Е предугачко е за читање, посебно вака потпијанета
Значи, да, жените се движат според ,,како се чувствувам,, - и тоа во моментот.
Ако во моментот ,,почувствувам,, дека треба да легнам со некого, ќе легнам.
Само што, мажите погрешно го разбираат тоа ,,емотивно доживување,,. Кај мажите малце поинаку функционира. Затоа што веднаш ќе речете - еее, така, на секој втор ќе ,,чувствува,,. Не е баш таква ситуацијата. За да една жена биде привлечена од еден маж и да почне да ,,чувствува,, и да знае дека греши, а сепак направи нешто, тој некој, во нејзините очи, треба да вреди многу.
За мажот да ,,почувствува,, доволно е пред него да биде - жена.
На жената, сепак, и се потребни многу повеќе работи.
Во животот само еднаш сум ,,почувствувала,, нешто према некого, а да не можам да си објаснам што е тоа. Не е нешто убав, паметен не е нешто премногу, не е ни па глупав. Не е ни ,,сако привлечност,, , можеби бунтовничка привлечност повеќе. Но тој еден човек, во моите очи бил многу голем, доволно голем за се друго да маркирам како ,,небитно,,.
И тука е моментот каде што женската логика не може да биде ,,разбрана,,.
Да, ако таа почувствува нешто силно према некого, ќе те изневери.
А ќе почувствува, што било према било кој, само ако и е досадно. Или едноставно, ако тој некој има нешто што овој дома нема.
И да, жените изневеруваат од љубов. Не заради секс. Многу поретко е заради секс.
Само ако ти дома заборавиш дека таа е секој ден посебна и најдобра на светот, брзо ќе најде некој што ќе и го овозможи тоа - макар и на еден ден.
И можда нема да сфатиш што сакам да кажам, пробувам да бидам конкретна, не знам колку добро ми оди