- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 45.701
- Поени од реакции
- 85.588
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС
Албанците мора да го осудат каменувањето на црквата на МПЦ во Чаир
Светскиот македонски конгрес (СМК) најостро го осудува каменувањето на Македонската православна црквата „Свети Ѓорѓија“ во Чаир и навредите од група Албанци муслимани кон православните свештеници и верници Македонци на почетокот на страдалната седмица од великиот пост пред големиот христијански празник Велигден.
СМК очекува полицијата да ги пронајде сторителите и против нив да бидат изречени најстроги казни, со поука заради одвраќање од повторување на дејства од истите или други сторители.
„Неопходна е поширока општествена акција во пресметката со силите кои ги повампируваат нацизмот и фашизмот во Македонија и го враќаат тркалото на историјата од времето на Втората светска војна. Толеранцијата на Македонците и воздржаноста од провокации не претставува слабост и охрабрување за злоупотреба, туку вредност на коегзистенција достојна за почитување! Македонците очекуваат постојана демистификација и најостро санкционирање на лицата и силите кои поттикнуваат и разгоруваат етничка, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост... Македонците не се албанофоби, ниту Албанците во Македонија се граѓани од втор ред. Муслиманите во Македонија не се само Албанци туку и Македонци, Турци, Бошњаци и Роми, Албанците не се само муслимани, туку и православни и католици, и во Македонија и надвор од неа. Исламот не е антимакедонски, како што христијанството не е антиалбанско. Но, за нелуѓе, кои шират омраза и војна, упатуваат закани и поттикнуваат убиства на невини цивили, и уништуваат туѓи животи и имоти, нема место во власта и на слобода! Такви деликвенти не можат да бидат идеолози на исламот и инспирација за Албанците во светот и во Македонија, такви деликвенти не можат да бидат инспирација за власт и демократија во кои граѓаните ќе имаат доверба“, соопшти СМК и предлага преиспитување на територијалната организација на локалната самоуправа во духот на законските решенија од 1996 година.