- Член од
- 5 мај 2009
- Мислења
- 42
- Поени од реакции
- 16
Ај, пак јас, со малку поинаков пример, но мислам дека местово е погодно за прашањево ми следно
Може ли да постои ваков натпис на работното место? Ќе скратам, но поентата да ја разбереме.
"Паузи да користи секој, од толку до толку, тој го менува овој и така натака...(сега следува интересното)...придржувајте се до редот, за тие што ќе отстапат од ова, следува казна". Придржување до некој ред е ОК, но дали е во ред да има и закана на крајот од ова известување?
Уште еден, малку поригорозен пример. Имено, секоја недела се организираат акции со понуда на намелени цени за одредени производи, па пак стои натпис со следнава содржина:
"Секој да нуди од производите од акцијата и да запишува на ливче што понудил и што продал. Тој што ќе има најмалку продадено на крајот од денот... (следува најинтересното)... останува без дневница за тековниот ден".
Не е ли малку моронски да се смислуваат вакви "високоинтелигентни" начини да се поттикнат работниците да работат? Оти, има примери во светот за тоа како да се поттикнат работниците да работат, но тоа се награди, бонуси и слично, а вакви казни некако повеќе спаѓаат во некои други времиња или места, со малку подиктатурски системи и воопшто поинаков менталитет, а не на запад, по чиј терк, наводно газдиве сакаат да ги водат маркетиве, бидејќи на курсеви и обуки оделе на светски познати синџири на маркети?
Поздрав.