Повторно црн Велигден

  • Креатор на темата Креатор на темата _Филип
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Убаво си коментирате вака вие, ама да ви заплаче дете дека сака да иде некаде со друштвото, поинаку ќе реагирате. Тотално не може да знаете во каква ситуација биле родителите. Всушност, зашто уште се коментира за тоа, кога не се знае уште точно што како било. Кога ќе се дознае, ќе дискутираме.
 
Момчето од кое е оставено линк во првите страни, е комшија на мој добар другар... Лесна му земја.. :(:(
Кога помислам дека можев и јас да завршам вака... Се вратив по истиот пат по кој имаше друга тешка сообраќајка. Вечерта дури и горе на Пониква се слушаа амбулантите возила, знаевме дека нешто не е во ред. Моите се шекнаа ѕвонејќи додека не ме добија. Не можам ни да замислам како им е на најблиските, сепак најдлабоко и искрено сочувство. :(
 
Протест во Речица: Возат како на рели и ни газат децата


Жителите на селото Речица, денеска излегоа на протести и побараа од општината и МВР да да ги заштитат од дивењето на возачите од липковско, кои поминуваат низ селото.

Немања Стаменовиќ (10) од селото Речица пред три дена е тешко повреден во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово- Лојане, додека се враќал од училиште. Во него со автомобил удрил жител од селото Ваксинце, кој наместо да му пружи помош, побегнал од место на несреќата и го оставил на улица. Повреденото дете е пренесено во болница во Скопје, каде со сериозни повреди на главата се бори за живот.
Тоа ги разгневи жителите на селото Речица, кои денеска излегоа на протести и побараа од надлежните институции во општината и МВР да преземат мерки за да ги заштитат нивните деца од дивењето на поединци на возачите, кои поминуваат низ селото. Тие кажуваат дека само во последните две години се прегазени десетина деца и уште толку постари жители, од кои неколку починале. Во селото речиси и да нема семејство во кое нема повреден во сообраќајка на патот, а несовесните возачи се главно од липковските села, кои секогаш го напуштале местото на несреќата.
Меѓу жителите, кои излегоа на протестот беше и мајката на повредениот Немања, која скршена од болка побара казна за виновникот кој го повреди нејзиниот единец.
Јас бев на работа кога ми јавија дека детето ми е повредено. Кога дојдов тој беше однесен во болница во многу лоша здравствена состојба. Сега малку е стабилизиран, благодарение на докторите кои многу се трудат да му помогнат. Се молам на Господ да го спаси. Пред четири години на истото место го удрија и свекор ми, и тогаш возачот побегна а потоа остана неказнет. Незнам каков е тој човек што не сакал да му пружи помош на детето. Тој побегнал а во близина немало никој, само деца, а во такви моменти секоја минута е битна. Јас имам едно дете и се прашувам како би се чувствувал возачот сега да е на мое место - липа и се гуши во солзи мајката Зорица Стаменовиќ.​
Жителите кажуваат дека на улицата низ селото на која нема тротоари ниту лежечки полицајаци ограничувањето е 40, а се вози со брзина и од 150 километи на час.
Во рамниот дел на патот често пати има и трки. Ние немаме начин да ги спречиме, пријавуваме во полиција и во општината, но без резултати. Секојдневно ги водиме и ги чекаме децата од училиште затоа што се плашиме за нивната безбедност на патот. Доколку надлежните не ни помогне ќе ги радикализираме протестите и ќе го блокираме патот со земјоделска механизација- вели Валентин Стоиловиќ, претседател на м.з. Речица.​
Повредените во сообраќајки ги обвинија и судовите дека ги штитат насилниците, па судските постапки ги развлекуваат додека делото да застаре, а често пати настраданите ги прогласуваат за виновни.
Селото Речица се наоѓа на 7 километри од Куманово и во него живејат над 600 жители од српска националност.

http://www.kumanovonews.com/vesti/h...ica-vozat-kako-na-reli-i-ni-gazat-decata.html
 
Вие што се буните дека децава се возеле со трактор не сте во право.Читам, сте пишале дека родителите не требало да ги пуштаат ако немало превоз итн....
Од каде знаат родителите дека децава ќе запрат случаен трактор што поминува и ќе го замолат да ги однесе до селото ? Сите паметни мисе праете сееа а секојденвно секој од вас се има најдувано во мн по ризична ситуација но поради што не ви се случило ништо не е гледате опасноста.
 
Слика од несреќата. Жалосно :(
28059B822D38BA40AB65C556FCFF7BC7.jpg

--- надополнето: 2 мај 2013 во 19:21 ---
Вие што се буните дека децава се возеле со трактор не сте во право.Читам, сте пишале дека родителите не требало да ги пуштаат ако немало превоз итн....
Од каде знаат родителите дека децава ќе запрат случаен трактор што поминува и ќе го замолат да ги однесе до селото ? Сите паметни мисе праете сееа а секојденвно секој од вас се има најдувано во мн по ризична ситуација но поради што не ви се случило ништо не е гледате опасноста.

Родителите на 13 годишни деца треба СЕКОГАШ да знаат каде се нивните деца, со кого се, како ќе одат и како ќе се вратат.
Да, морале да знаат. И не знам како ги пуштиле без надзор по шуми. Ај да биле во двор нечиј, ај да биле во парк. Биле во шума.
Јас на 13 години не памтам да сум смеела да прашам дали може некаде сама, без надзор да одам. Најдалеку до шумичкава, на 200 метри од кај мене дома, или денски до Центар, секако, со градски превоз.
Ако сум одела со такси сум се јавувала да кажам на моите од која копанија и кој број ме вози.

Ако ме снема, да знаат од каде да почнат да бараат.
 
Цената на либерализмот и слободата што им ја даваме на нашите деца да се однесуваат и да прават што сакаат. Мој другар бил на викендица со девојката да се одмори, а од друга страна се довлечкале пар дрољетини мртви пијани и цел вечер ги тормозеле со турбо фолк и тие курвински текстови.

Најстрашно е што од година во година се поголем е бројот на наркомани, алкохоличари, елитни Ким Кардашиан курви низ Македонија, а само оваа година имало за 130 пати повеќе сообраќајки од претходната година поради алкохол и дрога. Што ќе биде за 5 години?

Тројца загинати и 53 повредени од кои 43-ца со тешки повреди.Алкохолот е главен виновник за поголемиот дел од вчерашните сообраќајни несреќи ширум земјата.Полицијата и докторите согласни – поцрн 1. Мај Македонија не памети.
kjkjkjjhhjhhhhh9999999.jpg
За трите лица кои вчера загинаа кобен беше кочанскиот регион.63-годишен тракторист и неговата сопруга животот го загубија во стравотната несреќа кај Оризари,а неколку часа пред нив кај местото Старо Школо смртно настрада 27-годишен Кочанчанец.
4 од 11-те тешко повредени деца кои синоќа по несреќата со тракторот беа итно пренесени во Скопје,се сеуште во животна опасност.Детето оперирано доцна ноќеска полека се буди и дише самостојно,а останатите веќе се наоѓаат во подобра состојба.
Трагично можеше да заврши и враќањето од првомајски излет за пет момчиња од Долно Косоврасти,Дебарско,но за среќа тие се извлекле без тешки повреди откако нивното возило излетало од патот и удрило во бетонски ѕид.
Од Ургентен велат дека само во текот на вчерашниот ден биле прегледани 129 лица кои претрпеле повреди во сообраќајки,а 28 биле задржани во болница,што е драстично повеќе од ланскиот 1. Мај,кога се случиле две несреќи со лесни последици.
 
malku mi e cudno kako mozel da se prevrte traktorot
za da se prevrte traktorot patot mora da e mnogu strmen nadole i traktorot da se dvizel so mnogu golema brzina,inaku drug nacin za da se prevrte traktor jas neznam kako moze
 
Prijateli coveko (vozacot) ima dobieno srcev udar za vreme na vozenjeto napraveno e obdukcija... djabe diskutirate toa e nesreka i nema viniven tuka... edinstveno sto ostanuva da se molime za decinjata!!
 
