Рудници и
ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
- Член од
- 9 декември 2009
- Мислења
- 12.136
- Поени од реакции
- 18.135
Виното за прв пат произведено пред 40 години во чест на Струшките вечери на поезијата, со тек на време стана симбол за нашето вино надвор и бренд во национални рамки, а и во околината.Секогаш важело за различно од сите други вина, се до пред некое време, кога почнаа многу промени околу етикетата, дизајнот, вкусот, квалитетот и слично.
Етикетата од почетокот на производство, се до 2003 год. со назнака /врвно вино/
Од секогаш на цена и глас, а цената особено скокна по влегувањето на М6 во 2003 (фирма на Свето Јаневски) во Тиквеш.Истовремено квалитетот како да стана променлив, а во истиот период дојдоа и неколку промени на амбалажата.Според мене знак на несериозност на една реномирана фирма, посебно на (дотогаш) најпознатиот производ.
Од лево на десно, етикети на берба 2003, 2004 и 2007 како /квалитетно полусуво вино/
И дојдовме до последната промена на амбалажата, пред година - две, како /полусуво црвено вино/.Освен етикетата, најголемата промена е во начинот на затворање на виното.
Голем број љубители се жалат на новиот ‘практичен‘ начин на отворање, со капаче, истовремено со замерки на вкусот на виното и се поголемата цена од година во година, иако според Тиквеш:
‘‘Промената во тапата е со цел да се подобри квалитетот на виното односно следење на светските трендови??? во производство на вина кои не се наменети за стареење во шише, туку се пијат во првите две години по бербата‘‘.
И вториот дел од објаснувањето:
‘‘Од друга страна пак, врвните вина, за кои е потребно подолго одлежување, се затвораат со квалитетни плутени тапи.
Навојните (scrеw cap) затворачи ја спречуваат несаканата оксидација, заштитуваат од контаминација која знае да се случи поради природните плутени тапи, поотпорни се на температурни промени, помагаат во задржување на оригиналните карактеристики на виното, овозможуваат поедноставно отворање‘‘.
Ако е вака според Тиквеш, логични прашања се:
И капак на се дојде новото освежување на Т‘га за Југ.
Ако не е за посебна тема, модераторите слободно нека ја спојат со општата тема за вино.

- Зошто до вчера одеше класичниот начин со тапа и немаше никакви проблеми со подолго чување на виното во шише?
- Дали до лани сите беа убедени дека пијат вино со врвни карактеристики, а пиеле производ нестандарден во вкус и квалитет (посебно последните неколку години)?
- Ако навојните затворачи се поефикасни во спречување на оксидацијата, зошто ‘врвните‘ вина (очигледно Т‘га веќе не е во таа категорија) уште се останати на тој принцип?Пологично е нивните својства да се задржат на подолг период ако се со својства за стареење во шише, отколку едно обично вино.