Let 3
The Nipple Erector
- Член од
- 13 јули 2008
- Мислења
- 30.896
- Поени од реакции
- 31.279
душичка повреденаКога ке поставиш интелигентни прашања до христијаните.
Се дотогаш, ке бидеш третиран на основа на твоите прашања...од тебе зависи.
душичка повреденаКога ке поставиш интелигентни прашања до христијаните.
Се дотогаш, ке бидеш третиран на основа на твоите прашања...од тебе зависи.
Не велам дека не треба да постиме како што Исус постел, туку само дека Исус никаде не заповедал да постиме 40дена без јадење и пиење, затоа што Исус е Исус, Тој имал натприродна моќ и можел да издржи толку долго.Велиш постот кај Православните е погрешен, бидејќи таков пост немало во Библијата. Велиш и дека не треба да постиме онака како што Христос постел, како што е запишано во Библијата. Како според тебе треба да се пости?
Велиш?Исус е Исус, Тој имал натприродна моќ и можел да издржи толку долго.
Тоа значи само една работа: дека во протестантизмот, скеој сам за себе си е црква, секој сам за себе си одредува што и како ќе прави, а цело време се крие зад „авторитетот„ од Библијата, која никаде не одредува начин на постење по прицнипот „сам свој мајстор„.. Тоа значи дека секој самостојно си одредува колку време ќе пости или пак доколку станува збор за
Во античката египетска митологија, ова се нарекува „негативна исповест„, односно „...јас не го направив ова, јас не го направив она...„, но не е битно што сум направил, туку битно е што не сум направил, а за она кое не сум го направил, не можам да сносам последици, не?...Кога велам дека постот на православните не е библиски пост, мислат на тоа дека во Библијата никаде нема пост со селектирање на храна, во Библијата никаде нема посни гозби, посни погачи, посни колачи, посни торти, никаде нема здебелување за време на пост.
Од библиска гледна точка, постот значи „воздржување„, Но добро, Ти си над Библијата и над Бога, така да...Едноставно, од библиска гледна точка, постот значи „не јадење“..
Еве ти докази од Библијата дека кога библиските личности постеле, тие едноставно не јаделе:
" И откако постеше четириесет дни и четириесет ноќи, најпосле огладне" (ев. Матеј 4:2, Библијата)
Значи тука изричито е кажано дека Исус постел. А како постел т.е. дали постел со јадење на посни торти, посни погачи, посни колачи, посни салати итн. или пак постел со нејадење можеме да видиме од извештајот на евангелистот Лука...
"А во тие денови не јадеше ништо, а кога поминаа тие, Тој огладне." (ев. Лука 4:2, Библијата)
Слично постел и Мојсеј:
„Мојсеј остана таму со Господа четириесет денови и четириесет ноќи. Ниту јадеше леб ниту пиеше вода. “ (Излез 34:28, Библијата)
Значи тука не збориме за должината на постот, бидејќи различни библиски личности постеле различно време. Но збориме за тоа дали тие јаделе ткн. „посни јадења“ додека постеле или едноставно гладувале.
Друг пример е и познатиот цар Давид, кој додека постел, исто така не јадел.
"А неговите дворјанци го прешаа: „Што правиш тоа? Додека детето беше живо, постеше и плачеше; а сега, кога детето е умрено, стануваш и јадеш!" (2 Самоилова 12:21, Библијата)
Исто така постела и познатата Естира заедно со нејзините пријалтелки...
"Постете за мене: не јадете ниту пијте три дни и три ноќи. И јас ќе постам така со своите девојки" (Естира 4:16, Библијата)
Така постеле и жителите на Нинивија:
„И нинивијците поверуваа во Бога; огласија пост и се облекоа во вреќишта, сите од најголемиот до најмалиот. Словото стигна до царот на Нинивија, тој стана од престолот, ја соблече плаштеницата од себе, се облече во вреќиште и седна во пепел. Тогаш по одредбата на царот и на неговите големци се огласи и се објави во Нинивија: „Луѓето и добитокот, говедата и овците да не вкусат ништо, ниту да пасат, ниту да пијат вода.“ (Јона 3:5-7, Библијата)
Така постел и апостол Павле:
„И Савле стана од земјата; иако очите му беа отворени, не гледаше ништо. Тогаш го зедоа за рака и го воведоа во Дамаск. И беше слеп три дни: и не јадеше ниту пиеше.“ (Дела 9:9, Библијата)
Така постеле и сопатниците на апостол Павле во бродот:
„ А пред разденување, Павле ги молеше сите да јадат и рече: „Денес е четиринаесеттиот ден, како чекате и поминувате без јадење, не вкусувајќи ништо. Затоа ве молам да јадете, зашто тоа е за вашето избавување. На ниеден од вас нема да му пропадне ни влакно од главата.”“ (Дела 27:33, Библијата)
.
Не велам дека не треба да постиме како што Исус постел, туку само дека Исус никаде не заповедал да постиме 40дена без јадење и пиење, затоа што Исус е Исус, Тој имал натприродна моќ и можел да издржи толку долго.
Kога велам дека постот на православните не е библиски пост, мислат на тоа дека во Библијата никаде нема пост со селектирање на храна, во Библијата никаде нема посни гозби, посни погачи, посни колачи, посни торти, никаде нема здебелување за време на пост.
Ако знаеш ТИ во што веруваш и како веруваш???? значи ич не те разбирам дај малце презентирај си ја твојата вероисповест.Еве на пример кај мене дома, моите се православни, а јас не. Мајка ми вапцаше јајца пред Велигден (според обичајот кој таа го следи). Јас си ја правев омилената салата (Мимоза) и сакав во неа да си ставам белки од варени јајца. Без никакво чувство на вина си земав од вапцаните јајца, си искршив (иако сеуште не беше Велигден) и си ставив во салатата.
Не. Велам дека ПРОТЕСТАНТИТЕ се завидливи и себични кон православните.Тука си малку контрадикторен. Прво велиш дека протестантите се придржуваат само кон Библијата, а потоа велиш дека не ја следат заповедта на Бог - која што исто така е запишана во Библијата. Па ако протестантите се придржуваат до Библијата, секако дека ќе се придржуваат и до Божјите заповеди во неа![]()
И, не ни кажа, кое од овие ти го практикуваш - 40-те денови (Христос, Мојсеј), 3-те денови (Естира, Апостолот Павле), 14-те денови(сопатниците на Апостолот Павле)... Ти кога постиш, колку денови не јадеш ништо и не пиеш ништо - 3, 7, 14...Едноставно, од библиска гледна точка, постот значи „не јадење“. Едноставно е како два плус два и не е тешко да се разбере, ако се сака да се разбере. Но поентата е во тоа што луѓето не сакаат да разберат и баш им е гајле што вели Библијата за постот. На нив ги интересира што рекле „старите“, традициите, обичаите, што рекол попот итн.
Значи јас можам да си одлучам да постам само 1 час така?Значи тука не збориме за должината на постот, бидејќи различни библиски личности постеле различно време. Но збориме за тоа дали тие јаделе ткн. „посни јадења“ додека постеле или едноставно гладувале.
Пред да реплицираш читај добро што сум напишал, за да не се повторувам за џабе. Значи јас пишав:И, не ни кажа, кое од овие ти го практикуваш - 40-те денови (Христос, Мојсеј), 3-те денови (Естира, Апостолот Павле), 14-те денови(сопатниците на Апостолот Павле)... Ти кога постиш, колку денови не јадеш ништо и не пиеш ништо - 3, 7, 14...
А како јас постам тоа е моја лична работа и мојот Господ Исус Христос ми заповеда да не се фалам колку постам.Чорбаџија напиша:Никаде во Библијата нема заповед за тоа колку долго или од кога до кога треба да се пости. Тоа значи дека секој самостојно си одредува колку време ќе пости или пак доколку станува збор за групен пост на одредена заедница, тогаш тие си се договараат.
Па ако си некој човек што огладнува за 30мин, тогаш да, можеш да постиш и 1час што би значело дека 30мин би бил сит, а следните 30мин би бил гладен и би се воздржувал од храна. А ако огладнуваш како секој нормален човек за 3-5 часа, тогаш би се очекувало постот да ти трае барем подолго од тоа, со цел да има барем малку време кога тебе ќе ти се јаде, а ти ќе се воздржуваш од јадење. Во спротивно постот не е пост, туку едноставно нормално време од еден оброк до друг, а у меѓу време желудникот си ја вари храната од претходниот оброк, ти не гладуваш, туку си сит.Значи јас можам да си одлучам да постам само 1 час така?
извини сеа, ама кои се православни, а кои Христијани, не сватив баш најдобро?Знам дека е пракса кај православните ЈАВНО да постат, да се фалат колку постеле, како постеле, колку убави посни јадења направиле итн. но кај нас христијаните тоа не е така..
Православни се оние што го следат православното учење, православните обичаи, традиции, адети, православните преданија. Христијани се оние што го следат учењето на Исус Христос.извини сеа, ама кои се православни, а кои Христијани, не сватив баш најдобро?
А ти што мислиш дека во Црквата на МПЦ има трнинзи по пливање?Православни се оние што го следат православното учење, православните обичаи, традиции, адети, православните преданија. Христијани се оние што го следат учењето на Исус Христос.
Не знам, не те познавам. Не е мое да судам. Ти најдобро знаеш дали го следиш учењето на Христос или пак некои човечки учења, измислени или позајмени од паганството со векови после Исус.значи јас сум православен, ама не сум Христијанин, така ли?????![]()
Таќе е!значи јас сум православен, ама не сум Христијанин, така ли?????![]()
Навистина воскресна!Христос воскресе!
Честит Велигден на сите православни Христијани!
Така си е, чувај си ја твојата вера во тајност, и не кажувај ништо за неа, за да неможеме да полемизираме околу неа, или пак не дај Боже да ја напаѓаме секојдневно како што ти тоа го правиш. Само се ми се чини дека кога ќе се тргнат напаѓањата кон Православието, и кога ќе престанете да зборувате што не правите, и да цитирате од Библијата, ништо друго нема да остане од твојата вера.А како јас постам тоа е моја лична работа.