Велигденски јајца

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување
Сакам да пробам со темпери да исшарам вакви јајца
easter-eggs-1.jpg


more-zodiac-easter-eggs.jpg


и со цветчиња и хулахопки вакви :icon_lol:
easter-eggs-5.jpg


Што ќе испадне од моиве замисли ќе видиме сабајле во 4 :vozbud:
 
Ќе може ли некој што е искусен во шарањето на јајцата со салфетка детално да ми објасни како тоа се прави? Може ли да се извапцаат прво јајцата па да се стави шарата од салфетката? Би сакала да знам чекор по чекор како се прави тоа.
http://kindergartenideas-sofia.blogspot.com/2011/04/decoupage.html
 
Еве го моето првенче, денес го направив :) Не е баш најубавото јајце на светот, ама со оглед на тоа дека сум јас антиталент кога треба нешто со раце да се направи, мислам дека е добро.
Утре ќе направам уште :)130412-2109.jpg
 
555631_3706053020066_696210827_n.jpg

Еве ги моите овогодинешни Велигденски јајца :pipi:
Cool@ дај слика од твоите со вратоврска, да видиме како излегле.
 
Македонка, ептен ти се убави!!! :) Уф, пак се фаќам за работа... :)
 
И дадов идеа на мајка ми за јајцата со салветка, но ми кажа дека имаат премногу работа. Таа ги вапца пред изгрејсонце во Четврток, па нема да стаса сите да ги ишара. Ај кога ќе си одам во сабота ќе и помогнам, и ќе постирам сликички. Инаку кај нас стандард веќе 3 години е бојата што се прелева, незнам како да ви објаснам како изгледа, но ќе ви постирам. :)
мислиш со желатинска боја?
 
Абе дечки, се тоа убаво шарени јајца, ама се знае какви јајца треба да се вапцаат за Велигден.
Ако сакате да ја искажете вашата уметничка страна тоа може секој ден од годината да го правите :pipi:
 
Абе дечки, се тоа убаво шарени јајца, ама се знае какви јајца треба да се вапцаат за Велигден.
Ако сакате да ја искажете вашата уметничка страна тоа може секој ден од годината да го правите :pipi:

Aбе ако реално гледаме, самиот чин на вапцање јајца е пагански :)
Не е важно, битно е да се дружиме, и тоа, за празник да се дружиме :)
 
Aбе ако реално гледаме, самиот чин на вапцање јајца е пагански :)
Не е важно, битно е да се дружиме, и тоа, за празник да се дружиме :)
Вапцање јајца пагански чин? Дај не лупетај жити се. Порано се фарбале само јајца во црвена боја која има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем Христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта. Црвената боја ја претставува божјата сила и моќ, а воедно ја симболизира и христовата крв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјата. Така, бојата на јајцето потсетува на крвта Христова и спасението.
Инаку сега се фарбаат јајца во сите бои од помодарство.
 
Ние вапцаме само црвени. Некои со шари, некои без, ама важно да се црвени.
--- надополнето: 14 април 2012 во 23:46 ---

Моите за малку ќе испаднеа вакви, бојата ме зезна малку. Среќа имав оставено на страна без шари. Џабе ги доуништив хулахопките. :pos: Лом ми се рацете од бојата, никако не можам да ја исчистам... :)
 
Кој ќе вапца јајца годинава? Може и за тоа да отвориме тема за гласање па да видиме чии јајца се најубави? :pipi:
 
Како и секоја година така и оваа година ќе се вапцуваат јајца.
Вапцувањето јајца ми претставува задоволство, експериментирање со бои и техники, секоја година нешто ново, нешто поразлично од предходните. Веќе се наоружав со бои, салфети, кристали, светки и 300 чуда
Тема за гласање на најубави велигденски јајца е (y), ќе имаме можност да ‘‘украдеме‘‘ некој предлог:pipi:
 
Кој ќе вапца јајца годинава? Може и за тоа да отвориме тема за гласање па да видиме чии јајца се најубави? :pipi:
Може да се отвори тема за гласање. Таман ќе собирам идеи уште од сега, за еден ден кога ќе станам супер домаќинка и кога ќе почнам да фарбам јајца за празников. И ќе гласам нормално за најубаво велигденско јајце!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom