Суперегзотични имиња

  • Креатор на темата Креатор на темата Indigo
  • Време на започнување Време на започнување
Името ти го даваат родителите, какво ти е, такво ќе си го носиш цел живот (освен ако не си го смениш, како што има случаи). Кај мене во фамилија (додуше постари луѓе) имало имиња какви што никогаш не би помислила дека некој може да ги смисли: Трпана, Нуфре, Кнегиња, Богданка, Гуга, Драгинка... Иди па крсти си го детето вака...
Но, факт е дека има многу убави македонски имиња и денеска, а и секој има избор, барем не сме како Исланд. Таму на избор имаат 1.712 машки и 1.853 женски имиња и само од нив може да се избере име за детето. Еве линк...

http://www.digitaljournal.com/article/340446
 
Димитар ке го викат Диме, Димо, Димко, Димче.
Стефан ( Стеван) ке го викаат Стево, Стевче.
Владимир( по мене си знам) ке го викаат Владо , Владе, Влатко.
Искрено само професорката по Македонски во средно или кога ке направев некоја беља ме викаја со цело име, инаку скратеницата. И искрено не гледам тука ништо нити лошо нити глупо во тоа.
--- надополнето: 29 април 2013 во 20:34 ---

Е ај просветлиме , живо горам од желба да знам што значење има името Mobutu Sese Seko Kuku Ngbendu wa Za Banga пошто сум канет кум и сакам тоа да му го предложам, па вака спремен да бидам ако во случај ме прашаат што значи тоа име на Конгоански и во превод што би значело. Да не испадни нешто како Тој што ја клецаше на комшијата зебрата па да се резилам.
Сега знам дека не е изворно Македонско ама ете сакам да ја пратам модата, а од сигурни извори знам дека е ептен популарно во Конго, поточно во Република Конго( пошто две се со слични имиња, па да настани забуна:))

Прво и основно, мене тие што ми се пријатели ме викаат по надимак што врска ми нема со имињата, а второ, мене ми е океј Диме, а за Стефани, бар моја генерација, или по име ги викаат, или Стеф само (што мене не ми се допаѓа, но ајде).
Ништо лично, но Владимир не ми се допаѓа како име. Можеби и тебе моето - Антонија, не ти се допаѓа и тоа е сосема во ред.

А во однос на тоа што си ја цитирал Плавоока, тролаш. Тролаш и тоа многу.
Не можеш да споредиш Миа со Хуан-Су и Петрана.
--- надополнето: 30 април 2013 во 03:14 ---
За твоја информација, далеку сум од неупатена, ама ти си, бидејќи очигледно немаш поим за значењето на имињата кои ги спомна;)

Па еве, да те просветлам,а можеби и останатите ќе научат нешто корисно за значењето на имињата кои се почесто се користат кај нас.

Деа има латински корени и значи Божица.
Инес потекнува од Шпанија и значи Света, Светица.
Анабела e спој од Аnna и bella (на италијански "убава").
Ава e латинска форма од Ева, првата жена на Адам.
Леа e старогрчко и во буквален превод значи Гласничка на добри вести.

И секако, од твојот прв пост - имињата Ена, Ина, Миа, Теа, Сара, Дона.

Ина е изведено од Ена, што пак доаѓа од старогрчкиот кога имало исто значење како кај нас Светлана. Во поново време значи Една.
Миа потекнува од староеврејскиот и значи Бунтовна или Божица.
Теа на старогрчки значи Подарок од Бога, а на латински Радост или Среќа.
Сара e еврејско име и означува Принцеза или Дама.
Дона има келтски и италијански корени. На италијански означува Дама, а на келтски е буквално синоним за Владетелка на светот.

Ако веќе си решила да плукаш нешто (во овој случај конкретни имиња), проучи ги истите, па тогаш аргументирано плукај, а не на слепо под субјективен изговор дека тебе ти било вакво или онакво.

Како што веќе кажав, СЕКОЕ ИМЕ ИМА СВОЕ ЗНАЧЕЊЕ (дури и оние кои ти ги квалификуваш како шмизлести имиња или користење на кратенка). И не секое кратко, односно кусо име е кратенка од некое подолго. Може да биде, но не мора да значи.

Правам многу добра разлика меѓу форум и реален живот. Но навистина би сакала да ја видам реакцијата на некоја форумџика на собиранка кога ќе сфати дека и го оцрнуваш името:D Јас лично не би ти простила, ама мене ме промаши...за среќа:LOL:

П.С. Најголема иронија во сето ова е што си против имиња кои се синоним за Дама, како и твојов ник;)

Ха, плавоока, моја грешка-упатена си била во значењата на имињата али заклучоците ти се збогум логико. Инес можеби има значење како шпанско (колку што знам). Анабела како италијанско итн. Во македонскиот Анабела звучи како италијанско - не како македонско име; Инес за нас нема значење исто како и Теа, Меа, Блеа...

Зошто да не биде Светлана наместо заменките за Светлана што ги наведуваш? Па викај си ја ти Ена и мисли си на старогрчкото значење на зборот. Исто така не заборавај да помислиш колку глупо звучи у комбинација со наше презиме.

У ствари сеа ми е уште посмешно- ти у ствари викаш дека коа некоја шмизла ќе си го крсти детето Деа, у ствари сака да каже дака родила мала божица? Или ако е Сара, тогаш шмизлава си родила мала принцеза? Дона-владетелка на светот, бе...:pos:
Владетелка на Светот Миркоска, од татко Петко и мајка Трајанка.

Пфффф, болеста била поозбилна отколку што си претпоставував...:P[/quote]

Затоа што Светлана не е убаво, барем за мои уши.. и Сузана.
Јас ич не сум шмизла, не ме знаеш, ама не сум, а и посебно не сакам лигави створења, ама сепак сакам мили имиња за дете.
Не можам бре дете Богољуб да крстам. Не можам Трајан да крстам.

Убаво, меко име.

Сепак, секој со својот вкус.
За другите не знам, ама јас на имињата кои ги давам (до сега на едно дете сум кума, а и на сестра ми јас и го смислив) имаа значење, и ми беше битно да имаат значење.
--- надополнето: 30 април 2013 во 03:17 ---
сеа во последно време, ако можете да приметите, по две имиња им ставаат на децата. баш пред некој ден на мој втор братучед му се родија близначки и ги крстија Ева Ангелина и Лара Александра, а пред некој месец во комшии се роди дете кое го крстија Иво Теон :свиркам: постариот брат од ова бебево се вика Лио Антониј :гик:
инаку луѓево во македонија живејат.
епа сега замислете си со какви другарчиња ќе учат и ќе се дружат нашите деца.

Мене баш ми се допаѓаат имињата :) Освен Иво Теон, Иво како име не ми е убаво, Подобро Илија Теон.
Имам срби комшии, детето им се вика Вук Николај :)
 
Прво и основно, мене тие што ми се пријатели ме викаат по надимак што врска ми нема со имињата, а второ, мене ми е океј Диме, а за Стефани, бар моја генерација, или по име ги викаат, или Стеф само (што мене не ми се допаѓа, но ајде).
Ништо лично, но Владимир не ми се допаѓа како име. Можеби и тебе моето - Антонија, не ти се допаѓа и тоа е сосема во ред.

А во однос на тоа што си ја цитирал Плавоока, тролаш. Тролаш и тоа многу.
Не можеш да споредиш Миа со Хуан-Су и Петрана.
Ни мене не ми е нешто многу по кеф ама се навикнав:).
За Антонија немам предрасуди, посебно ако е некоја секси, всушност ако сака и Ѓурѓа нека се вика, око нема да ми трепни;).
Туку ај објасни ми зошто не би можел да споредам Миа со Хуан-Су и Петрана.
Што е толку посебно Миа освем што тебе ти се допаѓа.
Само да не заборавиме дека Петрана е ајде да речам изворно наше старо име( не велам дека е Македонско но е одомакинето како наше) додека Миа е или дериват од којзнае какво име и најверојатно има странско потекло исто како и Хуан-Су. Кога сме кај тоа добро е и Џенифер посебно ако е црномањеста.
П.с а како те викаат на прекар, баш ме интересира ?
 
Не можам да ти го кажам прекарот, жал ми е :)
Види, и Петар е Питер, и Јован е Џон, и Марија е Мери, и Елена е Хелена, и Сара сигурно не е баш наша кованица, и Никола, и Стефан.... зошто тие да бидат прифатени, а Миа не?
Ако некој си крсти дете Хуан-Су ќе му се смеат, исто и Петрана. На Миа нема, затоа што е понормално тоа денес да го чуеш, него другиве две.
Види, немам против кој како сака да си крсти дете, не е мое да се мешам.
Можам да зборувам лично - и тоа и го правам - што ми е мене убаво.
Затоа и ти реков, јас си го сакам моето име, но немам против тебе или на било кој друг да не му е убаво.
Личен вкус е тоа, не мора да се обвинуваме или да палиме клада :)
 
Зошто е понормално тука е прашањето. Дали тука не се работи за обично помодарство на сметка на вековна традиција и историја.
Модата иди и заминува. Денес е модерно , утре ке биди демоде. Што тогаш ке си го смени името со некое помодерно?
Едно е да ја партиш модата со облека или стил, но сметам дека не е во ред за тоа да трпи нешто кое опстанало со векови. Кога сме кај тоа зошто и презимињата не си ги менувате, што има врска дека тоа е презиме на фамилијата и сигурно го носи со генерации наназад.
 
Во даден момент, и Стојанка била трендовско и модерно име. Некогаш била и првата Стојанка. Па втората. И првиот Митре бил трендовски.
Историјата ја пишуваме секој ден. Не е историјата предмет кој не подлежи на промени. Всушност, само промените се вечни.
Пред 100 години, знаеш, луѓето пишувале писма и чекале со месеци писма, денес писмото ти е one click away.
Модернизацијата е нормален и потребен процес.

Колку и да си го сакам традиционалното - во голема мера го почитувам, како на пример еве иде Велигден, на секој можен начин ќе придонесам, иако и јас, и сите околу мене знаат дека јас немам врска со христијанство, чисто од традиција правам некои работи, сепак, се надевам дека во иднината поделбите по национална/религиозна/расна основа ќе бидат само историја.
Затоа што оној момент, кога се дрзнуваме некому да судиме колку е ,,верник,, ,,патриот,, итн. е моментот кој мене ми изгледа како змија да ме каснала.

Како што не одговара во 21 век да пишуваш писмо и 3 месеци примачот да чека, не е нормално ниту да крстиш дете Трпана. Не е нормално да живееш без струја, не е нормално да живееш во наколна колиба. Не е нормално со коњ да одиш од Скопје до Велес.
Во секоја сфера на животот се случува модернизација, имињата не се имуни на истото.

На крајот, можам да крстам дете Шушугима Шварценегер, а сепак националност да биде македонска, религија православна....

Повеќе нема закон што ќе те спречи да бидеш што сакаш. Утре ако сакам ќе станам чистокрвна Гркинка.
Затоа, името како име, не менува ништо.
Пострашни се бугарските пасоши (за кои не сакам повеќе од оваа реченица да дискутирам), па сепак, помакедонка е Миа со РМ пасош, отколку Стамена со бугарски пасош.
Мислам дека ми ја сфаќаш поентата, да не одиме офтопик :)
 
Карамела би ја крстил бреееее мераци
 
Да така е, само што Тодорка на пример се задржало како име со векови, ајде да видиме Миа колку ке потрае и дали ке се задомакини.
Пред неколку години најмодерно име беше Касандра по истоимената серија. Денес ако ја прашаш некоја од каде нејзините добиле инспирација од името, што ке им речи. Демек имаше една шпанска серија и главниот лик беше Касандра па ....
Не мислиш дека е малце глупо.
И за смеењето. Демек ке и се смееле. Кој тоа ке и се смее. Децата во градинка, во прво одделение или некој на 20 години. Ај за децата , тие се сурови и најверојатно ке ти прават мајтап и за презимето, и за носот, очите, косата и за патиките па најверојатно и за лењирот во чантата и мобилниот. Ништо чудно и ништо несекојдневно од нив.
Но ако некој се смее за име на некого а го поминал пубертетот тогаш станува збор за емотивно несозреана личност. И сега доаѓа дека родителите децата сакале да ги поштедат од заебанции во градинка и од емотивно несозреани лиочности па затоа ставаат модерни имиња а не традиционални. Побезвеза работа амин.
И уште нешто. Дали само ние од цел балкан сме толку напредни или сме толку глупи незнам, но секаде во сооседството некој мака мачи да си го смени името во традиционално македонско, ние тука ем никој не не тера , ем сами си го менваме. Оди пробај во Грција или Албанија ( за Бугарија и Србија нема логика овој муабет) и пробај грчкото име или албанското име да го смениш најнормало легално во македонско. Нема шанси. Само прашање е зошто. На времето кога биле бугарите тука имињата на децата морале да одговараат на бугарските, па ако кумот дадел некое што не одговара или типично македонско уште кога те заверувале ке ти ставеле автентично бугарско. И во српско не било ништо подобро.
Па сега размисли малце дали е битна само модата или има тука уште нешто. Дали ние како нација сме ултра модерни или сите околу нас се ултра заостанати. Дали ние сме најпаметни, а сите околу се глупи па внимаваат многу какви имиња се даваат на идните генерации.
 
Мене ми звучи доста порнаџиски. :D
скроз :)
а шо мислите на имина шо завршува на тина..
Здраво јас сум Тина...
Од Валетина?
Не , од курветина :ROFLMAO:

малце шала на моја сметка , убај ми се сите Мартина , Валентина , Христина , и не се егзотични :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom