- Член од
- 5 септември 2007
- Мислења
- 3.848
- Поени од реакции
- 960
Како може да бидат тие сигурни извори кога сите книги се од 18-20 век, а богомилите живееле во 10ти век? Значи тоа не се „извори“, а уште помалку па „сигурни“ туку обични книги препорачани од едиторот на текстот за некој што се интересира за богомилите да има кај да прочита за нив.Не е тоа доказ затоа што селективно бираш дел кој јасно нагласува: "Possible source texts for Bogomil doctrine include..."
Значи "Можни", но подолу се јасно наведени сигурни извори кој ти ги постирав и предходно:
И не бирам селективно, туку едноставно тој е „изворот“ за текстот што ти го приложи. Фуснотата бр. 17 стои над текстот и е приложена како извор. Сакал нејќел, морав тој извор да го проверувам и многу лесно дојдов до дискредитирање на самиот извор.
По ништо. Ѓаволот од секогаш имал слуги кои во „име Божјо“ убивале луѓе. Тоа го правел и преку неверните, и преку многубошците, и преку католиците, и преку православните, и преку радикалните исламисти. Исус ги предупреди Своите ученици за тоа..P.S. Сепак не ми беше толку битнa веродостојноста на деталите за богомилското верување, поентата е оваа:
По што се разликува ова размислување од она на радикален исламист кој е спремен да каменува, сече глави, да беси и да прогонува "неверници"?!
„Ќе ве истеруваат од синагогите; а ќе дојде час, кога секој, што ќе ве убие, ќе мисли дека Му служи на Бога (како што мислеле православните кога ги убиваме богомилите). А тоа ќе го прават затоа што не Го запознаа Мојот Татко, ниту Мене.“ (Исус, ев. Јован 16:2, Библијата)
И не е битно што верувале богомилите. Дури и да верувале погрешно (сигурно не верувале попогрешно од православните), Христос никаде не им заповеда на Своите следбеници да ги убиваат неверниците или оние кои поинаку веруваат од нив.
За жал некои од православните светци уривале „незнабожечки храмови“. Тоа го сметаат за херојско или богоугодно дело.