Суперегзотични имиња

  • Креатор на темата Креатор на темата Indigo
  • Време на започнување Време на започнување
Да така е, само што Тодорка на пример се задржало како име со векови, ајде да видиме Миа колку ке потрае и дали ке се задомакини.
Пред неколку години најмодерно име беше Касандра по истоимената серија. Денес ако ја прашаш некоја од каде нејзините добиле инспирација од името, што ке им речи. Демек имаше една шпанска серија и главниот лик беше Касандра па ....
Не мислиш дека е малце глупо.
И за смеењето. Демек ке и се смееле. Кој тоа ке и се смее. Децата во градинка, во прво одделение или некој на 20 години. Ај за децата , тие се сурови и најверојатно ке ти прават мајтап и за презимето, и за носот, очите, косата и за патиките па најверојатно и за лењирот во чантата и мобилниот. Ништо чудно и ништо несекојдневно од нив.
Но ако некој се смее за име на некого а го поминал пубертетот тогаш станува збор за емотивно несозреана личност. И сега доаѓа дека родителите децата сакале да ги поштедат од заебанции во градинка и од емотивно несозреани лиочности па затоа ставаат модерни имиња а не традиционални. Побезвеза работа амин.
И уште нешто. Дали само ние од цел балкан сме толку напредни или сме толку глупи незнам, но секаде во сооседството некој мака мачи да си го смени името во традиционално македонско, ние тука ем никој не не тера , ем сами си го менваме. Оди пробај во Грција или Албанија ( за Бугарија и Србија нема логика овој муабет) и пробај грчкото име или албанското име да го смениш најнормало легално во македонско. Нема шанси. Само прашање е зошто. На времето кога биле бугарите тука имињата на децата морале да одговараат на бугарските, па ако кумот дадел некое што не одговара или типично македонско уште кога те заверувале ке ти ставеле автентично бугарско. И во српско не било ништо подобро.
Па сега размисли малце дали е битна само модата или има тука уште нешто. Дали ние како нација сме ултра модерни или сите околу нас се ултра заостанати. Дали ние сме најпаметни, а сите околу се глупи па внимаваат многу какви имиња се даваат на идните генерации.

Хах, па да му дадеме шанса на името, да видиме? Познавам постари Мии од мене, значи 30 години бар го имаме името, па да му дадеме бар уште 20, што викаш?
Не знам дали си сретнал ти Касандра меѓу македонската популација, јас не. А кај ромската, сум сретнала и Касандра, и Шакира, и Алберт.

Родителите не ставаат име за да го спасат детето од исмејување, туку затоа што им се допаѓа името. Затоа не можам да им речам - оооо сељачишта, Стојна сте ја крстиле ќерката. Или шмизлишта, детето како куче сте го крстиле. Можам лично да мислам било што од ова, ама и да си го задржам за себе. И едноставно во таква ситуација да одберам име - што мене ми е убаво.

Тоа што нашите соседи по многу прашање за позатупени од нас, не значи дека ние како нив треба да станеме. Не гледам причина да учам од полошиот, гледам причина да учам од подобриот.
Немам што да научам од некој што интелектуално е на пониска скала од мене.

Тие околу нас од погрешни причини го прават тоа што го прават.
Ако ги оправдуваме нивните причини, треба да размислиме во насока дали и Хитлер можеби треба да го оправдаме?
--- надополнето: 2 мај 2013 во 15:42 ---
А Лолита како ти звучи ?
Како сексуална работничка, но малце поплатена оваа.
 
Тоа што нашите соседи по многу прашање за позатупени од нас, не значи дека ние како нив треба да станеме. Не гледам причина да учам од полошиот, гледам причина да учам од подобриот.
Немам што да научам од некој што интелектуално е на пониска скала од мене.

Тие околу нас од погрешни причини го прават тоа што го прават.
Ако ги оправдуваме нивните причини, треба да размислиме во насока дали и Хитлер можеби треба да го оправдаме?
Сега баш читав статија и незнам колку е точна но некако се коси со твојот став за интелектуална супериорност, освем секако ако сметаш дека Швеѓаните или Новозеланѓаните се приглупи и заостанати.
Еве повели.
П.с и што мака ти имаш видено од Хитлер или ние како нација.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom