.
На секој потенцијален сопственик да му биде ставено до знаење дека ако не се придржува кон овие правила ќе му следи затворска или пак повисока парична казна.

Ова се само дел од моите размислувања ако некогаш станиме како Шведска.
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
тоа е и мојот цел муабет, дека пријателот овде упорно ја напаѓа расата но ниеднаш не го прокоментира факторот поради кој расата има етикета како што има.

Инаку да, не се занемарува ни тоа, мегутоа не треба да се занемари и фактот дека малата раса има поголема склоност да те касне, е сеа јас не би сакала ни на секое посетување кај пријатели да се враќам искасана или па цело време да ме лае тоа куче затоа што се чувствува инфериорно и загрозено покрај мене, иритира и тоа сепак. Можеби каснувањата нема да се лоши ама брате па секој божји пат да се враќаш како од фронтот и тоа не бидува. А на крај краева поарно да имам голема раса за миленик и да навремено да ја сработам и насочам по правиот пат отколку да имам мала раса која секогаш ке се чувствува мала.

вртете како сакате, ама ние самите сме си виновни за тоа во што се има претворено расата. Генетиката на сите кучиња е променета, па кога читам дека и некои лабрадори се склони на агресија, понатаму не треба да дискутирам. Нашата свест е преееемногу на ниско ниво за било какво дејствување. Додека погрешните раси одат во погрешни раце, ќе имаме секакви проблеми и со напаѓања и со каснувања и со скитници.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.313
Поени од реакции
34.909
...Додека погрешните раси одат во погрешни раце, ќе имаме секакви проблеми и со напаѓања и со каснувања и со скитници.
Кога е нешто потенцијално многу опасно, треба да биде регулирано со закон, кој се смее или не смее да располага со тоа нешто. Ако тоа важи за огнено или друго оружје, зошто да не важи и за тие раси на кучиња?

Мислам дека борбите на кучиња се забранети, а оттука треба и сопствениците на кучињата кои одат на борби на црно, треба да се казнат.

Сметам дека таквите кучиња кои што се 'измислени' за такви борби, со правилна дресура би било помирно дури и од мачка.
Можеби, ама што правиме со регулирање на потребата за дресура на сите кучиња од тие опасни раси кои можат да растргнат човек?

Значи ја повторувам потребата законот да делува превентивно, не само да казнува пост-фестум. Ако закнот побарува од сите сопственици соодветна дресура на тие кучиња, мерки за безбедност, микрочипирање, ако забранува сопственици да бидат криминалци, осудувани за кривични дела, или малолетници, душевно болни, итн... каде имаш проблем со таков закон?

Ако си совесен сопственик како што се декларираш, Ти самиот треба да се залагаш за овој закон зошто ќе ги спречи да бидат сопственици тие што ги злоупотребуваат кучињата за борба.
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Кога е нешто потенцијално многу опасно, треба да биде регулирано со закон, кој се смее или не смее да располага со тоа нешто. Ако тоа важи за огнено или друго оружје, зошто да не важи и за тие раси на кучиња?
Другар :facepalm: ти мене навистина или не ме читаш или не ме разбираш. Значи јас постојано повторувам едно те исто, ти си се фатил за кучињата и за расата. Значи по не знам кој пат денес, не е крива расата, криви се луѓето.

Ако гледаш така СИТЕ раси се потенцијално опасни, во тоа не можеш да ме разубедиш затоа што инстинктот за преживување кај нив никогаш ти не можеш да го надвладаш. Она што можеш е да го контролираш и целата таа енергија да ја насочиш во друг правец. Тука на сила стапува дресурата. Сите работни кучиња работат на принципот награда, кучето е научено дека ако го направи тоа што се бара од него, тој ке ја добие омилената играчка, храна или било што. Ни пит булот не е нешто помалку од тоа.
 
Криви се луѓето, но бељата е направена преку кучињата.
Ако не ја разбра метафората со огненото оружје: пак се криви луѓето ама бељата ја прават со оружје па нормално е дека оружјето е тоа што е регулирано со закон.

Еве ти уште една споредба со оружјето. Воздушни пушки и пиштоли се легални без вадење дозвола, за огнено оружје мора дозвола.
Со огнено оружје многу лесно можеш да убиеш човек. Но со воздушни пушки и пиштоли треба цевката да му ја набуташ во око на човек или да му го здробиш черепот со кундакот, за да го убиеш.
Значи теоретски е можно да убиеш човек и со огнено оружје и со воздушни пушки и пиштоли. Но во пракса не е исто.

Воздушно оружје и огнено оружје. Кучиња и кучиња од опасни раси.
Ја гледаш паралелата, или пак ќе се преправаш дека ја нема? ;)
 
MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Гледам сте развиле голема дискусија нагоре. Абе дечки израснав со кучиња, откако се знам за човек имам по некое куче и секое куче го чувствувам како член на моето семејство. То дали треба да се добие дозвола за чување на било која раса за во нашава земја ви е паднато во вода уште пред да стапи на сила. Познавам еден куп на луѓе кои се ментално нестабилни а имаат дозвола за поседување и користење на огнено оружје.
Сме чувале дома различни врсти на загари и чисти раси и мелезени, имав доберман како помал и ротвајлер кој мораше да го продадеме бидејќи немав услов да го гледам.
Ако мислите дека само добермани, булдог и тн од овие раси можат да бидат опасни, јас тврдам дека сум видел кучиња и од други раси и мелезени кои се 100 пати поопасни и посилни од овие. Имав загар кој беше спремен да убие се што ќе сретне пред него иако никогаш не беше трениран за тоа, имаше некој ген во него што го тераше да биде заштитник, го имав видено да се дави и со волк до последна сила во него. Ако некој ме пипнеше а да е во моја близина или само да офнам неможеше да го додржи ништо, така да паѓа во вода ова дека може да се даде забрана која раса да се чува која не.
Имам другар кој во дворот чуваат некое си мелезено кученце, мало ко топче али не дозволува да влези некој во дворот кај нив, дури и имаше каснато еден комшија негов. Така да пак не може да се се одреди која раса да се чува а која не. Во малото тука ко бев мал имаше еден пес (нешто како шарпланинец али мелез не расно) имаше неколку пати каснато луѓе и беше поим за страв од куче во малото. Се случи без да го видат дете од комшиите некаде 1ипол година едвај што оди да влезе во боксот кај песот и не го ни допре детето. Ако е паметен и добар пес сум слушал и од постари не каса мало дете, особено не машките кучиња.
Неможе да се даде ваква забрана, особено не кај нас каде што се е подмитено и сеуште пријателите важат не само на маса туку и на работните места и за добивање на било која дозвола.:mad:
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.313
Поени од реакции
34.909
Познавам еден куп на луѓе кои се ментално нестабилни а имаат дозвола за поседување и користење на огнено оружје...

Неможе да се даде ваква забрана, особено не кај нас каде што се е подмитено и сеуште пријателите важат не само на маса туку и на работните места и за добивање на било која дозвола.:mad:
Ова е сосема друг аспект на проблемот.

Првенствено зборуваме за тоа каков треба да биде законот. Дали и како ќе се спроведува, тоа е нешто скроз друго.
 
MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Ова е сосема друг аспект на проблемот.

Првенствено зборуваме за тоа каков треба да биде законот. Дали и како ќе се спроведува, тоа е нешто скроз друго.
Во нашава државичка не работат закони, полошо е дури и од див запад. Шо мислиш некој од овие богаташите шо ги гледаш по улица со коли од по 300 илјади евра и куќи од по 2 милиони ќе го спречи некој да чува добермани и то тренирани за убивање или било што o_O.
Џабе ќе разговарате, во македонија не важат закони за оние кои имаат моќ, човек да убијат нема никој да ги чепне а камоли песот нивни ако те касни уште и вакцина ќе треба да му платиш на песот за инфекција од шо те каснал да не го фати.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom