Рудници и
ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
- Член од
- 9 декември 2009
- Мислења
- 12.162
- Поени од реакции
- 18.203
Првата група туристи од Холандија в петок пристига во Охрид
Традиционално со лепче и сол и со торта в петок на охридскиот аеродром ќе биде дочекана првата тура холандски туристи што организирано одморот ќе го мине на брегот на Охридското Езеро.
Делегација на Амбасадата на Кралството Холандија предводена од амбасадорката Мариет Шурман, градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески и претставници од Агенцијата за промоција на туризмот ќе бидат дел од свечениот дочек на холандските туристи со кои практично стартува годинешната летна туристичка сезона.
Станува збор за група туристи од земјите на Бенелукс кои во Охрид и Струга ќе допатуваат преку аранжманите на тур-операторот „ТУИ – Аркефлај“, со посебен чартер лет.
Туроператорот „ТУИ – Аркефлај“ заедно со „Корендон“ се агенциите кои веќе трета година ја нудат Македонија како дестинација на своите летни туристички понуди.
Кога станува збор за летната сезона 2013, „ТУИ Аркефлај“ е предвидено од 10 мај да реализира по два лета седмично во понеделник и петок со последниот лет предвиден за 4 октомври, додека „Корендон“ ќе оперира со три чартер-лета седмично, во периодот од 7 мај заклучно со 13 октомври.
„ТУИ“ продава и определен број авиобилети и на редовната авионска линија Брисел – Охрид на авиокомпанијата „Џет-ер“, која во летниот период лета двапати седмично во вторник и недела, и тоа од 12 мај до 17 септември.
За ова лето двете агенции имаат зацртано реализација на вкупно 114 чартер-лета за Охрид, со превезени некаде околу 20 илјади туристи.
Според последните информации од претставништвата на двата тур-оператори, како и на нивните македонски партнери, досега за летување во Македонија тур-операторот „ТУИ“ има продадено 2.500 аранжмани, додека „Корендон“ има продадено повеќе од 5.600 аранжмани за престој на туристи со 7, 9, 10 и повеќе ноќевања.
Минатата година во Македонија се одмарале вкупно 27.120 холандски туристи, што претставува 7,6 отсто од вкупниот број странски гости во земјата, воедно најголем број туристи и посетители од странска држава. Минатата туристичка сезона холандските туристи оствариле вкупно 145.280 ноќевања или 17,9 проценти од вкупниот број реализирани ноќевања.
Отстранети паркинг- рампите во центарот на градот
Екипи при локалната самоуправа утрово ги отстранија поставените рампи кои го спречуваа нормалното функционирање на сообраќајот во овој дел од градот.
Како што претходно најави Градоначалникот Бакрачески, просторот за паркирање во центарот на градот и околните улици ќе биде слободен за движење, а Договорот за закуп на паркинг просторот ќе биде раскинат, затоа што е штетен за општина Охрид и граѓаните.
- Со ова се реализира првиот сегмент од ветувањето на Градоначалникот Бакрачески за елиминирање на сите затекнати дубиози во функционирањето на локалната самоуправа. Компромис нема да има со никого, кога се работи за спроведување на законот и штитење на интересите на граѓаните на Охрид, велат од локалната самоуправа.
Оттаму информираат дека во текот на утрешниот ден, ќе бидат преземени градежни зафати за отстранување и на бетонираните пречки на кои беа поставени паркинг - апаратите.
- Давањето на управување на паркинг-просторот на приватен субјект за локалната самоуправа претставува штетен договор, донесен под сомнителни околности, во една нетранспарентна постапка и истиот претставува акт на нарушување на интересите на општина Охрид и нејзините граѓани. Затоа, општина Охрид ќе ги преземе сите законски средства да го раскине овој штетен договор, додаваат од локалната самоуправа.
Потенцираат дека локалната самоуправа останува на ставот дека за сите лица инволвирани во потпишувањето на договорот кои со своите постапки свесно направиле злоупотреба на својата позиција, правејќи штета по имотот и угледот на општина Охрид, ќе се бара нивно санкционирање.
OhridNews

25.04.2013 10:41
Прочитана е : 2910 пати
© 2013 Ohridnews.com. Сите права се задржани.