треба да се деси несреќа за да им текне да ставаат лежечи полицајци или семафори. Во моја населба тука на главната, браќата ко што возат со 200 и не го ебават пешачкиот секоја година носат по некоја жртва. Да ти е страв улица да поминеш. Се буниме во општина за семафор ама џабе е.
Треба изгледа е вакво нешто да се случи за да кажат на тв дека ќе се интервенира и демек работеле нешто.
Македонија - државата во која наместо да се спречи, се лечи.
 
треба да се деси несреќа за да им текне да ставаат лежечи полицајци или семафори. Во моја населба тука на главната, браќата ко што возат со 200 и не го ебават пешачкиот секоја година носат по некоја жртва. Да ти е страв улица да поминеш. Се буниме во општина за семафор ама џабе е.
Треба изгледа е вакво нешто да се случи за да кажат на тв дека ќе се интервенира и демек работеле нешто.
Македонија - државата во која наместо да се спречи, се лечи.
Погрешна ви е тактиката.Бунете се за кружен тек.Најозбилно.(n)
 
Родителите од Речица не ги пуштија децата на училиште


Жителите на селото Речица, денеска не ги пуштија децата на училиште и еден час го блокираа локалниот патот Куманово - Лојане, барајќи од надлежните институции да се зголеми сообраќајната безбедност во селото.

Револтирани што со години наназад нивните деца се жртви на несовесни возачи од липковско, кои дивеат по селската улица, бараат Општината да постави лежечки полицајци во близина на училиштето.
Секој ден од 8 до 9 часот ќе го блокираме патот и мирно ќе излеземе на протести, и нема да ги пуштиме децата на училиште се додека не се реши нашиот проблем. Ги известивме надлежните институции и се надеваме дека во најкраток рок ќе се реши проблемот. Ние не бараме нешто што е невозможно, само да се постават 6 лежечки полицајци на патот за да можат децата побезбедно да се движат до училиште - Валентин Стоилковиќ, претседател на месната заедница.​
Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, вети дека општинските служби во најкраток можен рок ќе го решат проблемот, но вели дека тоа нема многу да помогне бидејќи сообраќајната култура на возачите во кумановско е на многу ниско ниво.
Општината ќе го исполни својот дел од обврската за поставување на лежечките полицајци и хоризонталната сигнализација уште во текот на овој месец, меѓутоа сметам дека е потребна синхронизирана акција со МВР, преку адекватна сообраќајна контрола и ригорозни казни за несовесните возачи за да се подобри безбедноста на граѓаните. Кај нас сообраќајната култура е на многу ниско ниво, се вози со неприлагодена брзина, без да се почитуваат сообраќајните правила и прописи, а многу често и под дејство на алкохол. Затоа имаме голем број на сообраќајни несреќи. Во селото Речица поминува меѓуопштински пат и има голема фрекфенција на возила, а поради големата густина на населнието има многу сообраќајни незгоди, некои завршуваат и фатално. Поставувањето на лежечките полицајци ќе ја ублажи безбедноста , но мора да се работи на поголемо полициско патролирање кое ќе даде сигурност на граѓните на оваа населба- изјави Дамјановски.​
Селото Речица се дигна на нозе мината недела, по последната сообраќајна несреќа во која тешко е повреден десетгодишниот Немања Стаменковиќ, додека се враќал од училиште. Несовесниот возач побегнал, а здравствената состојба на детето сеуште е неизвесна.
Пред 4 години мене ме удри возач од Ваксинце. Помина од едната на другата страна на патот кога ме удри и 40 метри ме влечеше со велосипедот , а на крај Судот пресуди дека јас сум виновен. Сега е прегазено моето внуче, кое е сеуште во шок-соба и незнаеме како ќе заврши. Да удриш некого може да му се случи на секој возач, но зошто не му пружил помош на детето, туку побегнал. А пред некој ден дошле да се мират кај мене дома- вели Радомир Стаменковиќ, дедото на Немања.​
Жителите кажуваат дека возачите од липковско возат многу брзо како да се на рели трки и за последните 2 години прегазиле 10 деца и уште толку возрасни луѓе, од кои дел починале. Никој од возачите не застанал да му помогне на повредениот, туку секогаш бегале од местото на несреќата.

Сумњам дека нешто ќе направат у врска со оваа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom