Охрид ги губи туристите од кои преживува

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
Првата група туристи од Холандија в петок пристига во Охрид

3v21nb3v2b1n32vb1n3v2b1.jpg
Традиционално со лепче и сол и со торта в петок на охридскиот аеродром ќе биде дочекана првата тура холандски туристи што организирано одморот ќе го мине на брегот на Охридското Езеро.
Делегација на Амбасадата на Кралството Холандија предводена од амбасадорката Мариет Шурман, градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески и претставници од Агенцијата за промоција на туризмот ќе бидат дел од свечениот дочек на холандските туристи со кои практично стартува годинешната летна туристичка сезона.
Станува збор за група туристи од земјите на Бенелукс кои во Охрид и Струга ќе допатуваат преку аранжманите на тур-операторот „ТУИ – Аркефлај“, со посебен чартер лет.
Туроператорот „ТУИ – Аркефлај“ заедно со „Корендон“ се агенциите кои веќе трета година ја нудат Македонија како дестинација на своите летни туристички понуди.
Кога станува збор за летната сезона 2013, „ТУИ Аркефлај“ е предвидено од 10 мај да реализира по два лета седмично во понеделник и петок со последниот лет предвиден за 4 октомври, додека „Корендон“ ќе оперира со три чартер-лета седмично, во периодот од 7 мај заклучно со 13 октомври.
„ТУИ“ продава и определен број авиобилети и на редовната авионска линија Брисел – Охрид на авиокомпанијата „Џет-ер“, која во летниот период лета двапати седмично во вторник и недела, и тоа од 12 мај до 17 септември.
За ова лето двете агенции имаат зацртано реализација на вкупно 114 чартер-лета за Охрид, со превезени некаде околу 20 илјади туристи.
Според последните информации од претставништвата на двата тур-оператори, како и на нивните македонски партнери, досега за летување во Македонија тур-операторот „ТУИ“ има продадено 2.500 аранжмани, додека „Корендон“ има продадено повеќе од 5.600 аранжмани за престој на туристи со 7, 9, 10 и повеќе ноќевања.
Минатата година во Македонија се одмарале вкупно 27.120 холандски туристи, што претставува 7,6 отсто од вкупниот број странски гости во земјата, воедно најголем број туристи и посетители од странска држава. Минатата туристичка сезона холандските туристи оствариле вкупно 145.280 ноќевања или 17,9 проценти од вкупниот број реализирани ноќевања.



Отстранети паркинг- рампите во центарот на градот
banana.gif
btn_textsize_sm.gif
icon_at_textsize.gif
btn_textsize_lg.gif
Екипи при локалната самоуправа утрово ги отстранија поставените рампи кои го спречуваа нормалното функционирање на сообраќајот во овој дел од градот.

Како што претходно најави Градоначалникот Бакрачески, просторот за паркирање во центарот на градот и околните улици ќе биде слободен за движење, а Договорот за закуп на паркинг просторот ќе биде раскинат, затоа што е штетен за општина Охрид и граѓаните.
op%201.jpg


op%202.jpg


- Со ова се реализира првиот сегмент од ветувањето на Градоначалникот Бакрачески за елиминирање на сите затекнати дубиози во функционирањето на локалната самоуправа. Компромис нема да има со никого, кога се работи за спроведување на законот и штитење на интересите на граѓаните на Охрид, велат од локалната самоуправа.

Оттаму информираат дека во текот на утрешниот ден, ќе бидат преземени градежни зафати за отстранување и на бетонираните пречки на кои беа поставени паркинг - апаратите.
op%203.jpg


- Давањето на управување на паркинг-просторот на приватен субјект за локалната самоуправа претставува штетен договор, донесен под сомнителни околности, во една нетранспарентна постапка и истиот претставува акт на нарушување на интересите на општина Охрид и нејзините граѓани. Затоа, општина Охрид ќе ги преземе сите законски средства да го раскине овој штетен договор, додаваат од локалната самоуправа.

op%204.jpg


Потенцираат дека локалната самоуправа останува на ставот дека за сите лица инволвирани во потпишувањето на договорот кои со своите постапки свесно направиле злоупотреба на својата позиција, правејќи штета по имотот и угледот на општина Охрид, ќе се бара нивно санкционирање.

OhridNews

25.04.2013 10:41

Прочитана е : 2910 пати


© 2013 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
 
Ај ваљда новиов градоначалник ќе ги спастри малце,ако ништо друго бар нема граници да ставаат.
 
Баш бев прошлиов викенд и не се изненадив воопшто, сељачаана и некултура до јаја.
А Охриѓани се помалце. Штета.
 
Рудници и; мене Охриѓани ми кажаа дека ги одстраниле рампите, но наредниот ден без рампи се си било по старо, барале повторно наплата. Ти од терен што викаш?
 
Рудници и; мене Охриѓани ми кажаа дека ги одстраниле рампите, но наредниот ден без рампи се си било по старо, барале повторно наплата. Ти од терен што викаш?
Рампите се дефинитивно тргнати.(y)јавуванје дирекно од терен:D
 
Благодариме Сијка Пиштолова :D
Дали се наплаќа без рампи ми е прашањето?
Сијка Пиштолова мојт вода да ми носит во шише од 5 кила:cool:.Сага за сега не се наплаќат од налето ќе видиме:).
 
Сијка Пиштолова мојт вода да ми носит во шише од 5 кила:cool:.Сага за сега не се наплаќат од налето ќе видиме:).
не сум баш сигурен, вчера вечер ги видов дечките распоредени низ паркинзите со апарати за фискални, така да моја претпоставка е дека сеуште наплајкаат за паркинг.
 
За коли со ОН регистарски таблички НЕ се наплаќа паркинг, за сите останати можно е да ви се појави некој ‘‘чичко‘‘ со фискално апаратче и да ви побара наплата.
Како информирани Кајганџии отерајте го упм и кажете му дека паркингот НЕ се наплаќа:icon_mrgr:
Ова е за сега, на лето гарант ќе се наплаќа, мора да се полни касата(n)
 
Рудници и; мене Охриѓани ми кажаа дека ги одстраниле рампите, но наредниот ден без рампи се си било по старо, барале повторно наплата. Ти од терен што викаш?

НемаТ рампи, последна информација од терен од пред 40 минути :D Засега е така, ама огромни притисоци имало кај Бакрачески за паркинзите да останат по старо, нормално со нов ‘газда‘.
За патници со кола се тие битни информации, за патници со автобус или дистрибуција, преку Дебар (се патувало 3:45 - 4 сати) или Битола (5) :unsure:


Поради оштетeн мост автобусите на „Галеб“ за Скопје наместо „виа“ Кичево ќе сообраќаат преку Дебар
btn_textsize_sm.gif
icon_at_textsize.gif
btn_textsize_lg.gif
galerija3.jpg
Поради оштетување на мост на планинскиот премин Стража и воведената забрана за движење на возила потешки од 7,5 тони, ќе дојде до промена во маршутата на автобусите на најголемиот авто превозник во регионот А.Д.„Галеб“ кои сообраќаат за Скопје. Од „Галеб„ информираат дека го задржуваат редовниот возен ред и линии кон и од главниот град, но наместо преку Кичево, автобусите ќе сообраќаат преку Дебар од страната на Струга.


Поради изнудената промена, патувањето од Охрид до Скопје со автобус се очекува да се пролонгира од 20 минути до половина час, велат од „Галеб“.

Според најавите, оштетувањето на мостот на Стража се очекува да биде санирано за десетина дена, период во кој автобусите на „Галеб“ за Скопје ќе сообраќаат по алтернативен пат, односно преку Дебар. За секоја промена, јавноста навремено ќе биде информирана, додаваат од „Галеб“.

Како што веќе информиравме, патот од Стража кон Гостивар и обратно, попладнево е затворен за сообраќај за товарни возила, чија тежина надминува седум и пол тони.

Од „Македонија пат“ информират дека причина за затворање на патот е оштетување на мостот во близина на селото Церово.

OhridNews

25.04.2013 22:05

Прочитана е : 2879 пати


© 2013 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
 
Според најавите, оштетувањето на мостот на Стража се очекува да биде санирано за десетина дена,
да не ти се верува дека ќе е за 10 дена ... исто како патот Охрид Ресен кој се поправаше една година (се возеше по стариот пат ...
--- надополнето: 28 април 2013 во 09:12 ---
НемаТ рампи, последна информација од терен од пред 40 минути :D Засега е така, ама огромни притисоци имало кај Бакрачески за паркинзите да останат по старо, нормално со нов ‘газда‘.

а стариот газда немојт да тужит и да добиет, ако имат договор?
 
да не ти се верува дека ќе е за 10 дена ... исто како патот Охрид Ресен кој се поправаше една година (се возеше по стариот пат ...


Како ам, алтернативна медицина, знајш ти колку луѓе камен во бубрези излечија ...еее...


а стариот газда немојт да тужит и да добиет, ако имат договор?
Тешко некако, не е само еден газда со документи или без.Битно не вервам да ги добијат назад, ама можат да добијат други за летово.


Иначе продолжи акцијата Oстваруваме (y)

ХОТАМ: Поради неисплатени субвенции годинава ќе има помалку гости од Бенелукс
btn_textsize_sm.gif
icon_at_textsize.gif
btn_textsize_lg.gif
На охридската ривиера оваа година ќе одмараат десетина илјади туристи помалку од земјите на Бенелукс, а наместо предвидените 12, на аеродромот „Св. Апостол Павле“ неделно ќе се реализираат 5 чартер летови неделно, информираат од ХОТАМ. Како причина за значително намалениот број на гости од Холандија и Белгија, од ХОТАМ го наведуваат повеќе месечното доцнење на исплатата на државните субвенции за реализираните аранжмани во 2012 година на туроператорите, за што е задолжена Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот.

doc1_0_1.jpg


doc2_0.jpg


-Оваа година според најавите на трите партнери од земјите на Бенелукс, кои две години го работат овој пазар, имаше најава за пристигнување на 30 илјади туристи од Холандија и Белгија, но за жал ќе пристигнат можеби околу 20 илјади. Тоа е последица на ненавремено исплаќање на субвенциите на туроператорите од странство. Иако барањата се доставени уредно до сега се обработени и ипсратени решенија само за мај, јуни и јули 2012, а за останатите три месеци, август, септември и октомври, ни решенија за исплата не се испратени до туроператорите.-изјави Дончо Танески, претседател на ХОТАМ.

donco_0.jpg


Од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, која е задолжена за исплата на субвенциите, објаснуваат дека поради одредени административни процедури, наместо овој месец, како што првично било предвидено, туроператорите ќе ги добијат средствата за донесените странски туристи во 2012, по велигденските празници.

-Субвенциите за 2011 беа исплатени крај на јуни, а за 2012 ќе бидат исплатени во првите денови од мај. Нема логика да кажува некој дека доцниме. Вкупно ќе бидат исплатени субвенции некаде милион и 50 илјади евра цирка.-изјави Јордан Трајков, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

trajkov_0.jpg


Трајков смета дека институцијата со која тој раководи е мета на напади на претседателот на ХОТАМ, бидејќи одбила на агенција блиска на него да исплати субвенции кои немало основ да бидат пресметани.

-Конкретно во нивните барања за субвенции има и барања за деца за кои не се плаќа, како и барања за лица кои не се туристи, односно за обични патници кои доаѓаат со чартер авионите.-истакна Трајков.

holangani1_0.jpg


Танески, пак, тврди дека простор за манипулација со субвенциите нема затоа што тие се исплаќаат врз основа на 13 прописи пропишани од државата, посочувајќи дека средствата не легнуваат на сметка на домашните хотели и агенции, туку кај туроператорите кои ги носат странските гости.

-Не е само листата на документи, туку мора сите меѓусебни плаќања да бидат завршени. Исто така многу важно е тоа што составен дел од постапката се авионските листи, како и листите за прием на гости во хотелите кои мора да се совпаднат со авионските листи, исто така и издадените фактури за истите гости, плаќањето на истите, но и потврда од ТАВ аеродроми дека се подмирени трошоците за аеродромски услуги и дека летовите се реализирани. Јас мислам дека простор за манипулација со ваква обемна документација нема.-вели Танески.

dok3_0.jpg


Согласно закон, субвенции се исплаќаат на секој туроператор или агенција, кои се организатори на патување, односно изготвиле програма, ги продале аранжманите и кои донеле гости во Македонија каде тие оствариле најмалку три ноќевања со појадок. Субвенцијата за земјите во Бенелукс изнесува 65 евра по турист.

Г.М.




28.04.2013 00:20​

Прочитана е : 1359 пати​



© 2013 Ohridnews.com. Сите права се задржани.​
 
Да,нема паркинг во градот кој што не се наплаќа,освен тој кај ресторан Европа
 
Вчера и денеска не ми наплаќаа пред Охридска и спроти, пред План Б и кај пошчана до таксистине :confused: Дан имат пак некој празничен попус‘?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom