Добар раскин или лош?

  • Креатор на темата Креатор на темата Urban Female
  • Време на започнување Време на започнување
Не ми се верува искрено.... :/

Ја со мојана бивша се слушам од време на време по телефон само и пак би ја легнал кога би се укажала прилика, а не па да е гледавме секој ден.

Кој знае што тој мисли....

Е значи пријател со бивш/а се останува само ради потребата од FuckFriend,заклучивме по тебе и другите како тебе,црна резерва за тешки напнати дни...
 
Минатата врска ми заврши на најмирен начин на цел свет. Си се изгушкавме, си се избацивме и секој по дома. Имаше моменти од типот „Зошто, о зошто?“, но не и кавги. Сега, и покрај некогаш настраданото его, сме многу блиски другари. Си знаеме буквално се’ што ни се случува во животот, вклучувајќи и љубовни проблеми и си делиме совети. Буквално како најдобри другари кои добро се познаваат.
Ne veruvam vo ova:mad:
Po se izgleda tuka nemalo ljubov,moze nekoj kapric,necii inaet da se napakosti nekomu...ili kojzna e sto!!??
 
Ne veruvam vo ova:mad:
Po se izgleda tuka nemalo ljubov,moze nekoj kapric,necii inaet da se napakosti nekomu...ili kojzna e sto!!??

Зошто зборувате глупости? Јас бев повеќе од три години со тој човек. Не одеше повеќе, раскинавме. Ни остана блискоста и почитта што ја имавме претходно. Љубовта со текот на времето исчезна. Ако вие имате расипани умови, не значи дека сите ги имаат.
 
Е значи пријател со бивш/а се останува само ради потребата од FuckFriend,заклучивме по тебе и другите како тебе,црна резерва за тешки напнати дни...
Ја не останав пријател со бившата зашто планирав да имам секс со неа во иднина.
А тоа што би ја легнал во иднина.... Па добро машко сум што очекуваш?

Затоа и викам на AnFem: Што мислиш дека тој исто те гледа како што го гледаш ти него?
 
Не постои нешто као добар или лош раскин, али постои нешто што се нарекува коректно и цивилизирано раскинување. Раскинувањето не може да е фино, освен ако и двајцата не сакаат подеднакво да раскинат, а тоа е обично реткост и случај 1 во милион. Сепак, постои нешто наречено елементарна култура. Седнуваш и едноставно колку и да е тешко, ги објаснуваш своите причини. “Не оди веќе, немам чувства, подобро е да прекинеме..“ има милион зборови кои можат да се употребат. Во првиот момент секако дека ќе биде неудобно, личноста на која и се раскинува може да биде лута, повредена, но со тек на време ќе си легне на брашно и ќе ја прифати реалноста и ако нишо друго коа ќе се видите во град ќе си речете едно “здраво“.
Не е дека сакам да ми раскинуваат, но кога веќе дошло до тоа, сакам кратко и едноставно да ми се каже истото, здравје Боже, не можам со сила да терам некој да е со мене, но, сепак почитта за личноста како таква ќе си остане и кога ќе го видам ќе ми биде драго и краток муабет да си направам. Но, доколку тој не покаже елементарна култура и почит спрема мене како личност при раскинувањето и се служи со педерски потези (не се мисли на сексуална ориентација), тогаш тој човек го отпишувам, го заборавам и него и сите спомени и од тој ден кога ќе го видам, проаѓам покрај него исто како што проаѓам покрај бандери. Ги заобиколувам за да не се акнам од нив.
Се што барам од човекот со кој сум во врска е почит и достоинствено однесување. Ако не сакаш да бидеш со мене - кажи си, возрасни луѓе сме, никому ништо, секој си бара некој кој највеќе ќе му одговара, ако тоа не сум јас, тогаш тоа е тоа. Реалноста е таа и не треба ништо да се форсира. Истото и за мене важи, кога не сакам да сум со некого - му кажувам отворено и во лице. Може ќе собирам храброст 3 недели, но на крајот од денот искрено ќе си кажам дека не сакам да сум со некого, затоа што тоа секој го заслужува.
Не може некој да очекува дека ако се однесува педерски и ако не третира некој како човечко суштество, дека после раскинувањето ќе може да очекува коректен однос, затоа што едноставно не заслужил коректен однос, бидејќи и самиот не бил коректен.
Јас сум секогаш за тоа “секому според заслугите“.
Ако некој не заслужил, го бришам во истиот момент и никогаш повеќе не се вртам назад. Ако бил коректен и јас ќе бидам и повеќе од коректна.
 
Затоа и викам на AnFem: Што мислиш дека тој исто те гледа како што го гледаш ти него?

Да. Затоа што го знам како диши. Исто и тој мене. Тој човек после мене се заљуби уште пет пати. Знам за секоја негова девојка и детално за нивните проблеми. Јас сум му буквално најдобра другарка. Затоа и реков, можеби задните намери палат кај вас, ние не сме такви луѓе.
 
А можеби тој со сите пет бивши останувал најдобар другар и му биле рамо за тешење,којзнае:cautious: тешко бившите нели своите проблеми ги исповедал кај друга бивша, да не си им в кожа :tapp:
 
А можеби тој со сите пет бивши останувал најдобар другар и му биле рамо за тешење,којзнае:cautious: тешко бившите нели своите проблеми ги исповедал кај друга бивша, да не си им в кожа :tapp:

Ќе ви текне ли уште некоја глупост да искоментирате? :pos:
 
Минатата врска ми заврши на најмирен начин на цел свет. Си се изгушкавме, си се избацивме и секој по дома. Имаше моменти од типот „Зошто, о зошто?“, но не и кавги. Сега, и покрај некогаш настраданото его, сме многу блиски другари. Си знаеме буквално се’ што ни се случува во животот, вклучувајќи и љубовни проблеми и си делиме совети. Буквално како најдобри другари кои добро се познаваат.

Најдобри другари сте зошто се надева дека ќе те има во иднина.Никој нема да ти каже во лице дека си му ја скршилa ти лично гордоста и дека сè уште те сака, зошто ако ти каже и самиот дека те сака во погрешно време само ќе си ја зголеми болката бидејќи однапред веќе го знае одговорот.Гледаш, дури и самата пишуваш дека имало работи од типот на „о, зошто, о, зошто“....
 
Ок. Не е така, ама ајде да речеме дека е. Колку години ќе се надеваш? Што треба да се случи за, според тебе, изумре и последната трошка надеж?
 
Ок. Не е така, ама ајде да речеме дека е. Колку години ќе се надеваш? Што треба да се случи за, според тебе, изумре и последната трошка надеж?

Дали ти лично си сигурна дека љубовта е само така „минлива“ работа; дека за две-три години ќе ти се случи чудо и дека ќе воскреснеш од мртвите?Луѓето и убиваат поради таа љубов....
 
Дали ти лично си сигурна дека љубовта е само така „минлива“ работа; дека за две-три години ќе ти се случи чудо и дека ќе воскреснеш од мртвите?Луѓето и убиваат поради таа љубов....

Сигурна сум. Никој не е мазохист. :)
 
Сигурна сум. Никој не е мазохист. :)

Не станува тука збор за мазохизам, за нешто друго станува збор.Очигледно е дека не разбираш, али добро, ако ти сметаш дека е така, тогаш така нека биде, јас не сум сретнал досега таков случај некој да оди со некого во врска и наеднаш после откако ќе прекинат да станат другари како ништо да не било и отпосле да продолжат да функционираат нормално.Јас сметам дека нешто друго е работата, али ти ако мислиш дека сум грешка тогаш тоа е твое мислење, на крај крајава ти го знаеш подобро другар ти.Понатаму нема да расправам зошто е тоа така, од проста причина што ќе се вртиме во круг а второ ќе ти препуштам тоа самата да го искусиш и да дознаеш за што станува збор. :)
 
Јас сум за културен,цивилизиран начин за прекин на врската.Ова не секогаш е возможно,но барем сум се трудел да биде така.Не би сакал кога ќе ја сретнам бившата на улица или во било која ситуација,да сум принуден да го спуштам погледот,да се соочувам со тахикардии и непријатни ситуации.

Инаку,не би можел и не би сакал да бидам во контакт,поготово не да бидам близок другар со некоја со која сум делел тајни,емоции,кревет и слични интимни работи.Тоа го сметам за самоизмачување,а кутрата девојка сигурно би си помислила дека сум на стендбај и дека очекувам нешто.Животот продолжува,нема потреба од живеење со минатото покрај себе.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom